ВАНКОВСКА

vankovska-osmani

И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата, вели Ванковска

Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил ја коментира политичката сцена во албанскиот блок.„Промената на името на една улица е само симбилички чин и назнака за тоа кој каде стои на политичката сцена во албанскиот блок. Преку симболичен судир на Адем Демаќи (не со партизанската бригада туку со) Ибрахим Ругова, двете фракции на ДУИ и другите помали партии си ги утврдуваат политичките позиции и агенди. Што подлабоко, тоа подобро. Верувале или не, лидерот на УЧК е сега (симболички) на страната на Ругова, а опозиционерите сакаат да бидат УЧК наместо УЧК, т.е. поголеми радикали од Ахмети и ДУИ. Опонирајќи на корумпираните и улежени/нафатирани кадри на ДУИ, тие не нудат демократски и либерални принципи, туку нешто сосема друго. Албанските новинари и интелектуалци аплаудираат и фаќаат страни.Е сега видете на што сме како политичка заедница и кои ни се опциите. Од лошо - полошо ... Како да времето застанало, а ви зборуваат за промена на Устав, за Бугари и за ЕУ. И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата“, напиша Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Се додека со наши пари се слави воен бунт против државата, конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска

Се' додека со наши пари се слави воен бунт против државата, се амнестираат оние кои дигнале пушка против своите, не се спомнуваат „исчезнатите“, нема попис на загинатите, се сквернават споменици и спомен плочи на оние кои ја бранеле државата, а до небо се воздигнуваат триумфалистички споменици за „победата од 2001“, се' додека нема жалење, каење и извинување за злоделата - се' дотогаш конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска.„НИШТО НЕ Е НАУЧЕНО, најмалку пораката: never more!! Без транзициска правда, соочување со минатото, барање прошка и помирување - ни мртвите не почиваат во мир, ниту живите гледаат иднина.Уште некоја година и четврт век ќе мине, а деца пораснаа без да знаат низ што минавме и какви се општествените, политичките и правните последици. Едните свесно молчат и веднат глава, додека „победниците“ дрдорат будалштини за „мултиетничка демократија“ вдомувувајки си потесна и поширока фамилија.Пред неколку дена, на конференцијата, зборувавме дека немаме (како другите држави) попис на жртвите/учесниците од Илинден, жртвите на холокаустот од Македонија, и генерално од двете светски војни - а ние всушност немаме попис ниту на оние кои загинаа пред 22 години! Да се знае барем ЗА ШТО гинеа, КОИ гинеа, КАКО ги закопаа во заборав, како нивното спомнување станува „говор на омраза“...“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

5-3

Полицијата беше таму да ги чува политичарите од народот, таква дрскост досега не сум видела, вели Ванковска

Споделувајќи статус на членот на Левица, Борислав Крмов, кој реагираше дека прославата на Илинден намерно е уништена, професорката Билјана Ванковска обвини дека имало зголемено полициско присуство во Крушево.„ Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате: деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано. Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен: полицијата беше таму да ги чува политичарите - од народот! Таква грубост и дрскост досега не сум видела“, напиша таа на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

5-3

„Поднеле оставки - на кукуво лето“, вели Ванковска за оставките на министрите на ДУИ

Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го сподели своето мислење околу оставките на министрите на ДУИ.„Поднеле оставки - на кукуво лето!Притоа, центарот на нивната моќ не лежи во министерските кабинети. Тоа и на врапчињата им е јасно“, вели Ванковска

Коментари | пред 2 години

vankovska-696x392-1

Ванковска за „руските ботови“ на Ковачевски: Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат

Професорката Билјана Ванковска реагира за посочувањето од премиерот Димитар Ковачевски на „руски ботови“ и „платени политичари“ како кочничари на промените на Уставот заради впишување и на Бугарите во него.„Огромен дел од народот им вика НЕ за уставни промени, тој ти вели: вие сте руски ботови! Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат, јер Русија е закана за Западот, НАТО и мирот во светот.Бранко во 2004 се жалеше во Брисел дека народот му е националистички, овој напредува – народот е предавнички, а тие се праведници“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

5-3

Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците, вели Ванковска

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Билјана Ванковска.„ Среќен јубилеј, Македонци Илинденци! Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците.Корекција: СДС на вашата земја ќе носи резолуција за Илинден, ама не се откажува од уставни измени, историска комисија и слично“, напиша таа на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска за обврската да се менуваат документите: Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава

Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го искритикува системот за закажување за промена на личните документи.„Цело утро изгубив - ама буквално цело претпладне - на ѕвонење на бројот на МВР за закажување термин (истечена возачка дозвола) и на нивниот сајт за истата намена. На секои 10 минути до овој момент никој не одговара на телефонот (сите се зафатени), а сајтот не дава слободен термин до 28 јули (до каде што стасав). Не знам како не најдоа еден просечен информатичар кој ќе им направеше интерактивна табела со слободни и зафатени термини (авио-превозниците тоа го имаат кога бираш седиште во авион)! Овде те тера „пешки“ да одиш од термин до термин, од ден на ден, за да добиеш ист одговор: нема слободен термин!Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава со хаосот кој сами го создаваат со промената на документите. Сега ќе биде хаос со нашите од странство, а во меѓувреме ние овде нем да можеме ни лична карта или возачка да смениме во редовен термин.За она на С и да не зборувам...“, напиша Ванковска.

Коментари | пред 2 години

vankovska

(ВИДЕО) Ванковска за Ковачевски: Рацио е сооднос, ама глупиот не знае

На социјалните мрежи се појави видео во кое премиерот Ковачевски на предавање, на англиски јазик објаснува дека треба да се биде разумен, но и да се има, “му*а”.https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1649700328080654338?s=20Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук го коментира ова и напиша:-Во реченицата за “м*дињата” глупиот Таче од Харвард го употреби зборот ratio мислејќи дека е тоа рацио/разум. Рацио е сооднос, ама глупиот не знае. Или ако знае можеби зборувал за односот на левото и десното маде.Само некој нека ми каже дека било непристојно да се псуе (власт)! Овие се забегани простаци – такви им се и политичари и новинари и професори…Проблемот е што сме ние полоши од овци“, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелашка – “Хрватскиот” модел е замајување, пратеници ќе се обезбедат “милом или силом”, вели Ванковска

Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелашка, крпеница до крпеница, а хрватскиот модел е само замајување на јавност бидејќи “тепачката” е за пратеници, не за модели за промена на Уставот, вели професорката Билјана Ванковска во објава на Фејсбук.-“Читам расправи за најавената уставна промена и се нервирам. Ова веќе не е време за академска или стручна дебата. Помина тоа време. И фелата беше поразена – и на академски и на морален план.Прво, Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелшака. Крпеница до крпеница. Секој минувач може да побара да се смени под принуда, и ние ќе клекнеме заради „повисоки вредности“ или ЕУ бајка. Кога еднаш ќе го направиш тоа, после ти станува навика. Затоа, не очекувам изненадувања. Ова може да биде последниот клинец во мртовечкиот ковчег на Македонија каква што ја знаевме или посакувавме.Второ, македонскиот народ (иако напишан погрешно со голема буква во Преамбулата, демек М ќе ни го отстрани пелинот) одамна не е конститутивен НАРОД. Во консоцијациски модел, државата е заедница на заедници (етнички во случајов), па така Македонците уште во 2001 капитулираа и ја споделија државноста со Албанците (третите се само привезок). Дури и ако тоа експлицитно не го пишува – механизмот на владеење е конструиран и функционира во пракса согласно барањата на консоцијацијата (power sharing). Таков е и изборниот модел. Менувањето на неговата логика би било повод за нов внатрешен бунт. Впрочем, Уставот е „заштитен“ дури од обиди за враќање кон граѓански модел со Бадинтеровото мнозинство. Затоа, тој е тврд устав, да потврд не може да биде. ќе станеме граѓанска држава (we, the people) тогаш кога тоа ќе го посака Груби со компанијата. (Али не го спомнувам како дел на старата гарда).Трето, овие што се прават итри со нудење на хрватскиот модел, што не го предложат бугарскиот? (wink) Хрватска е етнички чиста држава, по етничкото чистење на Србите (кои од 12% станаа едвај 4%) во Олуја, па додавањето на 20-тина малцинства е шарена лажга. Ете, Бугарија не признава никакви малцинства. Ама никој не го гледа тој модел. Или грчкиот, на пример…Затоа, да не се замајуваме: битката не е во концептите туку во бројката на пратеници што можат да ги „обезбедат“ (милом или силом) во наредните недели и месеци. Експертите само ќе дадат легитимитет на една срамна епизода од нашата државна историја. – вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска за иницијативата за Заедница на албански општини: Ништо не е случајно, одиме кон федерализација

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со иницијативата за Заедница на албански општини.„Не знаеш кога се полоши: во влада или во опозиција?Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.Но, проблемот не е во Алтернатива, бидејќи Алијанса на Села тоа го бараше уште пред нејколку години, а Изет Меџити и сега јавно го бара тоа („ако 3 отсто Срби може да го добијат тоа на Косово, зошто 30 отсто Албанци да го немаат во Македонија“).И ништо не е случајно – консоцијацијата води кон федерализација. Тоа го напишав пред 15 години во колумна „Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже““, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска: Не гледам причина во ваква влада и Премиерот да не е од албанскиот блок? Pse jo?

Дали добро разбирам дека професорот од Правен факултет ќе добие шут-карта за сметка на Алијанса? Покрај другите парчиња од колачот, вели професорката Билјана Ванковска во својата објава на социјалните мрежи.„Не гледам причина во ваква влада и Премиерот да не е од албанскиот блок? Pse jo?“, додава таа..

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска: Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо „европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!?

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот, а истовремено и повик до американските и европските “олеснувачи” да го зададат последниот удар, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска, која додава дека тука нема ништо европско и дека оние кои зборуваат за ЕУ, свесно или несвесно, зборуваат за бајки.„Но, ова е и потврда на сето она што го говоревме и пишувавме за не баш пријателскиот Договор, кој доведе до никогаш полоши односи меѓу двете земји. Толку предвидливо! Намерата сега им е да не’ вратат во времето на грчката блокада и ембарго од 90-те.Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!? Дури и личности кои ми се драги и кои ги ценам се повикуваат на тие божем европски вредности, а не сфаќаат дека зборуваат за бајки. За жал, овде отсуствува национална свест и изградени национални интереси“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања