Промени тема
Контакт

Тензии Будимпешта–Киев: Орбан тврди дека Украина се меша во парламентарните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводно мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан. Според него, унгарските безбедносни служби утврдиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборниот процес.

— реклама —

Орбан изјави дека украинските челници, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле, како што ги нарече, „навреди и закани“ кон Унгарија. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој наведе дека по анализите на безбедносните служби, побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор на официјален разговор.

— реклама —

Повод за ваквата реакција, според Орбан, се изјави на Зеленски дадени минатиот четврток, кога украинскиот претседател ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостига решителност. Зеленски тогаш предупреди дека Европа не смее да дозволи нејзините престолнини да станат „мала Москва“.

— реклама —

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски изјави дека „секој Виктор што живее од европски пари, а истовремено се обидува да ги продава европските интереси, заслужува шлаканица по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака упатена кон Унгарија и неговото раководство.

— реклама —

Засега, украинските власти не ги коментираа јавно тврдењата на Орбан, ниту најавата дека украинскиот амбасадор ќе биде повикан на разговор во унгарското Министерство за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52ppof764n1v3vs10JZ

Уапсени двајца поранешни министри од владата на Орбан поради сомнежи за корупција

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Свет | пред 5 дена

media-librarynac9qbgkhl825yThUH6

(Видео) Маж се обиде да го погоди Петер Маѓар со јајце, полицијата веднаш реагираше

Свет | пред 6 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

(Видео) Инцидент во Унгарија: Маж истури пијалак врз премиерот Петер Маѓар

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања