„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Управувачите на дронови пуштени од станица по три часа: новите правила создале забуна, летовите не биле пријавени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Неколку лица кои управувале дронови (воздухоплов без екипаж) биле повикани во полициска станица откако ги полетале и снимале на протестот кој се одржав во Скопје за трагедијата во Кочани. Тие биле забележани од полицајци кои го обезбедувале настанот, кои ги замолиле да ги спуштат дроновите. Меѓу нив, имало фотографи од Македонија, новинар и видеографер од „ТВ21“, лице ангажирано од „Ројтерс“.

— реклама —

По три часа, откако дале изјава, тие биле пуштени. Полицијата реагирала бидејќи летовите не биле соодветно пријавени во Агенцијата за цивилно воздухопловство, каде се регистрира секој лет. Дале свои изјави, по што, им била посочена регулативата која е релативно нова и биле пуштени да заминат.

[caption id="attachment_324806" align="alignnone" width="1920"] Пријавени летови за денеска на плоштадот во Скопје[/caption]

— реклама —

Никој од нив, не биле запознаени со новите правила за употреба на дронови, кои се релативно нови и на сила се нецели три месеци. Според истите, сега сите кои сакаат да надлетуваат, треба да креираат кориснички профил на drone.gov.mk, а потоа, да се регистрираат како оператор. По ова, следува делот за сертификација. Секој мора да го проследи курсот за самообука и полагање, по што полага тестови со над 30 прашања. На крајот, (не) се здобива со сертификат.

Следната фаза е сертификатот заедно со валиден документ за идентификација (лична карта/пасош) да се регистира операторот, каде се внесуваат личните документи, сертификатот, како и серискиот број од дронот кој се управува. Откако инспектор од Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе го одобри профилот – може да се прави најава на лет.

До годинава, дроновите кои се со тежина до 249 грама, можеа да се летаат без никаква регистрација, па токму оттука дошло недоразбирањето помеѓу операторите на дронови кои биле повикани во станица и полицијата. Правилата се реалтивно нови и не секој е запознаен со нив. За денеска, биле пријавени само три летови на скопскиот плоштад.

Доколку постои место кое е забрането за надлетување, тогаш, самиот софтвер на Агенцијата не дозволува да се најави лет, а со тоа, операторот знае дека не смее да надлетува. Таков е примерот со Штип и Кочани од попладнево.

[caption id="attachment_324808" align="alignnone" width="1542"] Приказ од системот кога надлетувањето е забрането и кога системот не дозволува да се најави лет[/caption]

„Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж односно дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на градовите Кочани и Штип.  Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со дронови во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања