Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По 30 дена зад решетки добија четворицата кои ги гонат за убиствата во Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Скопје
media-library37mepma22d25bGMgU1Q
Илустрација / Скопје1

Четворицата осомничени за двата случаи на разбојништво со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров добија продолжување на притворот за уште 30 дена, информираат од Кривичниот суд.

— реклама —

Станува збор за четири лица кои претходно беа приведени и задржани во 48-часовен притвор, а се поврзуваат со убиствата на две лица во нивните домови во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.

Обвинителството во меѓувреме продолжува со прибирање докази за двата случаи, кои се истражуваат како разбојништва со смртни последици.

— реклама —

Според претходните информации од Обвинителството, се преземаат истражни дејствија, а во тек се и ДНК-вештачења, чии резултати треба да бидат дел од доказниот материјал.

— реклама —

Во врска со двата случаи беа приведени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Полицијата ги поврза со двата настана.

Првиот случај беше откриен на 22 октомври во скопската населба Хром, каде што во својот дом беше пронајден починат 62-годишниот С.Ј., со траги од насилство.

Неколку дена подоцна, на 27 октомври, во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров беше пронајдена почината и 76-годишната О.А., исто така со траги од насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања