„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

На денешното судско рочиште, првообвинетиот за случајот за недозволена трговија со дрога Раде Трајковски Штекли, наводно не го разбира обвинението што му се става на товар.

— реклама —

Сите останати обвинети пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.

Прашан дали се чувствува виновен за делото што му се става на товар, Трајковски, пред Судот рече дека не го разбира.

— реклама —

– Не го разбирам, рече Трајковски.

Останатите обвинети Петар Златановски, Стефан Китанов, Александар Вучевски, Стојан Иванов и Филип Таневски пред Судот рекоа дека го разбираат делото и дека не се чувствуваат за виновни.

Јавната обвинителка Верица Бержетска Крстевска, во воведен збор рече дека групата била добро организирана и вршела набавка, транспорт и продажба преку синџир на посредници, контролиран од Штекли.

Раде Трајковски Штекли се јавува како организатор и координатор на криминалната група, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници, кои ја договара првичната набавка на кокаин, комуницира со неколку обвинети и осомничени и на истите им дава насока и упатство за проширување на мрежа. При претрес на домот и возилото, и комуникацијата од мобилниот уред се пронајдени бројни докази кои го потврдуваат неговото раководно и централно однесување во набавката на дрога. Со сите предложени докази Обвинителството ќе докаже дека обвинетите се виновни за кривичните дела, односно дека сториле неовластено производство и пуштање во промет на недозволено дроги, рече Крстевска.

Одбраната на Штекли, адвокат Сашко Дуковски, во воведен збор рече дека ќе докаже дека Раде Трајковски не формирал, ниту се здружил со група за недозволена трговија со дрога.

Трајковски ниту организирал група, ниту се здружил со некого, ниту давал некакви наредби. Обвинителството се повикува на некакви докази обезбедени со ПИ мерки, но во нив нема ниту еден за тоа дека Штекли давал било какви инструкции за овие лица. Прашање е дали некој постапувал по наредба на првообвинетиот или тоа се склоп на дејствија. Тука се поставува и прашањето за надлежноста на ОЈО ГОКК по предметот, изјави Дуковски.

Следното рочиште е на 15 октомври и продолжува со изведување докази предложени од Обвинителството.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 3 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Македонија | пред 3 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 4 месеци

rade-stekli

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања