Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ТРИПУНОВСКИ

media-library7358fu1acuka2sFJYWX

Трипуновски: Зголемување од 15% на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани

„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица. Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи. „Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни министерот Трипуновски. Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya4gs1ooqtessaIo13HP

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката се зголемува за вистинските земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од Кавадарци ги отфрли како неточни обвинувањата на опозицијата дека Владата ги намалила субвенциите за 40 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, лаги и манипулации со цел создавање дневнополитичка тема.„Изминативе денови слушаме обвинувања дека има сериозно кратење на субвенциите. Апсолутно ги отфрлам ваквите тврдења како неточни. Станува збор за лаги и манипулации со кои опозицијата се обидува да создаде тема на дневна политика“, изјави Трипуновски.Тој посочи дека политичката структура која денес ја критикува Владата имала седум години можност да покаже резултати во земјоделството, но наместо напредок, оставила, како што нагласи, сериозна штета и назадување во секторот.Според министерот, Владата спроведува реформи со цел средствата да стигнат до оние што реално произведуваат и живеат од земјоделството. Новина во Програмата за 2026 година, како што истакна, е појасната и потранспарентна распределба на средствата.„Приоритет ќе имаат вистинските земјоделци, тие што егзистираат од земјоделството. Во изминатите години беа евидентирани т.н. ловци на субвенции, кои не обработуваат земјоделска површина, а аплицираат за финансиска поддршка“, рече Трипуновски.Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците кои реално придонесуваат за економијата и развојот на руралните средини.Во новата Програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка.„Нашата цел е дополнително да го зголемиме земјоделското производство, особено на винските сорти грозје, од кои се произведува квалитетно македонско вино кое ќе се пласира надвор од нашите граници. Тоа претставува значаен девизен прилив за националната економија“, појасни министерот.Трипуновски порача дека Владата останува посветена на стабилна и континуирана поддршка на земјоделството, со фокус на продуктивноста и конкурентноста на домашните производи на меѓународните пазари.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања