Промени тема
Контакт

(Видео) Турскиот државјанин го призна убиството во центарот на Штип: пукал оти се бранел, не го планирал ама шетал со оружје без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library2ci4vlv47sf3fGDmWWq

Кадир Кара го призна убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир, кое беше извршено на 8 мај годинава во кафе-бар на градскиот плоштад во Штип. На денешното судско рочиште, обвинетиот пред судот изјави дека убиството не било однапред планирано и дека на средбата во кафулето дошол со намера да разговара со жртвата.

Под силно полициско обезбедување, денеска продолжи судењето против 21-годишниот турски државјанин, обвинет за убиство со умисла. По изведувањето на доказите од страна на обвинителството и распитот на сведоци, Кара ја призна вината, но тврдеше дека дејствувал во самоодбрана.

— реклама —

Според неговото сведочење, откако пристигнал во кафулето во центарот на Штип, забележал дека околу жртвата имало уште седум лица, блиски до сега убиениот. Во тој момент, како што изјави, почувствувал дека му се подготвува заседа, по што реагирал и го сторил убиството.

Освен Кара, на обвинителна клупа седнаа уште четири лица, кои се товарат за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинението, сите инволвирани се товарат дека на 8 мај извршиле дрско и организирано убиство со логистичка поддршка, во јавен објект во центарот на градот.

— реклама —

Обвинетиот за убиството престојувал нелегално во земјава, а оружјето со кое го извршил делото го поседувал без дозвола. Тој претходно бил осудуван и во Турција за слични кривични дела. Двајца од обвинетите за помагање, исто така, имаат пресуди во Турција, додека во Македонија се претставувале со лажен идентитет.

Судскиот процес продолжува со изведување на дополнителни докази и сослушување на останатите обвинети и сведоци. Дел од сведоците, поради безбедносни причини, побарале да сведочат без присуство на обвинетите во судницата.

— реклама —

СНИМКА ОД ПУКАЊЕТО:

— реклама —

Снимка од бегањето:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања