Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

luna-park

(Видео) Реквизитите се пакуваат: заминува дивиот “Луна парк” од пред салата Борис Трајковски во Карпош

Диво поставениот детски парк во Карпош кај салата “Борис Трајковски” од утрово се демонтира. Реквизитите се пакуваат во камиони, дел по дел. На местото има куп работници кои работат на демонтажата. Ваквата е сликата од вчера.Ова доаѓа два дена откако имаше обид паркот пак да проработи. Полицијата влезе и констатираше нов прекршок. Паркот нема никаква дозвола за работа ниту државна институција ги има проверено реквизитите и нивната функционалност, безбедност, издржливост.Паркот е поставен на прив

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараш

Македонија | пред 2 години

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Нема прегласување во Ларце, Општина Желино, како што бараше Европскиот фронт од кој дел е ДУИ.Ова е конечна одлука на Управниот суд. Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на избирачкото место 2021 во селото Ларце. Тоа беше единствениот приговор за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во изборните единици 5 и 6.„Тужбата на тужителот коалиција „Европски фронт“, предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на народот – ДН, Демократска партија н

Македонија | пред 2 години

271777249_656292602285397_2447550688874601774_n

Од овој викенд вистински летни температури и до 35 степени

Периодот на локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и со услови за локално невреме во Македонија продолжува и во следниот период.Меѓутоа, од викендот, па некаде до средината на следната недела под влијание на изразено југозападно струење на висина, температурите позначително ќе пораснат и тие ќе бидат натпросечно високи и навистина летни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Не се исклучува можноста во овој период тие во најтоп

Македонија | пред 2 години

ukraina-vojna-

Украинците со беспилотни летала на Крим, Русите со ракети кон Харков: Во рускиот напад има повредени, оштетен е и гасоводот

Најмалку четири лица се повредени, а причинета е материјална штета кога руските сили во текот на ноќта нападнаа инфраструктурни објекти во градот Харков и регионот Харков во Украина, соопштија украинските власти.Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм објави дека најмалку четири лица се повредени, дека гасоводот е оштетен и дека се скршени многу прозорци, пренесува Ројтерс.„Имаше напад на виталната инфраструктура на една од областите на градот. Информациите за жртвите се уште се утв

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Ѓоковиќ доби бакнежи од стар ривал среде емисија

Новак Ѓоковиќ во четврток го продолжува походот за одбрана на титулата на Ролан Гарос, каде од 15.00 часот во мечот од второто коло ќе го пречека стариот познаник Роберто Карбалес Баена.Српскиот ас веќе двапати го победи Шпанецот на Грен слем турнирите, но за првпат ќе одигра меч на земја и Баена ќе има можност да пружи многу поголем отпор.По победата во првото коло над Французинот Пјер-Иже Хербер, Ѓоковиќ беше дел од интересна сцена.Тој правеше интервју за Амазон Прајм, а разговорот го водеше н

Спорт | пред 2 години

Нема фотографија

Голем пожар во индустриска зграда во Москва: Горат 4.000 метри квадратни, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптери

Голем пожар избувна во текот на ноќта во производствен и складишен капацитет во источна Москва, соопштија руските власти.„Во моментов површината на пожарот е 4.000 квадратни метри“, изјавија за ТАСС од противпожарната служба.Над 120 пожарникари и околу 40 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот.Два хеликоптери се вклучени во гаснењето на голем пожар на истокот на Москва, веќе се фрлени 200 тони вода, соопшти за РИА Новости прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуац

Свет | пред 2 години

petrovska-krupen

Петровска: Членството ќе одлучи дали јас сум идниот претседател на СДСМ

„Доколку сакате потврда за кандидатурата за која што подолго време размислувам и ја најавувам, денеска конечно падна одлуката дека ќе се кандидирам за претседател на СДСМ. Одговорот дали јас ќе бидам идната претседателка ќе го даде членството на партијата “ вели ексминистерката за одбрана и сегашна пратеничка Славјанка Петровска, во вечерашниот „Претрес со Ландов“.Согласно статутот на СДСМ, претседателот на партијата се бира на непосредни избори кои, соглсно роковникот се закажани за 30-ти јуни,

Македонија | пред 2 години

tamnel-za-slavjanka

(Во живо) Претрес на Славјанка Петровска, потрес во СДСМ: јавно се испокараа, кој ќе биде наследник на Ковачевски?

Каков е престижот да бидеш лидер на губитничка партија? Во СДСМ има видливи поделби на крила и јавни караници. Кој е против кого и зошто?Славјанка Петровска се споменува како еден од претендентите за наследник на Ковачески кој би ја поздравил со.... “стани Цаци да те види цела сала”.Од одбрана успеа да се пресели во удобно пратеничко столче.Какви византиски внатрепартиски игри се одвиваат во СДСМ пред најавениот јунски изборен конрес, одговара Петровска во „Претрес“. Среда 21 часот во живо, ги ч

Македонија | пред 2 години

kasami896756

Касами му врати на Ахмети

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, пред медиумите ги критикуваше постапките на Европскиот фронт, кој вчера ја напушти салата пред да гласа за претседател на Собранието. Касами во оваа прилика рече дека нивната постапка е срамна и побара Европскиот фронт да има конструктивна улога во опозицијата.„Тоа беше неочекувано за мене. За жал, идната опозиција од самиот почеток го покажа својот пристап кон случувањата што ќе се случуваат во Северна Македонија“, рече Касами.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети е лут: Нарушен е легитимитетот на Охридскиот договор, неприфатливо е коалицијата со помал број мандати да биде дел од Владата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини останатите албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.За Ахмети неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен или прекршен. Луѓето нѐ пр

Македонија | пред 2 години

387834682_871567654340175_411361387599155798_n

Кацарска се жали: Нема недела да помине без закана, зачести, имав и физички напад

Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд во заминување, се пожали пред новинарите дека секој втор-трет ден има закани. Не знае што се случува со предметот кој се води против нејзините заканувачи, а рече и дека имала физички напад.„Ова се закани кои ги пријавив, а јас трпам закани неколку години наназад, нема недела да помине, а да немам некоја закана. Имав и физички напад, бев физички нападната. Претходно не пријавувам, мислев се изолирани случаи. Зачести и се случува на секој втор-трет

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-29-at-13.03.14

Кацарска: Го надминавме секој тест на непристрасност, не потклекнавме, новиот претседател може да биде комотен

Претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска во заминување кажа дека се водела од уставните принципи, како и истрајноста да го зачува достоинството на судот. Ова беше дел од нејзиниот отчет по три години на оваа фунција.„Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост и непристрасност на Судот и не потклекнавме на еден од најспецифичните предизвици кои ги памети историјата на Уставниот суд - а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со пет судии. Тоа е половина од мојот манда

Македонија | пред 2 години

memeti

(Видео) Каков е кредибилитетот: Иако осомничен, Иџет Мемети ќе си остане член на Советот на јавни обвинители и ќе носи одлуки

Постапка за разрешување на Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители нема да има, додека вина не се докаже по судски пат. Тоа значи дека тој ќе остане да одлучува за иднината на обвинителите, иако има својство на осомничен во постапката за земање на пари за противзаконито влијание, во која врховниот судија Наке Георгиев беше фатен со 10.000 евра од полицијата. Неговите колеги, членовите на Советот, сметаат дека ова е исправна и законска одлука. За ова прашање беше дискутирано на денешната седни

Македонија | пред 2 години

IMG_4190

Дали и Тимчо Муцунски си оди од градоначалничката функција

Градоначалникот на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски, се споменува како сериозен кандидат за во Извршната власт.Доколку биде дел од Владата му престанува градоначалничката функција.Според Законот, бидејќи има повеќе од 6 месеци до локалните избори, Владата мора да распише предвремени избори и за оваа општина.Предвремени локални избори се можни и во Гостивар доколку според преговорите Арбен Таравари стане нов министер за здравство.До изборите, доколку Муцунски и Таравари станат министри,

Македонија | пред 2 години

ali-ahmeti

Ахмети ќе се огласи од Мала Речица

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе одржи прес конференција.Како што информираат од партијата тој ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт.Дуи по цели 20 години замина во опозиција. И покрај серијата укажувања и закани не се во групата со ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада.На прес-конференцијата Ахмети ќе го придружуваат партнерите од Европскиот Фронт кој на изборите на 8 мај освоија 18 мандати.Пратениците не

Македонија | пред 2 години

kacarska

На Кацарска и завршува мандатот, многу лобирања за нејзиниот наследник, изборот е утре

Добрила Кацарска го напушта претседателското столче во Уставен суд.На 2 јуни и завршува тригодишниот претседателски мандат, но останува судија во Уставен.Таа одлучи денеска на прес конференција да даде отчет за сработеното.Веќе утре ги чека избор за нов шеф на Уставен.Според Деловникот на Уставен, претседател на Судот се бира од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање, значи потребни се најмалку 6 гласа.Не се открива, иако некои веќе работат и ло

Македонија | пред 2 години

semejno-nasilstvo

Хорор во Битола: Младо лице полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го снимал и објавил

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот

Македонија | пред 2 години

IMG_4187

Вангелов од СДСМ: Каде одиш СДСМ? Не бе другари, вака не бива, срамота!

Ѓошо Вангелов, долгогодишем и виден член на СДСМ, поранешен советник во општина Центар, на ФБ го изрази своето незадоволство од внатрепартиските случувања. Револтиран е и од молкот на вчерашната седница.Еве што напиша Вангелов:Каде одиш СДСМДраги пријатели драги сопартијци, следам деновиве кој се искажува амбиција да ни ја води партијата и се чудам сите до еден беа дел од раководството или носители на некои државни функции т.е. дел од екипата што не доведе до ова дереџе, и види сега истите тие

Македонија | пред 2 години

sobranie-sala

Се сликаа за ФБ, земаа дневници, но пратениците на СДСМ ја одмолчеа цела конститутивна седница

Новоизбраните пратеници на коалицијата за Европска иднина, предводена од СДСМ буквално ,, уста не отворија” на конститутивната седница.Тактика или немаа што да кажат 18-те народни избраници за верификација на мандатите, изборот на две комисии, дали треба во две општини предвремени локални избори, дали Талат Џафери кој е избран пратеник може до изборот на нов да биде премиер. Немаа став ниту за предлогот за избор на Африм Гаши за спикер.Можеби како власт се преморија па и за нив дојде живот и вре

Македонија | пред 2 години

gashi-besa

Потписи од 75 пратеници за предлогот Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието

Африм Гаши, досегашниот претседател на Алтернатива е единствениот кандидат за собраниски спикер.Тој е подржан од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.Пратениците од коалицијата ,, Европски фронт“, предводена од ДУИ ја напуштија собраниската сала.Борислав Крмов од Левица жестоко се спротивстави на предлогот Африм Гаши да биде нов претседател на Собранието тврдејќи дека во изминатите четири години не зел збор ниту еднаш.Според него Гаши ќе биде полош како спикер на Собр

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-28-at-15.43.21

Африм Гаши избран за нов собраниски спикер

Африм Гаши со 76 гласа за и 6 против е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.Тој доби поддршка од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ ја напуштија собраниската сала.Гаши свечената изјава ја даде како претседател на Собрание на Република Северна Македонија.Тој е осум години во Собранието и има трет пратенички мандат.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Денеска Собранието ги верификувашњ мандатите на 118 пратеници, додека за 2 мандата дополнително треба да се расправа поради приговори во ДИК од прегласувањето.Жестоко е во собраниската сала.Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник може да се откаже од мандат, ако го нема.Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите”, рече Апасиев и толкуваш

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

,,Праааавнииициии, професорииии, реагирајтееееее.Талат Џафери не може да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник.Не може Талат Џафери сам да реши дека нема да ги врши работите на пратеник туку ќе ги врши работите на премиер.Уставниот суд мора да реагира на ова заради грубо нарушување на Уставот на Македонија.Еве, заради ова сакав да влезам во Собранието.Ама вие сакате да ве дупи Талат Џафери во здрав мозок.”, напиша Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 2 години

IMG_4175

Не може изјава да врати чекор наназад, вели Сиљановска за некористењето на „северна“

Не мислам дека изјава може да врати чекор наназад во односите, тие такви какви што се, а може да се добри кога ние навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за забелешките на Грција од каде реагираат дека не го користи уставното име Северна Македонија.„Ако го смените името врз основа на референдумско прашање, дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, тоа е обврска. Не само за нас. Референдумот не беше успешен, но

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања