Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВЕНЕЦУЕЛА

05-venecuela

Во Венецуела 80 тинејџери ослободени од затвор: Биле уапсени поради протести

Повеќе од 80 тинејџери беа ослободени од затвор во текот на викендот во Венецуела, откако беа уапсени на антивладините протести по спорните претседателски избори во Венецуела кон крајот на јули, соопшти организацијата за заштита на правата.Изборниот совет и Врховниот суд на Венецуела го прогласија претседателот Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на изборите на 28 јули, но не ги објави целосните резултати од гласањето. Венецуелската опозиција објави свои резултати кои покажуваат убедлива победа на нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес.Околу 27 лица загинаа во постизборните протести, а други 2.400 беа уапсени.Алфредо Ромеро, претседател на невладината организација за човекови права Форо Пенал, во неделата на Х напиша дека 86 тинејџери уапсени за време на протестите биле ослободени од затвор во последните денови.Венецуелските власти не одговорија на барањето за коментар.

Свет | пред 1 година

protesti

(Видео) Ескалираше протестот во Венецуела: Паднаа првите жртви

Најмалку три лица загинаа, а 44 се повредени во судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа во неколку делови на Венецуела.Протестите се одржани откако изборната комисија на земјата објави дека победил актуелниот претседател Николас Мадуро, соопшти денеска организацијата која ја следи состојбата во националните болници, а пренесува италијанската Агенција Нова.Најмногу инциденти се регистрирани во државата Арагва.Невладината организација за човекови права Форо Пенал соопшти дека ширум државата се уапсени 46 лица.Безбедносните сили во Венецуела употребија солзавец и гумени куршуми врз луѓето кои излегоа на улиците на главниот град Каракас да протестираат.Опозицијата во Венецуела ја оспори победата на Мадуро и тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија победи убедливо со 73,2 отсто од гласовите, додека Мадуро ја обвини опозицијата дека повикува на државен удар.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања