Теута Арифи пред суд за 546 договори во Општина Тетово: „Секогаш им помагав на граѓаните“
Во Основниот суд во Тетово започна судењето против поранешната градоначалничка Теута Арифи, обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата при склучување стотици договори со кои, според обвинението, општинскиот буџет бил оштетен за околу еден милион евра.Предмет на постапката се 546 договори склучени за ангажирање лица во различни сектори на Општина Тетово. Според обвинението, за 268 лица не биле доставени извештаи за извршената работа, додека за други 248 постоеле такви извештаи.
Македонија | пред 2 дена