Промени тема
Контакт

Пристигнаа „Phesgo“ и „Goserelin“ на Онкологија, пациентите со одложена терапија ќе добијат повик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
onkologija-4142

Терапиите „Phesgo“ и „Goserelin“ пристигнале на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје и повторно се достапни за пациентите кај кои постои медицинска индикација за нивна примена, соопштија од здравствената установа.

— реклама —

Од Клиниката информираат дека пациентите на кои им било одложено примањето на терапијата ќе бидат телефонски контактирани за да им се закаже нов термин.

„Ја известуваме јавноста дека терапијата Phesgo и Goserelin е пристигната и е достапна за пациентите кај кои постои медицинска индикација“, соопштија од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

— реклама —

Според објавеното известување, обезбедувањето на овие лекови е дел од активностите за навремен пристап до неопходната терапија и одржување на континуитетот во лекувањето на пациентите.

— реклама —

„Надлежните институции и ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија остануваат посветени на навремено постапување согласно потребите на пациентите и медицинските протоколи“, наведуваат од Клиниката.

Од здравствената установа не прецизираат колку пациенти чекале на терапијата, колку долго било одложено нејзиното примање, ниту колкави количини од двата лека се обезбедени.

Засега не е соопштено ниту дали пристигнатите количини ќе бидат доволни за непречено лекување на сите пациенти во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 2 месеци

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања