ТАЛАТ ЏАФЕРИ

IMG_3302

Средба Џафери - Пич: Северна Македонија и Обединетото Кралство, партнери и сојузници посветени на безбедноста низ единство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Лорд Пич, специјален пратеник на Премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан.Џафери и Пич ги поздравија одличните билатерални односи меѓу двете земји и изразија очекување дека воспоставената активна динамика на соработка, средби и посети на високо ниво ќе продолжи со несмален интензитет.Премиерот Џафери изрази задоволство што посетата на Лорд Пич се случува во моменти кога Северна Македонија одбележува 4 години членство во НАТО и во годината кога Алијансата одбележува 75 години постоење.Притоа, заблагодарувајќи се на досегашната поддршка на Лорд Пич на нашиот евроатлантски пат и потсетувајќи на неговото лично присуство на историскиот момент на подигнување на знамето на Република Северна Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел на 27 март 2020 година, Премиерот ја нагласи одлучноста Северна Македонија да продолжи да биде активна и кредибилна членка на Алијансата, посветена на безбедноста низ единството, како и нашата силна врска со Обединетото Кралство.Упатувајќи честитки за годишнината од членството во НАТО, Лорд Пич ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство да продолжи активно да соработува со Северна Македонија како НАТО сојузник и да продолжи да ја подржува модернизацијата на одбраната.На средбата се разговараше за актуелни прашања од регионот на Западен Балкан, за предизвиците, можностите и важноста од движење на регионот напред, за безбедноста во Европа во светло на војната во Украина, и соработката меѓу двете земји како партнери и сојузници на тој план.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Хз. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.На средбата, главниот фокус беше на последната одлука на Владата на Република Северна Македонија, донесена на седницата на 26 март 2024 година, со која се дава одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ - во село Кондово, Скопје, акредитирано и со редовен статус на гимназија. Оваа одлука, претставува решение за долгогодишниот проблем со кој се соочуваа учениците од Медресата Иса Бег во Скопје, кои откако ќе завршеа средно образование во исламската гимназија, не можеа да се запишат на универзитетски студии на факултетите во земјата, што за нив претставуваше голем хендикеп и дискриминација. Воедно, ова е прашање за кое премиерот Џафери изрази интерес и за време на неговиот мандат на претседател на законодавниот дом, кога се обврза да оформи работна група која ќе изготви законско решение со кое ќе се регулира статусот на верските училишта кои се исклучително важни за постигнување на повисока меѓу-религиска толеранција и превенција од какво било застранување од изворното учење.Еф. Фетаи, изрази благодарност за средбата и признание за упорноста и посветеноста на премиерот Џафери во наоѓање на модус со кој ќе се оствари оваа цел и конечно и учениците што ја следат наставата во Медресето Иса Беу, ќе може рамноправно да се вклучат во високообразовниот систем во Република Северна Македонија. Наставата во Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ ќе се изведува на македонски, на албански и на турски јазик. Ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование согласно наставните планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука и согласно Законот за средното образование.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори.Претседателот на Владата, Џафери, на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. При тоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.Од страна на јавниот обвинител Коцевски, беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес и изрази целосна поддршка за премиерот во секоја фаза во насока на препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.Заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери – Силвестри: Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава.На состанокот се истакна големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Италија создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите.Денес, двете земји, констатираа соговорниците, имаат високо развиени билатерални односи и се доверливи партнери во НАТО Алијансата. Италијанската Република, како што се посочи, е силен и голем поддржувач на Република Северна Македонија во сите демократски и реформски процеси. Посебно се потенцираше значајната улога на Италијанската Република во евроинтеграциите на Западен Балкан и конкретно на Северна Македонија во ефикасен процес, каква што поддршка добива нашата земја.Исто така, покрај политичките, одбранбените и културните односи, се констатираше дека се развиваат и економските односи, кои бележат тренд на унапредување, со оглед дека Италија е меѓу 10-те најголеми трговски и инвестициски партнери на Северна Македонија.Премиерот Џафери се заблагодари за Монографијата, издадена по повод 30 години дипломатски односи меѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија, квалификувајќи ја како драгоцено сведоштво за идните генерации, за длабокото и продуктивно пријателство меѓу државите во регионот и во европски контекст.Лично, изрази задоволство, што ја има можноста и од позицијата на премиер да продолжи да придонесуваа во натамошниот развој на односите меѓу државите.На средбата се разговараше и за претстојните двојни избори во нашата земја.Претседателските и парламентарните избори се оценети како исклучително важни, со оглед на потребата да се потврди европската ориентација на Северна Македонија, како за квалитетот на живот на граѓаните во државата, така и за стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на Европа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери го посети Меѓународниот балкански универзитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го посети Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. На средбата со раководството на Универзитетот, научниот и стручниот кадар, премиерот Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа. Универзитетот е составен од 7 факултети, покрива вкупно 65 области во додипломски, постдипломски и докторски студии.Претседателот на Владата, Џафери изрази задоволство од опстојувањето и функционирањето на Универзитетот истакнувајќи дека, вакви напредно високообразовни институции се од голема важност за исклучителните достигнувања на студентите во понатамошниот нивен професионален развој.За време на средбата, разговараа и за предизвиците во високото образование во земјата, неопходните реформи и системски решенија, кои треба да се спроведат во образованието, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар, при што, премиерот посочи дека Владата, секогаш имала и ќе има слух за потребите на образовните установи во кои се гради иднината на земјата.Претседателот на Владата, Џафери, изврши обиколка на кампусот и го посети Факултетот за дентална медицина, акушерство и медицински сестри, каде годинава е направена најголемата инвестиција за дентална медицина од страна на Универзитетот.Во рамки на Факултетот е основана и ПЗУ „ИБУ ДЕНТ“ и премиерот Џафери, беше информиран за условите и медицинските услуги коишто се овозможени овде. Од голема важност е современата опрема со која е опремена ординацијата како и експертизата која ја нуди оваа установа во состав на Факултетот, со што на студентите им се овозможува пракса во реални услови.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Џафери- Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Северна Македонија на пристапниот пат во ЕУ

На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високо развиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка.Премиерот Џафери го поздрави севкупниот и засилен француски ангажман во регионот на Западен Балкан, олицетворен преку низа иницијативи и конкретни чекори во изминатиот период насочени кон зајакната стратешка, политичка, економска и општествена соработка. Во таа насока, се заблагодари за поддршката на Франција во процесот на проширување на Европската Унија со целиот регион, и Северна Македонија посебно, и ја нагласи посветеноста на Владата која ја предводи да ја продолжи започнатата динамика на патот кон ЕУ.Честитајќи го именувањето за Премиер, амбасадорот Бомгартнер ја поздрави досегашната одлична соработка со Џафери во чиј мандат како Претседател на Собранието беше направен голем исчекор во развојот на билатералната парламентарна соработка. Амбасадорот изрази подготвеност за натамошна сестрана соработка со Владата во насока на натамошно јакнење на односите меѓу двете земји, кои се засновани на долга историја на пријателство.Бомгартнер ја нагласи силната посветеност на Франција кон европската перспектива на Северна Македонија и истакна дека Франција ќе продолжи активно да манифестира конструктивност и поддршка на тој пат, при што се осврна и на важноста на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија, изразувајќи надеж дека идната Влада и Собрание ќе продолжат активно да ја спроведуваат европската агенда.Премиерот го честиташе 20 март - Денот на Франкофонијата и нагласи дека Северна Македонија останува активно посветена на Меѓународната Организација на Франкофонијата и ќе продолжи со активностите за афирмација на францускиот јазик во државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери од настанот 60 години Уставен суд: Слободата на изразување на мислата е темел на демократскиот свет

,,Ако се земе предвид дека државниот систем се темели на законите, а Уставниот суд ги има најзначајните улоги во него - заштита на човековите слободи и права и заштита на уставноста и законитоста – тогаш, во овој голем, 60-годишен јубилеј на Уставниот суд, ќе препознаеме големо значење и за граѓаните, и за државата.Во актуелниот контекст, современиот демократски свет во Уставниот суд гледа посебно заштитник на највисоките цивилизациски вредности: слободата на јавно изразување на мислата како универзално човеково право и на можноста за уставно-судска заштита на ова право, што е и тема на денешната конференција. Историските корени се наоѓаат во демократските истории на Европа и на САД.Основата на еднаквоста во слободите и правата на сите луѓе е токму правото на слобода на изразување, што е клучно и за медиумите, како заштитници на јавниот интерес. И, фактот што само во првите два месеца од оваа година, Уставниот суд на Република Северна Македонија утврди повреди на слободата на мислата и јавното изразување во правосудна процедура кај двајца новинари, е нешто на што треба да се обрне внимание.Правото на изразување на мислата е темел на демократскиот свет повеќе од кога било, и тоа мора да е достапно и реално за сите наши граѓани, без оглед кои се, што работат или каде припаѓаат.Не секогаш низ историјата, па и во современо време, било исто. Но денес, посебно со зацврстувањето на меѓународната позиција на Република Северна Македонија и евроатлантските перспективи на државата, може да се види како тоа се одразува и во делот на институционалната заштита на клучните демократски права.Република Северна Македонија се етаблираше како пример за успешна мултиетничка демократија, којашто применува европски вредности, посебно во делот на правата и еднаквоста, што денес се потврдуваат како стожер на мирот.Сепак, важно е да се продолжи со процесот на реформи, за Уставниот суд да биде поставен согласно стратешките определби на нашата земја. Односно, потребни се суштински реформи во однос на начинот на именување на уставните судии и законско уредување на нивните надлежности.Денес, Уставниот суд работи слободно, согласно личните, професионалните капацитети и интегритет на членовите, но како држава, добро е да се осигура системско решение до кое би се дошло низ стручна анализа и консултација со сите релевантни страни. Затоа што, иако не е орган на судската власт и во рамките на уставниот систем се наоѓа надвор од системот на правосудството, сепак, Уставниот суд, може и треба да има клучна улога во заштитата на човековите права и владеењето на правото.Првиот Устав, како највисок правен акт на државата кој се донесе по независноста во 1991-та година, претрпел 8 измени со 36 амандмани. Тоа е одраз на демократскиот развој на државата и граѓаните во него со право гледаат и бараат да биде заштитник на врвните придобивки на демократијата. И тука нема ништо спорно. Праксата покажува дека во некои европски држави, и тоа со многу поразвиени демократии, уставните измени се чести и дури се случуваат скоро секоја година. Затоа што е жива материја, и затоа што мораме да чекориме рамо до рамо со тој демократски свет за да обезбедиме реален напредок.Ги унапредуваме сите права и слободи загарантирани со Уставот, и тоа не го правиме поради кој било друг, туку поради нас самите. Затоа што нам, кои се покажавме како успешен модел на Европа во мало и како такви сме и потребни на големата Европа, така и ни доликува да се развиваме. За стремежот до 2030 година да станеме дел од европското семејство на демократски развиени народи и држави да стане реалност.Следниот исчекор во евроинтеграциите ни е неопходен пред сѐ дома, за воспоставување на ефективно владеење на правото. Првиот кластер во преговарачкиот процес е „Темелни вредности“ што се однесува токму на човековите права и правосудниот систем.Како Влада сме цврсто определени кон реализацијата на европската цел и затоа е веќе и усвоена Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 - 2028), како стратешки документ, со Акциски план. Во неа, предвидена е Приоритетната област 4: Реформа на Уставниот суд.Знам дека не постои совршен модел на држава, тоа никој не успеал целосно да го воспостави до ден денес. Меѓутоа, важни се заложбите, бидејќи целите напред се подвижна категорија, и токму заложбите се движечката сила на општествата во коишто живееме.Ми беше чест да се обратам на оваа Меѓународна конференција по повод 60-годишниот јубилеј. Верувам дека ќе бидете охрабрени уште посилно да придонесете во унапредувањето на основните слободи и права, загарантирани со меѓународните декларации како и со Уставот на Република Северна Македонија.", изјави Талат Џафери.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Северна Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје.На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија.Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Северна Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи.Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес.Премиерот Џафери нагласи дека, Република Северна Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Северна Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ.На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Северна Македонија.Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери-Ларсон Џеин: Со членството на Шведска, НАТО станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин.Премиерот Џафери упати честитки до амбасадорката Ларсон Џеин за членството на Кралството Шведска во НАТО и ѝ предаде писмо со честитки упатени до шведскиот премиер Улф Кристерсон. Притоа, истакна дека со овој историски чин, Алијансата станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност. Посакувајќи и добредојде на Шведска во НАТО, премиерот Џафери истакна дека, од овој момент, сојузниците продолжуваат да чекорат заедно кон зацврстување и проширување на заедничкото евроатлантско семејство. Тој посочи дека, во услови кога светот се соочува со нарушена безбедност и со предизвици за демократските вредности и принципи од страна на авторитарни актери, секој заеднички потфат е придонес во одржувањето на стабилноста и безбедноста.Шведската амбасадорка Џеин се заблагодари за честитките и за силната и широка поддршка добиена од Владата и Собранието на Република Северна Македонија во пристапниот процес. Упати посебна благодарност до Џафери, кој и во претходната функција како претседател на Собранието и во сегашната, како претседател на Владата, даде свој личен прилог во процесот. За возврат, истакна дека Шведска ќе биде силен и стабилен партнер во Алијансата и доверлив сојузник на Северна Македонија. Ларсон Џеин се осврна на клучните елементи кои Шведска ги внесува во Алијансата со членството, меѓу кои и силните воени способности на копно, море и воздух, и познавањето на нордиските територии.На средбата беше констатирано и дека, Северна Македонија и Шведска, во континуитет градат партнерски односи со политички дијалог на високо ниво, и имаат соработка во многу области од взаемен интерес. Премиерот Џафери се заблагодари за конзистентната шведска поддршка на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции, и на важната шведска развојна помош во области кои се корисни за нашите реформи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери-Јаќимовиќ: Блиски односи и соработка за градење побезбедна и попросперитетна иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.На средбата беа потврдени блиските односи и севкупната развиена соработка меѓу двете земји. Воедно, беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете држави, при што премиерот Џафери го реафирмираше интересот на Северна Македонија за стабилност, развој и просперитет на Босна и Херцеговина, како и заеднички успех во процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот во целина.Амбасадорот Јаќимовиќ ја искористи можноста и да му честита за изборот за претседател на Владата на Џафери и воедно изрази надеж дека досегашната плодна соработка со него како претседател на Собранието, ќе продолжи со ист интензитет и во новата функција, а во насока на натамошно развивање на билатералните односи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери- Река: Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка стратешка цел-членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река.На средбата, разговараа за односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање без отворени прашања.Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Река за искрениот придонес во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете соседски земји, особено во областа на економијата, зголемувањето на трговската размена и во реализацијата на инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.Двајцата соговорници истакнаа дека двете земји, како сојузници во НАТО и земји чија заедничка цел е членството во Европската Унија, споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион.Премиерот Џафери, во знак на благодарност, му врачи на амбасадорот Река признание за неговата професионална посветеност и придонес во унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија, и му посака добро здравје и натамошен личен и кариерен успех каде и да го води неговиот професионален пат.

Македонија | пред 1 година

talat-dzaferi33

Џафери: Сеќавањата од Холокаустот ги чуваме од заборав

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати на одбележувањето на 81 година од Холокаустот на македонските Евреи, на локацијата на поранешен скопски Монопол, каде за време на Втората светска војна, започнала депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор во Треблинка.Воедно, владината делегација, предводена од премиерот Џафери, оддаде почит и положи цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи“ и на истиот, покрај претставниците од еврејската заедница, присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Средба на премиерот Џафери со ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Северна Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Северна Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.

Македонија | пред 1 година

Dzaferi_Forina_8

Џафери за Денот на учителот од Форино: Да се биде учител е мисија и одговорност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска по повод Денот на учителот, го посети Основното училиште „Форина", во неговото родно село, Форино, Гостивар.Премиерот Џафери, во своето обраќање пред наставниците и учениците, им го честита денешниот Ден на учителот, посочувајќи дека на овој ден им се оддава почит на учителите кои ја извршуваат најблагородната професија, тоа е образувањето и воспитувањето на идните генерации. Денешниот ден, како што посочи премиерот Џафери, е потсетување на отворањето на првата училница со настава на албански јазик во Корча, со што се поставени темелите на албанското образование.Премиерот Џафери, во своето обраќање, ја потенцираше улогата на учителите во образовниот процес како и во надградување на знаењето на учениците, што е важно за иднината на младите, но и за напредокот на општеството.„Ова е посебен ден кога се сеќаваме на денот на отворањето на првата училница на албански јазик во нашата историја. Оддаваме почит до сите што се живи, и се меѓу нас, за придонесот што го имаат дадено. Денес, ја уживаме можноста во која младите генерации имаат избор од повеќе универзитети на кои се одвива настава на албански јазик, односно, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, кој е основан на приватно-јавна иницијатива. Сите тие високообразовни установи имаат една заедничка цел, а тоа е да се развие високата академска мисија на албанскиот јазик. Ова нека биде пример и стимул за учениците кои ги започнуваат првите чекори на стекнување знаење, да целат кон тоа дека еден ден, некој од нив ќе може да го заземе моето место овде, но и местото на сите од нас“, порача премиерот Џафери.Во своето обраќање, премиерот Џафери, посочи и дека особено радува фактот што за разлика од минатото, денес учениците во ова училиште учат во нов и современ објект.

Македонија | пред 1 година

XHAFERI-1

Средба Џафери- Хаџијев: Црноморската економска соработка нуди можности за продлабочена економска поврзаност меѓу Европа и Азија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, Асаф Хаџијев.Премиерот Џафери изрази задоволство од продолжувањето на воспоставениот дијалог со Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка и во новото својство како претседател на Владата, потврдувајќи ја неговата убеденост дека дипломатијата на секое ниво на власта, било да е парламентарна или извршна, е неопходна во сегашниот сложен меѓународно-геополитички контекст, и истата придонесува во намалувањето на тензиите, градењето на доверба и наоѓањето решенија.Премиерот го истакна значењето на организацијата за Црноморската економска соработка и изрази задоволство од придобивките од досегашното четиригодишно членство на Северна Македонија, кое не значи само членство во структурите на организацијата, туку нуди можност и за продлабочена економска поврзаност меѓу двата континенти, како и трите различни региони - Балканот, Кавказот и Црното Море.Во таа насока, се осврна на клучните стратешки проекти кои придонесуваат за поголема поврзаност и интегрираност на регионот, а со тоа носат и нови економски придобивки за земјите, како на пример Коридорот 8, кој го поврзува Јадранско со Црно море.Генералниот секретар Хаџијев, му го честиташе на премиерот Џафери стапувањето на новата функција, изразувајќи задоволство и очекување за натамошен континуитет во воспоставениот добар и редовен дијалог со Џафери како претседател на Собранието.Хаџијев истакна дека, поради својата географска локација, Северна Македонија е клучна земја за Црноморската економска соработка, а членството во НАТО и започнатата интеграција во ЕУ даваат значајна дополнителна, политичка и безбедносна димензија која е добредојдена за зголемена економска динамика.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања