По 30 дена зад решетки добија четворицата кои ги гонат за убиствата во Ѓорче Петров
Четворицата осомничени за двата случаи на разбојништво со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров добија продолжување на притворот за уште 30 дена, информираат од Кривичниот суд.Станува збор за четири лица кои претходно беа приведени и задржани во 48-часовен притвор, а се поврзуваат со убиствата на две лица во нивните домови во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.Обвинителството во меѓувреме продолжува со прибирање докази за двата случаи, кои се истражуваат како разбојништва
Скопје | пред 1 час