Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката се зголемува за вистинските земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarya4gs1ooqtessaIo13HP

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од Кавадарци ги отфрли како неточни обвинувањата на опозицијата дека Владата ги намалила субвенциите за 40 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, лаги и манипулации со цел создавање дневнополитичка тема.

„Изминативе денови слушаме обвинувања дека има сериозно кратење на субвенциите. Апсолутно ги отфрлам ваквите тврдења како неточни. Станува збор за лаги и манипулации со кои опозицијата се обидува да создаде тема на дневна политика“, изјави Трипуновски.

— реклама —

Тој посочи дека политичката структура која денес ја критикува Владата имала седум години можност да покаже резултати во земјоделството, но наместо напредок, оставила, како што нагласи, сериозна штета и назадување во секторот.

Според министерот, Владата спроведува реформи со цел средствата да стигнат до оние што реално произведуваат и живеат од земјоделството. Новина во Програмата за 2026 година, како што истакна, е појасната и потранспарентна распределба на средствата.

— реклама —

„Приоритет ќе имаат вистинските земјоделци, тие што егзистираат од земјоделството. Во изминатите години беа евидентирани т.н. ловци на субвенции, кои не обработуваат земјоделска површина, а аплицираат за финансиска поддршка“, рече Трипуновски.

— реклама —

Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците кои реално придонесуваат за економијата и развојот на руралните средини.

Во новата Програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка.

— реклама —

„Нашата цел е дополнително да го зголемиме земјоделското производство, особено на винските сорти грозје, од кои се произведува квалитетно македонско вино кое ќе се пласира надвор од нашите граници. Тоа претставува значаен девизен прилив за националната економија“, појасни министерот.

Трипуновски порача дека Владата останува посветена на стабилна и континуирана поддршка на земјоделството, со фокус на продуктивноста и конкурентноста на домашните производи на меѓународните пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 1 месец

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања