Мицкоски: Не се затвора трезорот на 15 декември, ќе има толеранција и К-15 за вработените
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на 15 декември нема да се затвора државниот трезор и дека во јавноста се пласираат неточни и небулозни тези дека тоа се прави поради недостаток на пари. Тој појасни дека станува збор за организациска мерка со која институциите треба навреме да ги достават потребните документи, со цел да се избегне досегашната пракса работите да се завршуваат „во 5 до 12“.„На 15 декември не се затвора трезорот. Добро е сите институции навреме да ги достават сите документи.
Македонија | пред 6 месеци