Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

0-02-05-5e9ecacfeb2cc6f3b871c4df760891f92cc4a6681a699aef07febcf3a29ea5ac_21c88909523

Сите 11 пациенти од стара градска болница се во стабилна состојба, засега не се очекува влошување

Директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов вели дека сите 11 пациенти кои се хоспитализирани по пожарот во дискотеката во Кочани се во стабилна состојба.„Сите 11 пациенти се во стабилна состојба, во текот на ноќта немаше компликации. Се правеше план кај кого ќе се прават обработки на раните, нешто што е во тек. Не би очекувале влошување на дневно ниво“, рече Настов.Истовремено, речиси 200 повредени се хоспитализирани и на лекување.

Македонија | пред 1 година

Snaptik.app_74825414202517947105

Утре погреб на 59-те жрви во дискотеката, новинарите се должни да ја почитуваат приватноста и болката на семејствата

Погребот на 59-те лица кои загинаа во Кочани, ќе биде извршен утре (четврток), а откако беа завршени сите обдукции, а со тоа и идентификацијата на жртвите. Жителите на Кочани, но и Штип, побараа новинарските екипи да бидат поставени на точно определено место, за роднините и пријателите да можат достоинствено да ги испратат своите најблиски. Исто така бараат да не се дозволи надлетување со дронови, за што Агенцијата за цивилно восухопловство веќе издаде и забрани кои траат до крајот на март. Забр

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Обвинителите денеска ќе треба да соопштат дали ќе го продолжат притворот за сите 17 осомничени за дискотеката

Вечерва истекува краткотрајниот притвор за 14 од лицата кои беа приведени како осомничени, по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а речеси 200 се повредени. Меѓу нив се сопственикот на дискотеката, членови на обезбедувањето на дискотеката, одговорни лица од неа, а кои се осомничени за случувањата со пожарот.Статус на осомничени имаат и ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски, ексдржавната советничка во Министерството за ек

Македонија | пред 1 година

1680095499_zelenski

Зеленски по разговорите за прекин на огнот: Путин планира неколку нови офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по вчерашниот договор за ограничен прекин на огнот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин дека рускиот претседател планира неколку нови офанзиви.„Путин сака да започне неколку офанзиви во правец на Запорожје, на исток, во правец на Харков и Суми со цел да изврши максимален притисок врз Украина. Тој ќе се обиде да го направи тоа во наредните месеци. И не му е грижа колку од неговите луѓе ќе загинат“, рече Зеленски.„Тој, заедн

Свет | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981-1

Владата повика да не се шират дезинформации: Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, шпекулации допринесуваат за вознемирување

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста“, велат од Владата и додаваат:Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Управувачите на дронови пуштени од станица по три часа: новите правила создале забуна, летовите не биле пријавени

Неколку лица кои управувале дронови (воздухоплов без екипаж) биле повикани во полициска станица откако ги полетале и снимале на протестот кој се одржав во Скопје за трагедијата во Кочани. Тие биле забележани од полицајци кои го обезбедувале настанот, кои ги замолиле да ги спуштат дроновите. Меѓу нив, имало фотографи од Македонија, новинар и видеографер од „ТВ21“, лице ангажирано од „Ројтерс“.По три часа, откако дале изјава, тие биле пуштени. Полицијата реагирала бидејќи летовите не биле соодветн

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Пациентите во Литванија, Турција, Србија, Грција и дел што се во Бугарија се во стаи

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани - 10 пациенти,На Клиника за токсикологија - 10,На Торакална - 4,на трауматологија - 2,на Детска хирургија - 4,на КАРИЛ - 13,На Клиника за пулмологија - 2,Во ГОБ 8 септември -17,Во Хируршка клиника „Св Наум Охридски“ -11Во ОБ Штип - 2Според информации од м

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-21.03.28

(Видео) Сопруга на обвинет обезбедувач на дискотеката во Кочани: Ние сопрузите ги нарековме наши херои

Сопругата на обвинетиот Мартин Георгиев, за трагедијата во Кочани, кој бил обезбедувач на дискоатеката „Пулс“ критичната вечер, изрази сочувство до семејствата на загинатите и кажа дека обезбедувачите„Сакам да изразам најдлабоко сочувство и побрзо оздравување на сите деца кои се во сите клиники низ светот. Целта на собирот, не е протест, сакаме да изразиме длабоко сочувство, почит кон оние кои помагаа да се спасат други деца. Сакам да го споменам прво Иле, шофер на Брзата помош, легнал и од тага

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-20.22.26

Лице се обиде да измами Македонец кој понуди помош за семејствата чии блиски се лекуваат во Норвешка

Воислав Дабевски објави обид за страотна злоупотреба од страна на изолирано лице, откако објави дека стои на располагање на семејствата чии повредени се лекуваат во Норвешка.Неговото сведоштво во целост:„Внимавајте луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била с

Коментари | пред 1 година

0-02-05-48f085d56113ea4ca43533841564c5865f3333eab312286fef14a812a0fe549e_21cb92b1c87

(Видео) Македонија е завиена во црно: Граѓански и мирен собир во Скопје

На плоштад Македонија во Скопје веќе има голем број на луѓе за да го изразат заедништво и сочувство за 59 те жртви во страшната трагедија во дискотеката Пулс во Кочани и за 196 те повредени лица од кои 20 се деца.И собирот во Скопје и во Кочани е мирен.Македонија е завиена во црно, велат граѓаните низ солзи, оддавајќи почит на загинатите.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Меѓу уапсените е и потписникот на проектот со кој дискотеката Пулс доби лиценца за работа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека меѓу уапсените за трагедијата во пожар во дискотека во Кочани е и лицето кое издало и потпишало проект со кое дискотеката Пулс во Кочани, ги исполнува сите потребни услови за да добие лиценца за работа.Лицето се товари дека сторило кривично дело:Тешки дела против општата сигурност.„Последното задржано лице се терети за Тешки дела против општата сигурност, а истиот е потписник на основен проект за издавање лиценца за кабаре клуб односно

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целио

Македонија | пред 1 година

nesss

Тошковски: Има основи дека незаконито и паушално, биле изготвувани документи за работа на клуб кабарето

Сите 59 загинати лица во дискотеката Пулс во Кочани се идентификувани и завршена е обдукцијата, има 196 повредени од кои 20 се деца, рече на прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.Приведени се 18 лица за трагедијата, задржани се 16, за дела против општата сигурност. Меѓу нив е и потписникот на издавање документ за работа на Кабаре клубот.„Незаконито и паушално изготвени се круцијални документи з

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Изречен притвор за 16 лица, направен претрес во Општина Кочани – нови детали

„Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија. И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд,

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

(Видео) Кочани е мртов град, молк, солзи и неизмерна болка за загинатите

Кочани обвиено во тишина која одекнува и боли, солзи и неверување дека со нив повеќе не се нивните чеда, браќа, блиски, соседи, соученици.„Кочани е мртов град”, велат жителите, тагувајќи по 59 те жртви во дискотеката на смртта.„Годините молк секогаш водат до минута молк, корупцијата е како дрога, мислиш дека можеш да ја запреш”, пишува на транспарентите.Својата болка ја излеваат со солзи и зборови во книгите на жалост.[video width="320" height="568" mp4="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/202

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Во четврток ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека погребот на 59 те загинати во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток, 20 март.Времето ќе биде објавено дополнително.„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-14.17.20

Краткотраен притвор за 16 лица за трагедијата во Кочани

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица поради огромната трагедија во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 лица и има голем број повредени.Сите предлози на Обвинителството се прифатени и мерката е определена за сите 16 лица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Две од повредените лица пристигнаа на лекување во Загреб

Две лица повредени во пожарот во Кочани, утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на Клиничката болница „Сестре Милошрднице“, во Хрватска. Од болницата соопштија дека се очекува да бидат пренесени уште двајца пациенти.Двајца пациенти кои утринава се примени на Траума имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.Покрај нив, во Загреб на лекување во текот на денот треба да пристигнат уште повредени па

пред 1 година

klinicki-centar-srbija

Сите пациенти во Србија се во животна опасност

„Сите пациенти имаат сериозни повреди опасни по живот. Од осумте, тројца се на респиратор, односно им е потребна механичка вентилација. Површината на телото зафатена со повреди од изгореници е до 25%. Нагласувам дека сите имаат симптоми на интоксикација и изгореници на респираторниот тракт, и затоа се во животна опасност“, вели Проф. д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС за РТС.Во тек се и консултации со неврохирурзи, ОРЛ специјалисти, пулмолози,

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Нови 20 лица лица завршија во болница, меѓу нив и пожарникари

Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук.„Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Л

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да не се шират дезинформации, вели Владата

„Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите“, велат од Владата и додаваат:Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-10.14.05

Релативно стабилни се пациентите од Кочани кои се лекуваат во Македнија и во странство, вели заменик министерот за здравство

Денеска ќе се транспортираат уште осум пациенти, во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска. Дојдени се екипи на помош од Израел, Србија.„И во Македонија и во странство пациентите се релативно стабилни но не знаеме како ќе биде понатаму, релативно е рано“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-08.45.56

Нарушен прекинот на огнот во Газа, Израел жестоко напаѓа. Палестинците: Најмалку 320 загинати, многу се деца

Израелската војска објави дека рано утринава погодила цели низ Газа, ставајќи крај на повеќенеделниот ќор-сокак околу продолжувањето на прекинот на огнот што ги прекина борбите во јануари, при што палестинското Министерство за здравство извести за најмалку 320 смртни случаи.Нападите беа пријавени на повеќе локации, вклучително и северна Газа и градовите Газа, Деир ал-Балах и Кан Јунис и Рафах во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Официјални лица од палестинското Министерство за здравство

Свет | пред 1 година

484585440_9050049688451399_4339670146941520517_n

(Видео) Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера беа пред судот, со порака, дека ако не биле лицата од обезбедување, тие нема да биле живи. Порачаа дека дел од обезбедувачите ги ваделе надвор, се враќале во огнот, делувале за да ги спасуваат. Со транспаренти во текот на вчерашната вечер, кога се одлучуваше за притворите, дојдоа и пред судот.Обвинителството пак, ги третира како осомничени. Кај нив утврдува

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања