(Видео) Џип со туристи заврши во река полна со крокодили во Танзанија
Драма се случила во Националниот парк Серенгети во Танзанија, кога сафари-возило со четворица швајцарски туристи и танзаниски возач излетало во реката Мара, позната по големиот број нилски крокодили.Инцидентот се случил во неделата попладне, додека туристите ја набљудувале Големата миграција на животните. Според снимката од очевидци, возилото се движело брзо по нерамен терен, по што се занело. Една од туристките паднала од возилото, а потоа и самиот џип продолжил неконтролирано и завршил во река
Свет | пред 6 часа