Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Нино Васев бара да излезе од притвор, не можел таму да подготвува како ќе се брани пред суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryvguvavm0h61idIMe95y
Скопје1.мк

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, преку своите бранители поднесе барање до Основниот кривичен суд Скопје да му биде укинат притворот и да му се дозволи да се брани од куќен притвор или од слобода без пасош, со образложение дека двата предмети против него се обемни и дека условите во затвор не дозволуваат соодветна подготовка на одбраната.

— реклама —

„Вака од притвор, со вакви два предмети, му се загрозува правото на одбрана на човекот. Судот не ни дозволува доволна комуникација. Денеска побаравме посебни услови, бидејќи не можам да работам само три часа таму – треба да ни дадат просторија за работа, дури и да спиеме таму, бидејќи случајот е исклучително обемен. Самите гледате, тоа е како да работите на десет предмети одеднаш,“ изјави адвокатот Бобир Спирковски, еден од бранителите на Васев.

Во текот на денешното рочиште беше продолжено сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и вработена во аптеката на Клиниката за онкологија, која потврди дека за време на директорскиот мандат на Васев, тој се потпишувал на документи за испорака на лекови преку т.н. условен буџет, односно пред завршување на јавните набавки.

— реклама —

„Кога се правеа набавки на реверс, тоа значеше дека јавната набавка сè уште не е завршена. Во тие случаи не постои договорен број ниту потврда од Министерството. Да, тоа е точно,“ рече сведокот на прашање од обвинителката.

Друг сведок, шалтерска работничка, потврди дека потписот на Васев стоел на сите извештаи за лекови од условниот буџет.

„Дали се одобруваше терапијата од директорот? Па, претпоставувам дека ја одобрувал. Јас работам на Одделот за дојка и на секој извештај имаше потпис од доктор Нино Васев,“ изјави сведокот, додавајќи дека одобрувањата на терапиите се правеле на стручни колегиуми секој втор четврток, каде присуствувале сите шефови на оддели.

Адвокатот Спирковски оцени дека овие сведочења само потврдуваат дека Клиниката работела според закон, дури и во услови кога биле правени набавки на реверс, бидејќи се работело за итни случаи и терапија за најтешко болните пациенти.

„За мене не е релевантно дали се давале лекови или не – важно е дали тие набавки биле законски или не. Сè друго е ирелевантно,“ изјави Спирковски.

На почетокот на денешното рочиште, Судот информираше дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не се согласил со барањето за смена на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, која го застапува обвинението, оценувајќи дека таа ја извршува својата работа професионално, стручно и во согласност со законот.

Во предметот за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија, освен Васев, обвинет е и организацискиот директор Нехат Нухи. И двајцата се наоѓаат во притвор во затворот „Шутка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 6 дена

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 1 седмица

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Македонија | пред 1 седмица

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања