„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU
Скопје1.мк

Резултатите од психијатриските вештачења во случајот „Штекли“ покажаа дека обвинетиот Раде Трајковски – Штекли е во добра психичка состојба и е способен да ја следи судската постапка, иако кај него се забележани одредени шизотипни и дисоцијални црти, кои не се доволни за дијагноза на психичко растројство. Ова денеска го потврди докторката Оливера Поповска, невропсихијатар од Психијатриската болница во Бардовци, која сведочеше во Основниот кривичен суд – Скопје на барање на одбраната на обвинетиот.

— реклама —

Поповска пред Судот изјави дека околу 15 дена пред вештачењето, обвинетиот ѝ предал писмо што го напишал претходно, во кое оставил „аманет“ на неговата мајка – да му ги закопа коските во дворот од семејната куќа. Во писмото, според сведочењето, Штекли напишал и дека „има змии во главата“. Сепак, и покрај ваквите наводи и присуството на т.н. „магиско мислење“, вештакот оцени дека тоа не претставува показател за халуцинации и дека обвинетиот е во стабилна психичка состојба.

Во своето сведочење, Поповска истакна дека халуцинациите што ги споменувал обвинетиот „не се реални“, туку имагинарни – од измислен „учител“ до тврдења дека го следи албанската мафија. Таа посочи дека во разговорот што го водела со него почувствувала носталгија по неговиот стар животен стил, спомнувајќи дека зборувал за патувања во Дубаи, тренинзи во теретана и дружење со пријатели.

— реклама —

Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења – и на одбраната и на Обвинителството, по што ќе донесе одлука на следното рочиште, закажано за 13 октомври 2025 година. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.

Одбраната преку своите вештаци тврди дека Штекли е психотичен и не е способен да ја следи расправата, додека Обвинителството инсистира дека обвинетиот е во добра здравствена состојба и може активно да учествува во постапката.

Бранителот, адвокатот Сашко Дуковски, реагираше остро на наодите, оценувајќи дека тие се недозволени докази, бидејќи, според него, Обвинителството немало овластување самостојно да наредува нови вештачења без одобрение од Судечкиот совет, што е спротивно на член 246 од Законот за кривична постапка.

По сослушувањето, судијата Илија Трпков најави дека Судот дополнително ќе ги анализира сите извештаи и дека одлуката дали ќе има ново вештачење ќе биде донесена на следното рочиште.

Случајот „Штекли“ се однесува на организирана група обвинета за трговија со дрога, опфатена со 10 лица, по повеќемесечна истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал. Првично, во предметот биле вклучени 16 лица, од кои седум признале вина и добиле затворски казни од три до три и пол години, а четворица подоцна поднеле предлог за признавање вина, по што нивната постапка била раздвоена.

Според обвинението, групата делувала со јасно дефинирана структура – од набавка до продажба на кокаин и марихуана, користејќи ја апликацијата Snapchat за комуникација. Клучните докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Македонија | пред 2 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Македонија | пред 3 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 4 месеци

rade-stekli

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања