УНГАРИЈА

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Тензии Будимпешта–Киев: Орбан тврди дека Украина се меша во парламентарните избори

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводно мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан. Според него, унгарските безбедносни служби утврдиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборниот процес.Орбан изјави дека украинските челници, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле, како што ги нарече, „навреди и закани“ кон Унгарија. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој наведе дека по анализите на безбедносните служби, побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор на официјален разговор.Повод за ваквата реакција, според Орбан, се изјави на Зеленски дадени минатиот четврток, кога украинскиот претседател ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостига решителност. Зеленски тогаш предупреди дека Европа не смее да дозволи нејзините престолнини да станат „мала Москва“.Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски изјави дека „секој Виктор што живее од европски пари, а истовремено се обидува да ги продава европските интереси, заслужува шлаканица по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака упатена кон Унгарија и неговото раководство.Засега, украинските власти не ги коментираа јавно тврдењата на Орбан, ниту најавата дека украинскиот амбасадор ќе биде повикан на разговор во унгарското Министерство за надворешни работи.

Свет | пред 3 дена

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Унгарски „МОЛ“ во игра за преземање на НИС – чекор што може да ги симне санкциите на САД

Веќе 77 дена „Нафтената индустрија на Србија“ работи под санкции на американската влада, а излезот од ситуацијата се бара преку продажба на мнозинскиот удел на руските акционери. Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека унгарската компанија МОЛ води преговори за преземање на овој пакет, при што и Белград и Будимпешта официјално ги поддржуваат разговорите. Овој потег е еден од клучните услови за можноста санкциите да бидат укинати.Според Ѓедовиќ Хандановиќ, и покрај санкциите, пазарот досега не почувствувал потреси бидејќи државата располага со резерви на дизел, бензин, мазут и керозин. Сепак, таа предупреди дека залихите постепено се трошат, а логистичките капацитети не се доволни за да се увезуваат количини што би ја покриле целосната побарувачка. Затоа, како што наведе, дијалогот со партнерите мора да продолжи.И НИС и МОЛ веќе се обратиле до американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC), која одлучува за режимот на санкциите. Откако и руската страна даде поддршка преговорите да продолжат, српската влада ќе ја поддржи иницијативата и пред американските институции. Министерката порача дека следниот чекор е OFAC да одлучи за лиценцата за работа на НИС и за понатамошниот статус на компанијата.Истовремено, таа уверува дека снабдувањето со гас е стабилно и дека резервите се полни, со важечки договор со Русија до крајот на март. Целта, како што рече, е граѓаните да имаат сигурно и што е можно поекономично снабдување, особено во деновите кога потрошувачката достигнува и до 17 милиони кубни метри дневно.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања