ТАЛАТ ЏАФЕРИ

20230521153725

(ФОТО) Џафери се пожали оти не му бил тапациран столот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во прилог во вестите на Канал 5 се пожали дека канцеларискиот стол од неговиот кабинет е оштетен и дека треба да се тапацира.- Треба ли да се тапацира?...Треба..., рече Џафери и рече дека таквите реквизити „треба да се вратат од каде што се должат“Со тоа собранискиот спикер сакаше да покаже дека ги има истите проблеми со МАНУ, Врховниот суд, Македонски народен театар, бибилиотека Свети Климент Охридски и други институции чие одржување е запуштено.

Македонија | пред 2 години

talat-dzaferi33

Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДС врска немаат со Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Се потврди дека антимакедонската СДС има уплав од соочување со народот. Се потврди дека заедно со Талат Џафери ќе направат се за да го избегнат референдумот на кој народот ќе каже што мисли за штетниот договор со Бугарија.Знае антимакедонската СДС дека народот во огромно мнозинство е против изворот на асимилаторската и негаторска политика насочена кон Македонија, па заедно со Талат Џафери се претворија во уставни судии и самоволно одлучија да го толкуваат и газат Уставот. Прават се само за да не го слушнат народот и да му ја спасат кариерата на Ковачевски. Но во очајот и нервозата уште повеќе се заплеткаа.Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Ова референдумско прашање не го менува Договорот, туку се спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.Очигледен е стравот на власта предводена од Ковачевски. Со ваквиот кукавички потег тоа само го потврдија. Може да бегаат, но нема да избегаат од народната казна. Народот никој не го поразил. Од народната казна никој не се спасил, па ни антимакедонската СДС, ни Ковачевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев го испрати Џафери во затвор

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека Џафери направил грешка при одбивањето на иницијативата за референдумот.„КАДЕ ИСПОГРЕШИ НЕУКИОТ СИЛЕЏИЈА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРИ ОДБИВАЊЕТО НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ?1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива - преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“... “, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

talat-dzaferi

Во четврток ќе се одлучува дали Џафери ќе го станат од претседателското столче

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на која ќе се расправа. Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа фукција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-ohrid-2

ЕУ треба да одговори на прашањето „Каде оди Европа денес?“, вели Џафери

Ви благодарам на можноста да на овој Форум бидам еден од говорниците како претседател на Собранието. Ги поздравувам сите учесници во мое лично име и во име на пратениците, нормално како поранешно воено лице кое ги доживеало физички и практички дисолуцијата и распадот на СФРЈ, и како лице кое практично ги видел и ужасите на војната во Косово, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери на Преспа Форум за Дијалог 2022.„Секако, за жал нашата 2001-ва тука е исто така индикатор дека сите не вразуми и верувам дека се вразумивме и без дилема, на покана на мојот хомолог да се направи посета, без двоумење, беше потребно директно на лице место да се информирам за тоа за кое нашето Собрание претходно усвои Декларација за поддршка и осуда, фактички за поддршка на Украина, на украинскиот народ и институции, и за осуда на неоправданата агресија на Руската Федерација врз Украина.Заради фактот што сите ние сме носители на одлуки треба да бидеме директно информирани со последиците на тоа што е денеска војната во Украина, заради фактот што директното непознавање на тоа што е ефектот на една вооружена војна резултираше со тоа што на Западен Балкан војните да се завршат без осуда и без дефинирање на направените злосторства како последица на војната. И, несомнено, и во мое лично име и во име на институцијата, и во име на граѓаните на Северна Македонија, беше безрезервната поддршка на украинските институции, на народот на Украина, дефинирајќи ги јасно последиците кои имавме прилика директно да ги видиме на лице место и дека не е ништо друго освен еден класичен геноцид кој се случува пред очите наЕвропа и пред светот воопшто.Историскиот контекст на сличностите. Периодот по Втората светска војна се заокружува со усвојување на три меѓународни договори, и тоа Јалта, Техеран и Потсдам, што во геополитичката слика во тоа време, направи еден џеб со поранешната СФРЈ, како неутрална зона која требаше да биде линијата на разграничување помеѓу истокот и западот.Војната во Украина и личи на таа историска тенденција, со одбивањето на Русија за граничното приближување на Западна Европа и непостоењето на истата гранична линија со Русија и тенденција е Западен Балкан да биде тој вакуум кој ќе го дели истокот и западот. Ние како држава која од 1991 навака, помеѓу распадот на Југославија и нашето отцепување оттаму, во Собранието усвоивме резолуција за определба на нашите стратешки цели и определби за зачленување во НАТО и ЕУ и на постојан начин работела овие цели и стремежи да се остварат. Поради таа причина, Собранието, Владата, граѓаните, со поддршка од над 80% прифатија да се промени името на државата за да може да исполниме еден од условите за да бидеме членка на НАТО, иако другите услови беа претходно исполнети.Нашето патешествие кон ЕУ започна во 2004 година со поднесувањето на барањето и на прашалникот, 2005 со добивање на кандидатскиот статус и во однос на НАТО сме во слична седумнаесетгодишна маратонска постапка и трка за да се исполнат услови, што за наша среќа, сите извештаи од 2019 досега, дури и порано од Комисијата на ЕУ се дека Северна Македонија ги исполнила сите услови за да биде дел од Унијата и за отворање на преговорите, за жал, поради билатерални историски причини, историја која не можеме да ја промениме, таа е фактографија која се случила и нема како да се промени. Поради таа причина, мислам дека сите ние, посебно ЕУ треба да одговори на прашањето „Каде оди Европа денес?“, односно “Quo vadis Europa hodie?”, поради фактот дека не треба да се дозволи билатералните прашања да бидат предуслов и пречка за отворање на преговорите и за исполнување на европските определби за да бидеме полноправна членка. И така, во срцето на Европа, во Германија и Франција, пет години по Втората светска војна си подадоа меѓу себе рака на помирување за да градат Европа на мирот, сигурноста и геополитиката, мислам дека е време истото да се случи и во 2022 година, на следната конференција на ЕУ на 23 јуни, која што ја очекуваме и ние“, вели Џафери.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања