Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ТОП

velibor-manev

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски – чувствувам срам и душевна болка“

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор. Тој изјави дека негира дека сторил убиство, но призна дека учествувал во дел од настаните и тврди дека бил манипулиран и уценет од Љупчо Палевски.„Од почеток одлучив да ја кажувам вистината, без разлика на казната. Не негирав ниту една снимка, потврдував присуство и објаснував детали за да добие

Македонија | пред 1 година

bore-videvski

За убиствата на Вања и Панче: Обвинетиот Видевски без збор; Кешишев: „Многу се каам, ми рекоа да ќутам“

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, во предметот за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, завршен збор дадоа дел од обвинетите.Обвинетиот Боре Видевски кој негира вина, кусо се обрати пред судот:„Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо. Се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител“.Покрај него, збор зеде и обвинетиот Влатко Кешишев, кој во своето обраќање истакна:„Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест за што воопшто бев

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-11-at-09.44.05

Нино Васев да оди во притвор, а не да седи во куќен притвор, бара Фетаи

Обвинителката од Вишото обвинителство-Скопје, Фатиме Фетаи, бара наместо куќен притвор, на д-р Нино Васев да му биде одреден ефективен притвор. Таа смета дека истрагата може да тече само ако Васев биде зад решетки.„Ставот на Вишото јавно обвинителство е дека во оваа фаза на постапката, имајќи ги во предвид сите околности, мерката притвор и единствено мерката притвор, претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на осомничениот и успешно обезбедување во кривичната постапка“, рече Фетаи

Македонија | пред 1 година

palco

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Адвокатот Јовица Страшевски, побара од судот Љупчо Палевски-Палчо да биде ослободен од обвинението за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Предлагам обвинетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, бидејќи според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал.  Околу целата постапка ниту преземал одредени дејствија кои му се ставија на товар со другите обвинетите, а ниту поттикнал, ниту наведувал другите обвинети да сторат нешто.  Иако истрагата не беше почната, пресудата беше д

Македонија | пред 1 година

policacec-ohrid

Ужасна несреќа во Охрид: Загина пешак, друг е во тешка состојба - уапсен е возачот

На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додек

Охрид | пред 1 година

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Јани Макрадули, поранешен пратеник од СДСМ , во објава на ФБ вели дека Кочани бара помош а не поделби. Тој вели по изјавите на Мицкоски, СДСМ треба да престане да повикува на лидерски средби, туку на општа мобилизација.„Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството.Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните

Коментари | пред 1 година

soobrakajka-51345

(Видео) Сообраќајка кај Мајчин дом во Аеродром – тешко повреден мотоциклист

Вчера попладнето, околу 17:55 часот на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл.Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога патничко возило „Мерцедес“ со скопски таблички, управувано од 54-годишниот А.К. од Скопје и мотоцикл марка „Хонда“, управуван од 43-годишниот Е.К., исто така од Скопје се судриле.Во сударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лек

Скопје | пред 1 година

palevski-palco

Финална фаза на судењето за убиствата на Вања и Панче – Обвинителството бара доживотен затвор, одбраната се брани со "нема мотив"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржува едно од завршните рочишта во случајот што ја потресе Македонија – грабнувањето и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.На рочиштето своите завршни зборови ги изнесува адвокатот на првообвинетиот Јовица Страшевски, по што ќе се изјаснат и останатите обвинети – Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој е обвинет за помагање во

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-19-at-13.56.53

Насилниот советник од Кочани: Јас не сум „гомнар", јас сум борец за правда

По насилниот инцидент на денешната седница на Советот на Општина Кочани, кој стана вирален на социјалните мрежи, со свое јавно обраќање се огласи советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР). Тој негира дека е главниот виновник за нарушувањето на угледот на институцијата и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за провокации и омаловажувања.„Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодго

Македонија | пред 1 година

iran-3

Нови детали за ракетниот напад на Иран врз Израел: Градот Бер Шеба повторно е цел на напад

Се појавија нови детали за најновиот ракетен напад на Иран врз Израел. Според извештаите, ракетите го погодиле подрачјето на јужниот град Бершеба, истиот град каде што во четврток беше погодена болница.Портпаролот на израелската служба за итни случаи, Маген Дејвид Адом (MDA), изјави: „По сирените за црвена тревога што се вклучија пред неколку минути во јужен Израел, тимовите на MDA беа испратени на место во Негев каде што беше примена пријава за пад на ракета“ .Сè уште нема информации за жртви.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Иран втор ден без интернет: Информациите блокирани, контактите прекинати

Блокадата на интернет во Иран е во сила втор ден по ред, значително отежнувајќи го протокот на информации во и надвор од земјата. Според организацијата NetBlocks, Иран е речиси целосно дигитално изолиран од остатокот од светот веќе 36 часа.Граѓаните не можат да пристапат до вести од странство, додека на оние надвор од Иран им е забранет пристап до иранските веб-страници. Меѓународните телефонски повици до Иран се исто така блокирани, а многумина се обидуваат да добијат информации преку социјални

Свет | пред 1 година

Putin-i-Kim-Djong-un

Севернокорејски министер: „Имаме најсилен, непобедлив сојуз со Русија“

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија како „непобедлив сојуз“ по повод првата годишнина од договорот, објавија севернокорејските државни медиуми во петокот.Чое ги даде овие забелешки на прием во Пјонгјанг, на кој присуствуваа севернокорејската министерка за одбрана Но Кванг-чол, клучните секретари на Централниот комитет на владејачката партија и рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацего

Свет | пред 1 година

policija-grcija

Го врзал, му ја затворил устата и го убил – судот одобри екстрадиција на Македонецот во Германија

Грчкиот Апелационен суд во Солун донесе одлука за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се товари за грабеж и убиство на 81-годишен маж во градот Библис. Информацијата ја објави весникот „Катимерини“.Според германските медиуми, убиството се случило на 9 февруари. Два дена подоцна, телото на жртвата било пронајдено во неговиот стан на улицата Линденштрасе, откако роднините се загрижиле што не се јавува. Обдукцијата потврдила насилна смрт, а истрагата ја презел

Македонија | пред 1 година

gvasdga

(Видео) Вознемирувачко: Тепачка во Советот на Општина Кочани

Физички инцидент ја одбележа денешната 65-та седница на Советот на општина Кочани, откако вербалната расправија меѓу советникот Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, ескалираше во физичка пресметка.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-partizanska

Петмина повредени во сообраќајка во Скопје – едното возило сопственост на МВР

На 18 јуни 2025 година, околу 18:20 часот, на крстосницата меѓу булевар „Србија“ и улиците „3 Македонска Бригада“ и „12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „Ауди“ со скопски регистарски таблички и „Рекстон“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.Во незгодата се повредени вкупно пет лица – возачот на „Ауди“-то, 54-годишниот М.Ј. од село Марино, неговиот сопатник Б.Ј. (73), како и возачот и двајца полициски службеници к

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-19-at-14.10.12

(Видео) Опструкции, закочени институции и навреди во Советот – градоначалникот на Кочани алармира за блокади од сите страни

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, остро проговори за сериозни опструкции со кои се соочува локалната власт. На денешната седница на Советот, тој посочи дека веќе три недели чекаат согласност од Министерството за финансии за отворање на новата градинка во која би биле згрижени 115 деца. Обвини и за нефункционалност на инспекциските служби кои, според него, не реагираат на небезбедни угостителски објекти. Дополнителен хаос предизвикала и самата седница, на која, освен што не се глас

Македонија | пред 1 година

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Од ноќеска нови цени на горивата - пак поскапуваат дел од нив

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што од 20 јуни 2025 година малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука донесена на 16 јуни.Најголемото зголемување го бележат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се зголемуваат за 2,5 денари по литар. Новата цена за дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) и екстра лесното масло (ЕЛ-1) изнесува 70 денари по литар.Во исто време, малоп

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-19-at-13.56.53

МВР за тепачката во Советот на Општина Кочани

Денеска, на 19 јуни 2025 година, околу 13:00 часот во Полициската станица Кочани, советникот во Општинскиот совет, В.А. од Кочани, пријавил дека за време на одржувањето на седница на Советот, бил нападнат од колегата советник А.А., по претходно недоразбирање.Според пријавата, А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но бил спречен од други присутни. Во текот на инцидентот, А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација. Повре

Македонија | пред 1 година

buho1

Ураниумот, теснецот и други ситници

 Во време кога човештвото со гордост праќа ровери на Марс, а мачките имаат повеќе следбеници од нобеловци, повторно се враќаме на старата добра класика: Блискиот Исток и прашањето „кој прв денеска ќе фрли?“ – не лајк, туку ракета.Израел и Иран, двата големи шампиони на „ти не ме гледај така“, повторно си играат ризик на ниво на нуклеарна напнатост. Додека еден гради „одбранбени капацитети“ (читај: дронови со егзистенцијална криза), другиот „развива нуклеарна технологија за мирољубиви цели“

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-06-19-at-13.57.01

Политички пресметки по инцидентот во Советот на Кочани: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања

По инцидентот на денешната седница на Советот на општина Кочани, при што една вработена во општината заврши со повреди откако беше погодена со шише, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со меѓусебни обвинувања за одговорност и политички манипулации.Социјалдемократскиот сојуз најостро го осуди инцидентот, опишувајќи го како резултат на „провидно сценарио“ од ВМРО-ДПМНЕ насочено кон дестабилизација на општината. „Советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромска партија беа директно инволвирани, а повредена е враб

Македонија | пред 1 година

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен

Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.,,За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село.Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтерн

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Синдикатот на контролори на летање се заканува со штрајк доколу не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ

Повторно вриее во М-НАВ, нарушени се меѓучовечките односи, блокирани се процесите за јавни набавки, има тајни измени во систематизацијата со отворање несуштински работни позиции.Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.Инсистир

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-19-at-18.26.54

Мицкоски се сомнева на саботажа во РЕК, МВР испитува

Вчера наутро Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура или опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.Постои основано сомнение дека е можно да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функц

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-18-at-20.14.19

Кочани доби ПРП терапија – повредените од трагедијата веќе се третираат локално

Во Општата болница во Кочани за првпат е изведена ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) кај десет лица повредени во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Интервенциите се извршени од специјализиран медицински тим од скопската болница „Св. Наум Охридски“, објави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Претходно, девет други пациенти беа третирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.Од доказите обезбедени во предметот постои основано со

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања