ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УСЈЕ

pozar-usje

За првпат цел Совет на Град Скопје сложен за УСЈЕ да се дислоцира надвор од Скопје; Компанијата со реакција: работиме согласно сите стандарди

Советниците од Град Скопје едногласно изгласаа заклучок дека цементарница „УСЈЕ“ треба да се дислоцира од Кисела Вода, односно градска средина. По маратонска седница што траеше 13 часа, едногласно беше поддржана иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ) за започнување постапка за дислокација на фабриката „УСЈЕ“ надвор од Скопје.Со донесените заклучоци, Градот се обврзува активно да го следи целиот процес, а институциите да одговорат дали индустриските капацитети ги почитуваат еколошките стандарди и закони.Во усвоената иницијатива се предвидува:Град Скопје да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина за целосна проверка на работењето на „УСЈЕ“ и останатите големи загадувачи, со утврдување дали ги исполнуваат условите од нивните дозволи и важечката регулатива. Министерството е задолжено во најкус можен рок да ги достави резултатите.Паралелно, од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе низа ненајавени, вонредни инспекциски надзори. Целта е да се утврди реалната состојба на терен, почитувањето на лимитите на емисии и примената на заштитни мерки за здравјето на граѓаните.Општина Кисела Вода, врз основа на наодите од инспекциските и институционалните извештаи, ќе мора особено внимателно да постапува при креирање на идните детални урбанистички планови и другите плански документи. Истата обврска важи и за останатите скопски општини и за Градот Скопје, со цел да се обезбеди усогласено и одржливо планирање.Дополнително, градоначалникот на Град Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „УСЈЕ“ — како и на другите големи индустриски капацитети — на локации надвор од скопската котлина, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.Заклучокот ќе биде доставен до Владата, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат и сите општини во градот.Од ЗХГ порачаа дека ова е историски момент за Скопје и најавија дека ќе го следат секој чекор од процесот, за како што велат — здравјето на граѓаните да стане приоритет број еден.Според компанијата, пак, нападот е неоснован, бидејќи, како што соопштија, работат согласно сите стандарди и не ги надминуваат законски дозволените лимити:Ова е интегралното соопштение од ТИТАН Усје:Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија.Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место.Научните истражувања, направени од независни домашни и странски експерти, покажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската котлина е под силно влијание на метеоролошките услови (струење на воздух, висока влажност, температурна инверзија и сл.), а од антропогените фактори влијанијата од индустријата имаат помало влијание од затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.Работата на ТИТАН Усје е континуирано контролирана од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, институција која е надлежна за сите инсталации со А - Интегрирана еколошка дозвола, беше извршен на 18 декември 2025 година, при што инспекцијата повторно утврди дека нема отстапувања од законски дозволените лимити. Исто така, на 18 ноември годинава во ноќните часови имаше ненајавен инспекциски увид од страна на оваа институција и тогаш беше констатирано дека сите вредности се во законски дозволените рамки.Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:• Споредбените податоци јасно и недвосмислено укажуваат дека лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје нема корелација со работата на компанијата. Имено, во дел од зимските месеци, кога амбиенталниот воздух во градот е со најлош квалитет, компанијата ги врши редовните годишни ремонти на печките и тие се исклучени. Обратно, во летните месеци, кога печките работат со полн капацитет, амбиенталниот воздух во градот е со најмало загадување. Резултатите од мерењата го потврдуваат овој факт.• Сите досегашни јавно достапни научни истражувања и студии покажуваат дека индустријата не е меѓу главните причинители на лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје. Потврда на тоа е и фактот дека загаденоста во овој период е голема и во други градови во земјата, каде што нема индустрија.• ТИТАН Усје поседува А - Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола, УСЈЕ има обврска да врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови, согласно европските стандарди кои се транспонирани во националното законодавство. За таа цел, на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции, имаме инсталирано систем за мерење од германскиот производител SICK, кој е редовно калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. Сите мерења континуирано покажуваат дека не се надминуваат законски определените Гранични Вредности на Емисии (ГВЕ), а кај дел, вредностите се неколкукратно пониски од законски дозволените лимити – на пример, кај вкупната прашина најчесто три до пет пати, а кај SO2 и неколку десетици пати пониски од дозволените.• На истите емисиони точки се прават и дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења исто така потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.• ТИТАН Усје е современ индустриски капацитет со високо ефикасен, комплексен систем на филтрирање, каде во секој филтер има по 2000 вреќи кои ја запираат прашината, која потоа се враќа во производниот процес и станува составен дел од финалниот производ.• Целосно се неточни тврдењата дека компанијата ги исклучува филтрите. Филтрите се неразделив дел од производната линија, односно кога работат печките, задолжително работат и филтрите.ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни. Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да дојдат и да ја посетат компанијата, но и да побараат дополнителни информации за нашата работа, технологија и мерките што се користат за да се обезбеди ефикасна заштита на животната средина.

Скопје | пред 2 седмици

pozar-usje

Јовановска: Левица бара вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

„Скопје повторно се гуши во ПМ честички. Секоја година, особено во зимскиот период Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави и празни ветувања, властите не превземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем“, истакна Катерина Јовановска, координаторка на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, на прес конференција на која соопшти и дека поднеле Барање за вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ.Според неа иако проблемот со загадувањето во Скопје е повеќедецениски, ниту една од партиите кои се менуваа на власт, не направиле речиси ништо за намалување на загадувањето, ниту пак понудиле трајно решение. „Јавниот градски превоз е колабиран, нови еколошки автобуси нема, а Јавното обвинителство веќе три години не постапува по кривичната пријава поднесена од градот Скопје против загадувачот Цементарница УСЈЕ“.Од Левица јавно прашуваат „до кога профитот ќе биде пред здравјето на граѓаните и додаваат дека здравјето на граѓаните нема цена. Како што посочи Јовановска, советничката група на Левица освен барањето за вонреден инспекциски надзор во УСЈЕ доставиле и низа амандмани на Буџетот на Град Скопје за следната година, со конкретни мерки за намалување на загадувањето.„Поднесовме амандмани за набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот, субвенции за прочистувачи на воздухот за жителите на Скопје, субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаците... Дел од овие амандмани ги поднесе и минатата година, но ниту еден од нив не доби подршка од советниците на ДПМНЕ и СДС“, истакна Јовановска.Левица ќе даде и поддршка на најавениот протест во четврток, против Цементарница УСЈЕ, и се надеваат на масовно присуство на скопјани на овој протест затоа што, како што рече Јовановска „сепак за здравјето се работи“.

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања