Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ТОП

kambo1

(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања

Во новата епизода на Претрес имаме два фронта на македонското правораздавање:👉 Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет👉 Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски – таткото на убиената ВањаВо студиото се отвораат прашања кои повеќе не смеат да останат без одговор.⚖️ Со Камбовски зборуваме за:Избори на судии без образложенија – и без довербаСудиите кои застаруваат предмети и судат со годиниЗошто Весна Дамева, со пријавен конфликт на интереси, гласала за избор на Африм Фидани д

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-25-at-19.23.18

(Видео) Сиљановска го помеша потпретседателот на САД – го нарече „Диџеј Венс“ и кажа дека бил на Самитот на НАТО, иако не присуствувал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг го помеша американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио, а дополнително, во изјава за ТВ21, го нарече „Диџеј Венс“.Иако изјави дека со поранешниот претседател Доналд Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“, тој воопшто не присуствуваше на самитот. Всушност, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал средба со сенаторот Рубио во Вашингтон, на 29 мај, а не со потпретседателот на САД.„Јас му кажав де

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европски

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се суди предметот за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема.„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-25-at-11.18.46

„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази.„Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите знаеле дека детето ќе оди само во училиште. Двајца кажаа

Македонија | пред 1 година

ubistvo-vanja-

(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Велибор Манев се осудени на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа.„На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски.Изречена им е и ослободителна пресуда за грабнувањето на Панче Жежовски.„Обвинетите Манев, Видевски, Кешишев, Палевски се особлодоуваат од обвинение дека на 22.11.2023 година околу 9 часот во Велес, обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски за д

Македонија | пред 1 година

gjorcevski-aleksandar

(Видео) Таткото на Вања ослободен од вина

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него.„Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски.Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика од другите четворица обвинети, кои се товарат за тешко у

Македонија | пред 1 година

mucunski4-2

Муцунски од Хаг: Единството на НАТО е најсилната алатка – поддршка за Украина останува приоритет

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата.Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.Во своето обраќање, ше

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп со остри критики кон Израел – Израелците со мирен одговор и благодарност

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот остро го критикуваше Израел поради, како што рече, кршење на договорениот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека е незадоволен и од Техеран и од Тел Авив, но особено од израелската страна.„Израел веднаш по договорот фрли бомби. Тоа не е во ред“, изјави Трамп пред заминувањето на самитот на НАТО, предупредувајќи ја израелската влада да не ги продолжува нападите.Од Израел пристигна смирен и дипломатски одговор – благодарност за неговата улога во

Свет | пред 1 година

market-ovosje

„Купувај домашно“ – Владината кампања со цел зголемување на земјоделското производство и потрошувачка

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи.„Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да стане земјоделски независна држава“, порачуваат од Вл

Македонија | пред 1 година

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Топлотен бран со температури до 39 степени

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се о

Македонија | пред 1 година

palevski-palco

Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според најавите, треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За убиствата се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.Во обвинението стои дека обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето Панче Жежовски од Велес, пак, според обвинението, било да го присилат да и

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-21.27.16

(Видео) Бели балони за 62 изгубени животи: „Ова е опрост што не можевме да ве спасиме“

Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата.„Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на една болка и љубов која никогаш нема да згасне. Вашите имиња се врежани во нашите срца, вашите насмевки се нашето светло“, се вели во

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека грешка е што процесот на промена на јавниот обвинител Љупчи Коцевски не бил поагресивен. Тој смета дека чудни се пораките кога прво од опозицијата им кажале дека вршат притисок врз правосудството со обидот за разрешување на републичкиот обвинител, а потоа ги обвинуваа дека се во спрега со него и обвинителите, односно дека нарачуваат кој да се гони за пожарот во Кочани, а кој не.„Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни, мислевме де

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Петар Богојески заминува од директорското место во Националната агенција, по речиси три месеци директорување

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За ова тој објави самиот, споделувајќи фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, во која посочува дека тоа е договорена работа меѓу коалициони партнери.„Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-12.27.08

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“, мајката на загинатата Моника во „Пулс“, скршена од тага

„Те убија, мајкино…“ – со овие зборови започнува потресната објава на Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Нејзиниот статус, објавен 100 дена по трагедијата, е крик од дното на една уништена мајчинска душа, но и обвинение со адреса – кон системот, алчноста и бесчувствителноста.„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните до

Коментари | пред 1 година

GuMqXnnWAAAFE-h

Израел објави фотографија од иранска ракета испалена за време на примирјето – Иран остро негира, примирјето под притисок

Израелската армија денеска објави фотографија за која тврди дека прикажува иранска ракета испалена за време на договореното примирје, обвинувајќи го Техеран дека го прекршува прекинот на огнот и дека повторно ја загрозува регионалната безбедност.„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице – лице на терористичка држава и регионална закана,“ соопшти израелската војска, додавајќи дека ракетата била испалена неколку часа по формалното стапување во сила на примирјето договорено со посредств

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-23-at-19.45.03

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и

Македонија | пред 1 година

Gerasimovski-2

ДЗР констатирал: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања

Општина Центар, заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, или 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата, утврдил Државниот завод за ревизија.Побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно.По основ

Скопје | пред 1 година

vasil-tatko

Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни. Судот се обратил и до Министерството за внатрешни работи за потврда на адресата, но одговор не добиле. Зоран Јованов доби обвинение дека му дал автомобил на неговиот

Македонија | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент со силна поддршка за извештајот за Македонија – Вајц: „Македонија припаѓа во ЕУ“

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија, кој го поднесе европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц.„Горд сум на напорната работа и на компромисите што овозможија да донесеме избалансиран документ кој доби широка поддршка. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во овој предизвикувачки геополитички момент. Македонија припаѓа во ЕУ“, изјави Вајц по гласањето, нагласувајќи ја важноста

Македонија | пред 1 година

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник.Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за односи со јавност во Градот Скопје, со цел да добие ст

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-09.38.35

(Фото) Стотина пораки за 100 дена од трагедијата во Кочани, осамнаа низ Скопје

По 100 дена од трагедијата во Кочани, граѓанското движење „Кој е следен“ сoакција му одговори на системот – со 100 пораки, поставени на различни локации низ центарот на Скопје.„Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Но, ветивме дека нема да заборавиме“, велат од движењето, критикувајќи дека системот се обидувал да ги „дефокусира и дискредитира“.Акцијата се родила од пораки што викендов граѓаните ги испратиле како одговор на едно прашање: Што би му порачале на системот на 100-тиот ден по траге

Македонија | пред 1 година

bektesi-kocevski

Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата, што го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени беа пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека во извештајната година се регистрира значително зголемување на бројот на ново

Македонија | пред 1 година

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабо

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања