Промени тема
Контакт

Мицкоски: Не се затвора трезорот на 15 декември, ќе има толеранција и К-15 за вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryop0bq5gb25po2Vw8Ywn

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на 15 декември нема да се затвора државниот трезор и дека во јавноста се пласираат неточни и небулозни тези дека тоа се прави поради недостаток на пари. Тој појасни дека станува збор за организациска мерка со која институциите треба навреме да ги достават потребните документи, со цел да се избегне досегашната пракса работите да се завршуваат „во 5 до 12“.

— реклама —

„На 15 декември не се затвора трезорот. Добро е сите институции навреме да ги достават сите документи. Ќе има толеранција, ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека во изминатите години, особено во 2024 година, многу работи останале незавршени токму поради доцнењето на институциите, што трезорот објективно не можел да го испорача во последен момент. „Јас не велам дека на 15 декември е крај и дека на 20 декември ништо нема да може да се сработи. Но не смееме повеќе да функционираме во последен момент“, додаде премиерот.

— реклама —

Мицкоски истакна и дека ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции, со што ги демантираше шпекулациите за финансиски проблеми. Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ дека трезорот се затвора поради немање средства, тој оцени дека ваквите тврдења се неосновани.

„Тезите што се пласираат во јавноста се небулозни и неточни. Претпоставувам дека таму има луѓе кои се разбираат во економија, па не е јасно зошто вакви теми се испраќаат во јавноста“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека целта на Владата е воспоставување финансиска дисциплина, а не создавање паника.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymnrj9di8eko819oKE4O

Мицкоски го означи почетокот на изградбата на автопатот Букојчани – Кичево

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Македонија | пред 13 часа

media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

Македонија | пред 1 ден

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања