Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

треска

zgradi-treska

„Треска“ без дрвја: од зеленило кон пустина – јавниот интерес повторно поразен?

Просторот кај некогашната фабрика „Треска“ наместо да прерасне во квалитетно уреден дел со зеленило, денес изгледа како пустина. Според иницијативата „Шанса за Центар“, во делот каде што беа засадени над 100 дрвја, денес не останало ништо.„На местото каде што требаше да има парк, сега никнуваат само „наполитанки“ згради. Зеленилото постои единствено на хартија,“ реагираат од иницијативата.„За „Треска“ се боревме со мораториум, со урбанистичко-архитектонски конкурс чијашто спроведба ја обезбедивме со поддршка од стручната јавност, но наградените решенија беа игнорирани од институциите и градоначалникот. Планот го поднесовме и до Уставен суд, но на крај секогаш победуваше приватниот пред јавниот интерес,“ велат од „Шанса за Центар“.Советничката Билјана Филиповска Тодорчевска, која е архитект и добитничка на повеќе признанија, со месеци бара начин да се гарантира барем единствената зелена површина предвидена со планот. Денес, пак, на просторот се градат приватни објекти, дел од истите инвеститори кои ги подигаат зградите.Последниот обид, како што посочуваат, бил во координација со стручните служби на Општината да се постават дополнителни барања кон инвеститорите – на нивна сметка да ги отстранат легализираните бараки на просторот предвиден за јавно зеленило.„Инвеститорите се согласија, поднесоа елаборати за уривање и потпишаа изјави дека ќе го уредат предвиденото јавно зеленило од близу 5.700 м². Но, дел од советниците ја напуштија седницата и не дозволија да има кворум. Така постапката запре,“ велат од иницијативата.„Вака не се штити јавниот интерес и не се градат конструктивни политики. Ова само докажува дека во советот повеќе се исполнуваат туѓи барања отколку да се бараат решенија за граѓаните. А градоначалникот, повторно, воопшто не се појави на седницата,“ заклучуваат од „Шанса за Центар“.фото: Скопје1

Скопје | пред 3 месеци

received_831580281495262

(Видео) Први снимки како ќе изгледа „Треска“: Планот им е да никнат куп згради со приземје, пет ката и поктровје

Визуелизација со низа згради со приземје, пет ката и поткровје е објавена на „Јутуб“, со цел да се прикаже изгледот на комплексот „Треска“. На видеото доминираат градбите, а покрај нив е прикажано и зеленило. На сите три кадри, се гледаат зградите кои се од активистите симболизираат бетонизација на просторот.Ова е прва скица која се појавува за просторот. Повеќе од порталите посочуваат дека ова ќе биде модерна населба, додека, активистите поднесоа и оспорување до Уставен суд со цел да се запре ова, бидејќи се доверува во прашање хуманизацијата на живеењето.Погледнете го видеото:

Скопје | пред 2 години

treska

Нова трка меѓу правдата и парите во Центар: Уставен се фати за ДУП-от во кој е „Треска“

Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“.„Се надеваме на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Герасимовски веќе потпиша една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“. Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар“, велат од Шанса за Центар.Тие додаваат:„За ф-ка Треска се бореа граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, па и политичка воља за промена имаше до 2020 кога се прифати напуштање на решението од ДУП-от и се направи конкурс. Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните“.

Скопје | пред 2 години

treska

Бетонизација на „Треска“: Лани пожар, годинава расчистување, дадени дозволи - следуваат згради

Минатиот април избувна пожар во кругот на фабриката „Треска“, а веќе во април годинава влезе градежна механизација за да урива објкети, а со тоа да го расчистува теренот за бетонизација на просторот. Се поизвесно е дека ќе никнат нови згради, а никој нема да ги спречи. Екологистите алармираа дека тоа ќе биде погубно за Скопје и жителите, но апелот не стигна до надлежните. Се чини дека епилогот ќе биде исти како оној во центарот на Скопје, карши хотелот „Холидеј Ин“ каде жестоките борби завршија неславно.Центарскиот градоначалник Горан Герасимовски вети хумано живеење кога се кандидираше. Во негов мандат, се градат т.н. „бетонски чудовишта“, како што ги нарекува јавноста. Дека Треска ќе ја доживее судбината на „Холидеј Ин“, говори фактот што нема никаква борба на локалната и централната власт предводена од СДСМ, туку напротив, молк и чекање локациите да бидат изградени.„Фактор“ пишува дека градежната компанија Божо Илоски „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје , ја зголеми основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра. Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности.Инаку Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект. Правосилно е одобрението за „Голден Арт“ и „Мега Акустик“.

Скопје | пред 2 години

treska

Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК.Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.„По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 2 години

301126743_422751973196554_7501958095348326399_n

„Наместо квалитетно планирање на просторот на Треска, добиваме помирување и нормализирање на урбицидот“, вели Шанса за Центар

Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар на која ќе објавеше започнување на реализација на квалитетно решение за „Треска“, добиено со Урбанистичко-архитектонскиот конкурс ќе бевме задоволни како напредуваат работите. Иако овој локалитет нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе им донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, шансите дека потенцијалот ќе биде искористен се сѐ помали, велат од „Шанса за Центар“.„Впечатокот од вчерашната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот добиваме помирување и нормализирање на урбицидот.📌Помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци.📌Помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски.📌Помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше.📌Нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите.📌Нормализација на ставот дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите.📌Помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот.📌Нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“.Идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да го вратиме вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас. Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско - инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска.Измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.За жал, повторно шпрекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите.Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценетото решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален.Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето тие ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“. Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите.Системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на ф-ката Треска.Јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија.⚖ Европските вредности за владеење на правото се сѐ подалеку во локалните случувања. Демократските принципи за вклученост на граѓаните во креирање на решенија за квалитетна градска средина речиси не постојат, а со тоа и довербата во системот, стои во објавата.

Скопје | пред 3 години

300777986_457308189742962_8728798627074653592_n

Герасимовски: Се отстрануваат 40.000 квадрати опасен азбест од напуштената фабрика „Треска“

Започна да се чисти депонијата во напуштената фабрика „Треска“, во општина Центар. Четириесет илјади метри квадратни опасен азбестен кров останат во напуштениот индустриски капацитет почна да се отстранува под посебен надзор, како не би дошло до загадување на животната средина. Активностите за чистењето на „Треска“ денеска ги најави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.-Пред 5 месеци по пожарот кој зафати дел од овој простор зад себе остави руинирани и запуштени објекти налик на оние во „Чернобил“ и тоа беше уште еден аларм дека земјиштето мора итно да се расчисти. На територијата на „Треска“ има околу 40.000 метри квадратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Моменталната состојба освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и градот.Градоначалникот посочи дека за чистењето на теренот, постапките почнале од почетокот на август, бидејќи се раководеле по Обвинителството, кое ги утврдува причините за пожарот кој настана во кругот на напуштената фабрика.-Веднаш штом Обвинителството ни дозволи активности на терен, започнавме процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. До овој момент во Општина Центар пристигнати се 36 барања за издавање на решенија за отстранување на објекти, од кои до сега одобрени се 13 - истакна Герасимовски.Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, како што налага законот. Тие претходно до општината доставиле барања за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите ангажирале и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и после пожарот.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Заврши увидот во „Треска“, пожарот не предизвикал штети по здравјето на граѓаните

Заврши состанокот на „Штабот за заштита и спасување“ во Општина Центар, каде беа поканети и други надлежни институциии, со цел да се слушнат стручните мислења во поширока дискусија за состојбите во фабриката „Треска“.Градоначалникот Горан Герасимовски извести дека увидот од страна на МВР е завршен, но во тек е предистражна постапка на јавното обвинителство, по што општината ќе ги знае конечните чекори за постапување.„Во овој момент Општина Центар ги чека записниците од МВР и Противпожарната служба, како и насоките од Министерството за животна средина за да знаеме како да постапиме во однос на планираното отстранување на објектите кои се наоѓаат таму“, изјави Герасимовски за медиумите.Герасимовски рече и дека пожарот во „Треска“ не предизвикал сериозна загаденост на воздухот. Тоа го потврдуваат информациите од околните мерни станици кои во периодот од 13-ти април, ден пред настанувањето на пожарот, до денес, не покажуваат надминување на параметрите за загаденост на воздухот. Затоа тој потенцираше дека истиот не треба да се поистоветува со состојбата кај „Охис“, која е хемиска индустрија.„’Треска’ е фабрика за дрвна индустрија и тука пред сѐ, се работи за материјали од дрво, железо, бои и лакови и други материјали од тој тип. Само покривните табли се од компанијата „Салонит“ (попознати како салонитки) и во нивниот состав се наоѓа опасниот елемент азбест. Како штопретходно кажав, состојбата во фабриката е навистина страшна, локацијата е можно жариште на нови пожари, но и еколошка катастрофа и депонија среде Центар. Таму согласно законските прописи, самите сопственици на објектите треба да си го исчистат отпадот, по налог на општината и останатите надлежни институции“, изјави Герасимовски.Општина Центар, согласно Законот за управување со отпад на приватен имот и во координација со надлежните институции, ќе им наложи на сопствениците во даден рок да го отстранат отпадот. Доколку во дадениот рок објектите не се отстранат, Општина Центар ќе испрати допис до ЈП „Комунална хигиена“ за да ја преземе обврската за отстранување на разрушените бараки од фабриката. При што сметката за тоа ќе биде на товар на сопствениците.На „Штабот за заштита и спасување“ кој го свика градоначалникот Герасимовски присуствуваа претставници од МВР, ЦУК, ДЗС и инспектори при Државниот инспекторат за животна средина, додека немаше претставник од Противпожарната служба, иако беа уредно поканети од страна на општината. За крај, Герасимовски повторно се заблагодари за брзата реакција на припадниците на полицијата и Противпожарната бригада, Црвениот крст и сите кои во четвртокот помагаа за брзо и ефикасно локализирање и гаснење на пожарот.

Скопје | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Во понеделник Кризниот штаб на Општина Центар ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.„Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка“, рече Герасимовски.Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 3 години

treska

Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници, вели група сопственици на градежни парцели

„Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“ кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанати плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката“, вели Група сопственици на градежни парцели - Треска.Тие додаваат:„Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат било каква поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот.Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.50.03

Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна кога гореше „Треска“, велат од О2 иницијатива

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови. . Азбестот е на листата на опасен отпад., велат од О2 иницијатива.„Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме.Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош.Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Шанса за Центар: Какви материи се чуваат во „Треска“ и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето

Шанса за Центар пред неколку недели предупреди дека е можен развој на настаните околу поранешната фабрика „Треска“ со цел да се реши урбанистичкото планирање на подрачјето на начин кој нема да го штити јавниот интерес.„За жал развој има, но дури и полош од оној кој го претпоставувавме.Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму со „Треска“, а се шират и сомнежи дека пожарите се подметнати. Ги очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и Град Скопје детално и брзо да се изјаснат за тврдењата дали последниот пожар е подметнат.Ги повикуваме надлежните институции и Државниот инспекторат за животна средина да утврдат какви материи се чуваат во кругот на поранешната фабрика и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето кои живеат во околината на „Треска“, па и во целата општина. Бараме институциите да ја информираат јавноста дали сопствениците на објектите и на земјиштето имаат обврска да го расчистат отпадниот материјал од нивните имоти со цел да се намали опасноста за граѓаните.Шанса за Центар смета дека одолговлекувањето на постапката за носење нов урбанистички план за подрачјето на „Треска“, придонесува за продолжување на неизвесноста и ја зголемува можноста за нови несакани случувања.Бараме општината да не тактизира со објавувањето на конкурсните решенија, туку во согласност со одлуката на Советот да организира јавна презентација на трудовите со кои се нуди поквалитетно решение за подрачјето и подобри услови за достоинствен живот на сегашните и идните жители“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: Ќе иницирам итно расчистување на земјиштето кај Треска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Треска“, за медиумите изјави дека негова препорака е што побрзо да почне отстранувањето на сите објекти во индустрискиот капацитет.„Моја информација е дека во „Треска“ има 35 000 до 40 000 метри квадаратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, изјави Герасимовски за медиумите.Герасимовски извести дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на земјиштето и за тоа колку се тие штетни за граѓаните.Во Општина Центар до овој момент има пристигнато 28 барања за отстранување на објекти, но за начинот при нивно отстранување, градоначалникот ќе побара и институционална помош.„Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Ние нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од „Треска“, изјави Герасимовски.Во однос на шпекулациите за наводното подметнување на пожарот, градоначалникот на Општина Центар изјави дека не сака предвреме да коментира. Неговите сознанија се дека до моментов сѐ уште не е направен увид поради небезбедноста на теренот. Но. според информации од жителите во локалитетот, секојдневно се краде железо и бакар од каблите, кои потоа се палат.„Дали ова е вистина ќе покаже истрагата“, изјави Герасимовски.По однос на актуелните теми за новите градби во „Треска“, Герасимовски порача дека како општина не можат да ги сопрат, но тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.„Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите, регулативите кои мораме да ги почитуваме“, изјави Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.22.57

Повторно се запали „Треска“

Утрово повторно гореше во кругот на фабриката „Треска“. Жителите за „Скопје1“ јавуваат дека овојпат се гледале и пламени. Густ чад повторно го покри небото, како и миризба. Од околните згради реагираа дека ова што се случува им влева несигурност, особено по вчерашните случувања кога се евакуираа.Интервенирала и Противпожарната бригада. Се претпоставува дека овојпат, пожарот настанал како последица на искри, а со оглед дека вчера таму гореше и дрво, кое и кога ќе се изгасне, ако не се отстрани, може од него лесно да избие нов пожар.

Скопје | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Левица: Пожарот кај Треска „случајност“ или не

Сведоци сме во последниве години, особено во Општина Центар како најатрактувна општина дека секогаш кога има спорна локација, околу која се кршат копја, се распишуваат конкурси, дебатира и стручна и лаичка јавност околу реални потреби на населбите, дали во центарот на градот треба уште една станбена населба или парк, кон каков начин на урбано планирање треба да се стремиме, истата ,,случајно" пламнува во оган, вели Левица„Да постетиме дека пред 5 години на речиси идентичен начин, на исто така спорна локација, изгореа бараките на поранешниот Завод за урбанизам, а изгледа со нив и она малку што остана од сенсот за урбано планирање во Скопје.Истрага секако ќе има, но дали ќе се најдат виновниците и ,,нарачателите" за пожарот? Дали цел на овој пожар беше со него да изгорат и 60 годишните стебла кои овозможуваа речиси готова парковска површина со отстранување на бараките? Дали ќе се земат во предвид конкурсните решенија, или сега наеднаш во Општина Центар ќе има наезда за нови одобренија за градење?Дали „урбаните шамани“ со своите натприродни моќи ќе створат нова населба по терк на инвеститорите, а на штета на Скопје и Центар“, се вели во сооопштението.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања