Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

треска

Pozar-Treska-2

Арсовска: Има сомненија дека пожарот е подметнат

По избивањето на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“ градоначалничката Данела Арсовска излезе на терен со скопските пожарникари кои неколку часа го гаснеа огнот и се бореа со огнената стихија за да спречат таа да се прошири и на околните објекти.- Во текот на изминатите два часа сме тука и од индициите што ги имаме се работи за пожар што е отпочнат овде, со сомненија дека е подметнат. Информација што ја добивме од околните жители е дека виделе дека има лица на овој потег непосредно пред пожарот. Искрено се надевам дека институциите ќе преземат се што е во нивна надлежност да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност. Она што го добивме како информација е дека во повеќе наврати се случуваат пожари на овој потег, јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба, меѓутоа пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот инивното здравје да се загрозени од некој што е неодоговорен и што презема постапки што се на штета и на градот и на луѓето. Целата противпожарна бригада, 55 пожарникари работеа посветено цели два часа да го локализираат, да го изгаснат овој пожар, го ставија во опасност сопствениот живот за да им помогнат на граѓаните – изјави Арсовска.Арсовска појасни дека станува збор за објект, кој во моментов е дел од постапка на стечај, има стечаен управител и веруваме дека во најкраток можен рок треба надлежните институции да преземат мерки, да разговараат и да се превенира ова што се случува на оваа локација. Според неа важно е да се заштитат граѓаните, особено имајќи предвид дека се работи за исклучително голем број околни станбени куќи и деловни објекти што беа денеска загрозени со овој пожар.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Жители на Треска: Со години се случуваат пожари, Треска е небезбедно место за живеење

„Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба“ вели Група граѓани, жители на Треска.Тие додаваат:„Повеќепати сме биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни. Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани.Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци.Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее.Ние жителите стравуваме дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а нашите повици за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот.Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.50.03

ВО ЖИВО: Експлозии се слушаат кај фабриката „Треска“, жители на околните згради ги напуштаат домовите

Силни експлозии се слушале при пожарот во кругот на фабриката „Треска“. Жителите на околните згради се вознемирени и дел од нив ги напуштиле нивните домови. Тие стравуваат дека пожарот може да се прошири. На терен веќе се направат напори од целата противпожарна бригада побрзо да го локализираат пожарот.Пожарот забрзано се шири кон сите бараки кои се во кругот на фабриката. Пукотници постојано се слушаат.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Центар: Станува збор за голем пожар

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека станува збор за голем пожар во кругот на фабриката „Треска.„Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна“, вели тоиј.

Скопје | пред 3 години

275653726_296609415813477_1927427767190083268_n

ВИДЕО: Гори кај фабриката „Треска“

Во близина на фабриката „Треска“ избил голем пожар. Црни облаци чад има на сите страни. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека во центарот на Скопје се чувствува мирис на чад.Засега нема информации од Противпожарната бригада што е точно запалено.

Скопје | пред 3 години

61_2588-23-03-22

(ФОТО) „Треска е еколошка темпирана бомба“

„Поттикнати од состанокот на Партиципативното тело за Треска, кое се одржа вчера, 07.04.2022 во Општина Центар, на кое бевме присутни и ние претставниците на работничките станови на овој опфат, сакаме јавно да го изразиме нашиот револт во врска со долгогодишната опструкција на изградбата на комплексот“, вели група жители на опфатот „Треска“, претставници на работничките станови.„Претставниците на Партиципативното тело, упорно 4 години го опструираат развојот на овој предел и револтирани сме што постојано една иста група поединци нема слух за нашата страна и нехуманите услови во кои со децении живееме.Старата фабрика Треска е темпирана еколошка бомба и веќе години наназад претставува огромен безбедносен ризик за нас жителите кои живееме во бараките на потегот „Рузвелтова“ и улицата „Владимир Полежановски“. Целиот простор со години е дувло за бездомници и наркомани, а нашите бараки се мета на разбојништва, кои и покрај интервенциите на полицијата, продолжуваат да се случуваат практично секој ден. Постојано живееме во страв, не само за нашата материјална безбедност, туку и за безбедноста за нашиот живот, бидејќи на овој простор често доаѓа и до пожари поради крадење и палење на електричните кабли“, додаваат тие.„Ги покануваме сите оние кои сакаат да ја спречат градбата на овој комплекс, како и медиумите, да дојдат и да се уверат во какви услови живееме и тоа во центарот на Скопје, особено сега во периодот на дождови кога целиот простор се поплавува, или во пресрет на летната сезона кога од маслата и машините се соочуваме со наезда од инсекти, црви од по 20 сантиметри и змии.Треска е градот на духовите и претставува еколошка закана не само за нас жителите од оваа локација, туку и за целиот град Скопје. Јавно го прашуваме ова Партиципативно тело, како и организацијата „Шанса за Центар“, зошто противуставно се обидуваат со години да го загрозат нашето право на достоен живот, прво со незаконски мораториуми, а сега и со нелогични барања за реализација на некои конкурсни решенија кои воопшто не се во наш интерес?“, посочуваат жителите.Го охрабруваме градоначалникот Герасимовски конечно да го усвои планот на сопствениците на приватните парцели кај „Треска“, кој за разлика од моменталната ужасна состојба, предвидува комплекс со ниски згради и многу зеленило и како таков, нема никакви причини зошто да не се реализира.На крајот, опоменуваме и дека доколку дојде до било какви нови опструкции на предвидениот проект, остро ќе реагираме и ќе ги искористиме сите правни механизми за да го добиеме она што ни е загарантирано, а тоа е единствено правото на достоинствен живот“, вели Група жители на опфатот „Треска“, претставници на работничките станови 

Скопје | пред 3 години

treska

Згради од 4 до 5 ката наместо облакодери кај „Треска“

Во јавноста циркулираат голем број информации, голем дел од нив и невистини, во врска со можниот изглед на планираниот комплекс предвиден да се гради на локацијата на Треска. Всушност, согласно информациите од Општина Центар, конкретниот урбанистички план за опфатот на поранешната фабрика Треска е донесен во 2012 година и предвидува изградба на згради со височина од најмногу приземје со 5 ката и поткровје, а во дел и приземје со 4 ката и поткровје, во класична блоковска распореденост.Според актуелниот ДУП, но и според групата сопственици на приватни имоти кај Треска, максималната висина која ќе ја достигне комплексот нема да надмине вкупно 16 метри, што е спротивно на шпекулациите во јавноста дека просторот таму ќе се бетонира и ќе има облакодери.Во јавноста пак, во рамки на конкурсот спроведен од претходната локална самоуправа на Центар, беа презентирани идејни решенија коишто се надвор од урбанистичките регулативи и параметрите кои ги дозволува важечкиот ДУП. Истиве овие решенија веќе беа објавени во јавноста на веб-страницата на Општина Центар, а и сè уште се достапни на линкот: https://marh.mk/izvestaj/Таму се наведува дека прворангираниот концепт од идејните решенија е оформен од пет полуотворени станбени блокови со комбинирана катност од приземје + 4 ката, но и до приземје + 8 ката, што е 3 ката над дозволената висина согласно актуелниот ДУП. Второрангираното предвидува станбени блокови со приземје + 6 ката и станбени кули со 17 ката, додека треторангираното  конкурсно решение предвидува вертикален елемент кула од 71 метар со намена хотел. Урбанистички можеби висината не е единствениот параметар кој се гледа, но сепак понудените конкурсните решенија излегуваат од важечката регулатива, наспроти планот на сопствениците на градежните парцели, кои ветуваат ниска градба, со многу зеленило и јавни површини.Она што е реалната слика, согласно најавите од сопствениците на парцелите на поранешната фабрика Треска, е дека е предвидена изградба на комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2, и кај сите 6 блокови се предвидува голема површина на зеленило како партерно уредување.Всушност, она што е важно да се потенцира е дека актуелниот ДУП од 2012 година, на оваа површина предвидува само 5% зеленило, меѓутоа инвеститорите предвидуваат и повеќе од законскиот минимум од 20%, или вкупно 8200 м2 зелена површина како партерно уредување во рамки на блоковите, а дополнително предвидена е и изградба на јавен парк со вкупна површина од 9474 м2. Согласно ова, вкупното зеленило предвидено за овој простор достигнува близу 18.000 м2, што е значително над минимумот кој го наложува новиот Закон за урбано зеленило.Каков ќе биде исходот и што точно ќе биде изградено на оваа локација се надеваме дека јавноста ќе дознае наскоро. Но она што е важно дека оваа локација која сега е мини депонија во сред центар, мора да се реши и урбанизира. Впрочем урбанизација и конечно решение за „Треска“ бараат и жителите од околните згради затоа што она што е останато од некогашната фабрика за мебел е потенцијален извор на инфекции. 

Скопје | пред 3 години

WhatsApp-Image-2022-03-29-at-10.17.41

Герасимовски: Парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“

„Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“.„Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.„Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Општина Центар: Остро демантираме дека се продавало државно земјиште во „Треска“, Шанса за Центар манипулира

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.„Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа“, велат од Општина Центар.Тие додаваат: „Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.

Скопје | пред 3 години

Treska

Демант на сопствениците на парцелите кај Треска: Нашите приватни имоти се легално купени, „Шанса за Центар“ нема да ни го ускрати уставното право на сопственост

Група сопственици на градежни парцели - Треска ги демантираат обвинувањата од „Шанса за Центар“ дека нивниот имот е дел од малверзации и неправилности. Тие се децидни дека никогаш не им било „тајно“ продавано земјиште. Децидни се дека е лага изнесено во кое се вели дека во „четири очи“ се продава државно земјиште.Нивниот демант го пренесуваме во целост:„Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар, остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности.Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“.Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот? Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме и парк со големина над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се ни воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста.Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост.Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка.Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи.За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика, „Треска“,уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија?Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него“, велат од Групата сопственици на градежни парцели - Треска.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања