Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Илија Панов – Јапан осуден на 16 години затвор за убиството на Сузана во Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarygh60gmt9ar5daHAJ3Jt

Илија Панов, познат под прекарот Јапан, е осуден на 16 години затвор за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана – фемицид што ја потресе македонската јавност.

— реклама —

Злосторството се случило меѓу 20 и 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Сузана лежела во спалната соба, зад вратата, а просторот бил целосно разфрлан – траги кои покажувале дека претходела брутална семејна расправија.

Трагичниот момент го открила нејзината ќерка, која, откако мајка ѝ не одговарала на телефонски повици, решила да дојде во станот. Таму наишла на хорор-сцена која го покрена целиот град.

— реклама —

Жителите на Кавадарци зборуваа дека Сузана имала тежок живот, исполнет со социјални и здравствени предизвици, додека за Илија Панов истакнуваа дека долги години се борел со зависност од дрога и проблематично однесување.

— реклама —

Како што соопшти обвинителството, Панов при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата партнерка. Обвинителниот акт утврдил дека тој, свесен за своите постапки, насилно ѝ го затворил носот и устата, предизвикувајќи механичко задушување. Обдукцијата ги потврдила овие наоди. ДНК траги беа најдени под ноктите на жртвата, а кај Панов беше констатирано дека во исказите има висок степен на лага. Тој се обидуваше да создаде алиби дека не ја убил жртвата, односно дека не бил во домот во критичниот момент.

За делото што го сторил – убиство извршено при семејно насилство – законот предвидува максимална казна доживотен затвор. Сепак, судот денеска му изрече казна затвор од 16 години.

— реклама —

Овој случај останува едно од најстрашните убиства од почетокот на годината и повторно ја отвора дебатата за институционалната заштита на жртвите од семејно насилство, како и за механизмите кои треба да ги спречат сторителите – особено оние кои се познати по насилно или зависничко однесување – да ги загрозат животите на најблиските.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora-apsenje

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров: Четворицата осомничени можат да добијат и доживотен затвор

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 месец

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања