Промени тема
Контакт

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти на Клиниката за онкологија реагираат дека подолг период недостигаат повеќе терапии, а дел од нив велат дека со недели чекаат информација кога лековите повторно ќе бидат достапни.

До „Скопје1“ се обратија пациенти кои тврдат дека во моментов недостигаат најмалку четири препарати – „рибоциклиб“, „фулвестрант“, „капецитабин“ и „пазопаниб“.

Една пациентка посочува дека недостатокот трае повеќе месеци и дека онколошките пациенти се оставени во неизвесност.

„Повеќе од пет терапии сигурно недостигаат веќе подолго време, повеќе месеци. Наводно по 1 септември, но тоа е долг период онколошки пациент да не прима терапија“, вели таа во порака до „Скопје1“.

— реклама —

Друга пациентка побара од редакцијата да се обрати до Клиниката и Министерството за здравство конкретно за „капецитабин“, терапија што ја користат и пациенти со рак на дебелото црево.

„Минатата недела немаше, ни рекоа оваа недела ќе ни се јават и ништо. Бевме денес и ни рекоа дека најверојатно од следна недела. И така неделите си поминуваат, а најзагрозените си чекаат и никој не одговара“, наведува пациентката.

Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека испораката на препарати доцни, но вели дека причината е ненавремената испорака од дистрибутерите.

— реклама —

„Испораката на сите наведени препарати доцни поради ненавремена испорака од страна на дистрибутерите“, вели директорот.

Според него, „капецитабин“ се очекува да пристигне утре, додека „рибоциклиб“, „фулвестрант“ и „пазопаниб“ треба да бидат доставени во текот на следната недела.

— реклама —

„Клиниката навремено ги изврши нарачките, а до дистрибутерите е испратено соодветно укажување во врска со доцнењето и можните последици од ненавремената испорака“, додава директорот.

Реакциите на пациентите, сепак, покажуваат дека за нив најголем проблем останува периодот без терапија и неизвесноста околу тоа кога точно ќе можат повторно да ја примаат пропишаната терапија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
2_99

„Онколошките пациенти чекаат со месеци за резултати и терапија, системот ги остава сами“, Стојчевска со критики за состојбата на Онкологија

Македонија | пред 1 месец

2_99

Директорот на Онкологија потврди: Има привремен недостиг на дел од терапиите, причината е доцнење во испораките

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

„Ни рекоа дека лековите ќе стигнат за неколку недели“ – пациенти реагираат за недостиг на терапија на Онкологија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања