Шест лица под истрага за трговија со луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
trgovija-so-deca

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе. Имено, предметот беше оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“, по што истиот е препратен на надлежност во ова обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело Трговија со луѓе.

— реклама —

Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20.11.2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги. Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.

— реклама —

Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи определување на мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.

— реклама —

За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ci4vlv47sf3fGDmWWq

(Видео) Турскиот државјанин го призна убиството во центарот на Штип: пукал оти се бранел, не го планирал ама шетал со оружје без дозвола

Македонија | пред 1 месец

media-librarygh60gmt9ar5daHAJ3Jt

Илија Панов – Јапан осуден на 16 години затвор за убиството на Сузана во Кавадарци

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Нино Васев бара да излезе од притвор, не можел таму да подготвува како ќе се брани пред суд

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања