Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВЕНЕЦУЕЛА

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Кој ќе ја води Венецуела? Трамп: За одреден период, Венецуела ќе ја водат луѓето зад мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави не ја исклучуваат можноста за присуство на свои војници на терен во Венецуела и дека американската војска веќе имала директно присуство за време на операцијата што доведе до апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Одговарајќи на новинарско прашање дали управувањето со Венецуела од страна на САД подразбира и распоредување копнени сили, Трамп изјави дека Вашингтон „не се плаши од чизми на терен“. Тој додаде дека американската војска „имала чизми на терен и тоа на многу високо ниво“ за време на акцијата што се реализирала во текот на изминатата ноќ.„Ќе се погрижиме таа држава да биде управувана како што треба“, рече Трамп, потенцирајќи дека САД преземаат активна улога во стабилизацијата на земјата по, како што ја нарече, успешната воена и безбедносна операција.На прашањето кој конкретен механизам ќе биде користен за управување со Венецуела, американскиот претседател одговори дека во моментот се назначуваат лица кои ќе ја преземат таа улога.„Веќе одредуваме луѓе и наскоро ќе ве информираме кои се тие“, изјави Трамп, без да навлегува во дополнителни детали.Запрашан директно кој ќе ја води Венецуела во наредниот период, Трамп со гестикулација покажа кон себе и кон американскиот државен секретар Марко Рубио, додавајќи дека „во голема мера, за одреден временски период, тоа ќе бидат луѓето кои стојат зад него“.Овие изјави доаѓаат во услови на зголемени меѓународни тензии и реакции по американската воена интервенција во Венецуела, која предизвика остри осуди од дел од светските лидери и повици за итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Рубио: Мадуро не е легитимен претседател, тоа го вели целиот демократски свет

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела и дека тоа не е став само на актуелната американска администрација, туку континуирана позиција на Соединетите Американски Држави со години наназад.Рубио нагласи дека и администрацијата на Доналд Трамп во неговиот прв мандат, како и администрацијата на Џо Бајден, официјално го сметале Мадуро за нелегитимен лидер. Дополнително, посочи дека Мадуро не е признаен ниту од Европска Унија, како и од голем број држави ширум светот.Во своето обраќање, Рубио го опиша Мадуро како „бегалец од американската правда“, потсетувајќи дека против него со години била распишана награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.„Изгледа си заштедивме 50 милиони долари“, рече Рубио, на што Трамп се надоврза со коментар дека треба да се внимава никој да не се обиде да ја побара наградата.Државниот секретар додаде дека Мадуро имал „повеќе можности“ да избегне ваков исход, но наместо тоа, како што рече, се однесувал неодговорно и конфронтациски. Според Рубио, венецуелскиот лидер одлучил да ја вклучи Иран во внатрешните работи на својата земја и да дозволи, како што тврди Вашингтон, прилив на криминални групи и банди кон територијата на САД.„Мадуро мислеше дека ништо нема да се случи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп „не е човек кој игра игри“. Кога Трамп вели дека ќе реши одреден проблем, според него, тоа не останува само на зборови, туку се претвора во конкретна акција.Изјавата на Рубио доаѓа во момент на сериозни геополитички тензии и по воената операција на САД во Венецуела, по која беше приведен Мадуро, настан што веќе предизвика остри реакции и поделени ставови во меѓународната заедница.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryujior5rf4egfdu5u9Qd

Како беше фатен Мадуро: 150 летала, целосно изненадување и прецизна акција

Американската воена операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била резултат на повеќемесечна разузнавачка работа, прецизно планирање и координација на сите родови на американските вооружени сили, изјави началникот на Здружениот штаб на САД, генерал Дан Кејн.Обраќајќи се на прес-конференција, генералот Кејн истакна дека операцијата, со кодно име „Апсолутна решеност“, била „дискретна, прецизна и хируршки изведена“, при што биле ангажирани копнени, воздушни и поморски сили, заедно со разузнавачките служби и органите за спроведување на законот. Според него, клучна улога имала долготрајната разузнавачка подготовка, во рамки на која биле утврдени детални информации за секојдневието на Мадуро, вклучително и неговото движење, местото на живеење и навиките.Генералот наведе дека за успешната реализација биле вклучени повеќе од 150 летала, чие синхронизирано дејствување барало исклучителна прецизност во време и простор. Денот на операцијата, како што посочи, бил избран со цел да се минимизира ризикот за цивилното население, а истовремено да се задржи целосниот елемент на изненадување.Според официјалниот опис на настаните, американските сили целосно ги онеспособиле венецуелските системи за противвоздушна одбрана и незабележано пристигнале во близина на комплексот каде што престојувал Мадуро во 01:01 часот по источноамериканско време. Областа била изолирана, по што хеликоптерските единици се соочиле со оган од земја. Американските сили, според Кејн, одговориле со „прекумерна сила“, при што еден хеликоптер бил погоден, но без човечки жртви, а сите летала безбедно се вратиле.Набргу потоа, Мадуро и неговата сопруга се предале и биле приведени од страна на американското Министерство за правда. Во 03:29 часот по локално време, тие биле качени на американскиот воен брод USS Iwo Jima, од каде што започнала нивната транспортирање кон Соединетите Американски Држави.Генералот Кејн нагласи дека операцијата претставува пример за капацитетите на американската војска и разузнавачка заедница, потпирајќи се на, како што рече, „децении искуство во лоцирање и приведување високорангирани цели“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryg7cqrjogbsad0CGbAbI

Муцунски го поздрави апсењето на Мадуро: Стоиме со САД и народот на Венецуела

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој, според објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, ноќеска бил приведен од американските сили во Каракас и ќе се соочи со судски процес во Соединетите Американски Држави.Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски наведе дека ја поздравува одлуката Мадуро да биде изведен пред лицето на правдата, оценувајќи дека одговорноста е суштински елемент за владеењето на правото и демократијата. Тој упати и пофалби до американскиот државен секретар Марко Рубио, за, како што напиша, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.„Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите Американски Држави и со народот на Венецуела во борбата за слобода и демократија“, порача Муцунски.Претходно, по неколкумесечни зголемени тензии во регионот, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД го заробиле венецуелскиот лидер по серија координирани напади на повеќе локации во земјата. Според објавените информации, Мадуро е на пат кон САД, каде што против него веќе се водат постапки поврзани со сериозни обвиненија за трговија со дрога и оружје.

Свет | пред 2 месеци

media-library0ms65cr0i75pepXXmZb

Американски компании ќе ја преземат венецуелската нафта, Мадуро е на брод кон САД, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото американско „партнерство“ со Венецуела ќе донесе богатство, независност и безбедност за венецуелскиот народ, по воената операција што резултираше со апсење на претседателот Николас Мадуро.На прес-конференција, Трамп порача дека Венецуелците повеќе нема да страдаат и дека особено задоволни ќе бидат венецуелските иселеници кои живеат во Соединетите Американски Држави.„Тие ќе бидат исклучително среќни. Нема повеќе да страдаат“, рече американскиот претседател.Трамп го нарече Мадуро „нелегитимен диктатор“, обвинувајќи го дека бил директно одговорен за внесување „колосални количини смртоносна дрога“ во САД и дека раководел со нарко-картелот „Картел де лос Солес“. Мадуро претходно категорично ги негираше ваквите обвинувања и секоја поврзаност со организиран нарко-криминал.Американскиот претседател дополнително изјави дека Мадуро и неговата сопруга во моментот се наоѓаат на брод кој плови кон Њујорк, додавајќи дека наскоро ќе биде донесена одлука дали ќе бидат префрлени во Њујорк или во Мајами.Во продолжение на обраќањето, Трамп се осврна и на енергетскиот сектор, тврдејќи дека нафтената индустрија во Венецуела била „целосен неуспех“. Според него, големи американски компании ќе влезат во земјата, ќе инвестираат милијарди долари, ќе ја обноват нафтената инфраструктура и ќе започнат да создаваат приходи „за доброто на земјата“.Трамп нагласи дека САД се подготвени, доколку е потребно, да изведат и втора, „многу поголема“ воена операција во Венецуела. Тој откри дека американската војска првично сметала оти ќе биде неопходен и втор бран напади, но дека поради, како што рече, „успехот на синоќешната операција“, тоа веројатно нема да биде потребно.

Свет | пред 2 месеци

media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Франција, Бразил и ОН остро против американската воена интервенција во Венецуела: Ова е опасен преседан

Воената операција на Соединетите Американски Држави што резултираше со апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро претставува сериозно кршење на меѓународното право, оценија повеќе светски лидери и меѓународни институции, предупредувајќи дека станува збор за опасен преседан со далекусежни последици по глобалната безбедност.Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро соопшти дека операцијата ја нарушува основната забрана за употреба на сила, која претставува темел на меѓународниот правен поредок. Тој истакна дека трајно политичко решение не може да се наметне однадвор и дека исклучиво суверените народи имаат право да одлучуваат за сопствената иднина.Остра реакција упати и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој ја осуди американската воена интервенција како тешко нарушување на суверенитетот на Венецуела. Според Лула, со бомбардирањето на венецуелска територија и апсењето на шефот на државата, САД преминале „неприфатлива граница“, создавајќи сериозна закана за стабилноста на регионот и за зачувување на Латинска Америка како зона на мир.Лула предупреди дека ваквите дејствија претставуваат опасен преседан за целата меѓународна заедница и повика на силна реакција преку Обединетите нации. Тој повтори дека Бразил останува подготвен да посредува во дијалогот и дека воената интервенција може да доведе до хуманитарна катастрофа.Загриженост изрази и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој преку својот портпарол порача дека во конкретниот случај не било почитувано меѓународното право. Според Гутереш, американската операција создава опасен преседан и ја поткопува меѓународната правна рамка, поради што ги повика сите актери во Венецуела да се вклучат во инклузивен дијалог со целосно почитување на човековите права и владеењето на правото.И Данска реагираше со став дека меѓународното право мора да се почитува. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен оцени дека развојот на настаните е драматичен и дека неопходно е итно враќање кон деескалација и политички дијалог.Дополнително, Јужноафриканска Република повика на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, оценувајќи дека американската воена акција претставува јасно кршење на Повелбата на ОН, која забранува употреба или закана со сила против територијалниот интегритет и политичката независност на која било држава.Меѓународната заедница сè погласно предупредува дека ваквите дејствија можат да имаат сериозни последици врз глобалниот поредок, додека повиците за почитување на меѓународното право и за политичко, а не воено решавање на кризата во Венецуела, се сè поинтензивни.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

(Видео) Трамп најавува можен нов бран напади и американско управување со Венецуела

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да изведат втор, „многу поголем“ воен напад врз Венецуела, доколку тоа биде потребно, оценувајќи дека досегашната операција била „исклучително успешна“.Претседателот се осврна и на состојбата во венецуелскиот нафтен сектор, оценувајќи дека тој со години бил во колапс. Според него, големи американски компании ќе влезат во Венецуела, ќе инвестираат милијарди долари и ќе ја обноват нафтената инфраструктура.„Ќе ја поправиме индустријата и ќе почне повторно да носи пари за земјата“, изјави Трамп, поврзувајќи ја економската реконструкција со политичката стабилизација.Тој откри дека американската војска била подготвена и за втор бран напади и дека такво сценарио било сметано за веројатно, но дека по исходот од првата операција, таквата ескалација можеби нема да биде неопходна. Сепак, нагласи дека САД остануваат подготвени за многу поголема интервенција доколку ситуацијата го наложи тоа.Изјавите на Трамп предизвикаа сериозна загриженост и реакции во меѓународната јавност, особено поради директното поврзување на воената интервенција со идното управување со стратешките економски ресурси на Венецуела.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

(Видео) Tрамп тврди дека САД ќе ја водат Венецуела „некое време“: Воената операција во Венецуела беше извонредна

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени воената операција што Соединетите Американски Држави ја спроведоа во главниот град на Венецуела како „извонредна“, наведувајќи дека акцијата била изведена по негова директна наредба и траела во текот на ноќта и утринските часови.Во своето обраќање, Трамп истакна дека американската воена моќ била „преовладувачка“, дејствувајќи истовремено од воздух, копно и море. Според него, операцијата претставува демонстрација на целосна воена супериорност и одлучност на САД.Трамп го нарече Мадуро „диктатор“, директно обвинувајќи го дека бил дел од нарко мафијата, додавајќи дека поради него умреле илјадници луѓе, односно поради дрогата која ја расфрлале по улиците. Трамп рече дека Мадуро е во Њујорк, а таму ќе се носи одлука за неговата иднина.„Ние ќе ја водиме земјата некое време додека не дојде до правилна транзиција на власта. Ние носиме мир, слобода и правда во Венецуела“, изјави Трамп, без да прецизира колку долго би траела евентуалната американска контрола и под каков мандат.Тој потоа додаде „Подготвени сме за втора фаза ако е потребно“. Трамп им честиташе на сите кои учествувале во воената операција во Венецуела.Неговото обраќање, тука:

Свет | пред 2 месеци

media-librarytsi3bud86af22v3NMfG

(Фото) Трамп објави фотографија за која тврди дека го прикажува Мадуро на американски воен брод

Aмериканскиoт претседател Доналд Трамп објави фотографија на својата социјална мрежа Truth Social, за која тврди дека го прикажува венецуелскиот претседател Nicolás Maduro на бродот „USS Iwo Jima“, со кој, според неговите наводи, Мадуро бил пренесуван кон Соединетите Американски Држави.На фотографијата се гледа лице кое наликува на Мадуро, со маска преку очите, слушалки на ушите и облечено во сива тренерка. Трамп не објави дополнителни детали за тоа кога и каде е направена фотографијата, ниту пак достави официјална потврда од американските институции за нејзината автентичност.Објавата следува откако Трамп претходно изјави за американски медиуми дека венецуелскиот претседател бил заробен и транспортиран со американски воен брод, тврдење кое сè уште не е потврдено од Белата куќа или од владата на Венецуела. Венецуелските власти, пак, соопштија дека немаат официјални информации за местоположбата на Мадуро и побараа доказ дека тој е жив.До овој момент, американските институции не дадоа официјален коментар за фотографијата што ја објави Трамп, а нејзината автентичност и контекст остануваат предмет на шпекулации.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfi9ck3q6mna1avIKWBh

Објавено обвинение против Мадуро и неговото семејство: „Испратил илјадници тони кокаин во САД“

Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“.Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција која се движи од трговија со дрога, користејќи ги институциите за лична корист. Американското правосудство тврди дека венецуелските власти со децении биле вклучени во масовен шверц на кокаин, што „ги полни џебовите на државните службеници и нивните семејства, додека истовремено помага на насилни нарко-терористи да дејствуваат без казна и да учествуваат во производство, заштита и транспорт на тони кокаин кон САД“.Оптужницата ја опишува улогата на Мадуро како главен организатор на системот, кој од почетокот на својата политичка кариера, прво како пратеник, потоа како министер за надворешни работи и на крај како претседател, овозможувал транспорт на дрога под заштита на државата, издавал дипломатски пасоши на нарко-дилери и овозможувал непречен проток на авиони и бродови со дрога.Според американските власти, Венецуела години наназад била клучна точка за трговија со кокаин, со годишен проток од 200 до 250 тони. Дрогата се пренесувала кон САД преку морски рути низ Карибите и воздушен пат од тајни и официјални аеродроми под контрола на корумпирани државни и воени службеници.Оптужницата посочува дека режимот на Мадуро соработувал со низа нарко-терористички групи, вклучувајќи колумбиски герилски единици FARC и ELN, мексикански картели како Синалоа и Зетас, како и венецуелската криминална мрежа Tren de Aragua. Во замена за финансиска, оружена и политичка поддршка, овие групи имале слобода на дејствување на територијата на Венецуела.Неговата сопруга Силија Флорес се товари дека примала мито и учествувала во организирањето на шверцот, додека синот Николас Мадуро Герра бил директно вклучен во испраќање пошиљки кокаин, вклучувајќи планови за транспорт во Њујорк и Мајами. Американското правосудство ги товари за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи автоматски пушки и експлозивни направи. Во оптужницата се бара и заплена на имотот стекнат преку трговија со дрога и оружје.САД веќе не го признаваат Мадуро како легитимен претседател на Венецуела, а оваа оптужница ја продлабочува меѓународната изолација на неговиот режим. Американските власти најавуваат дека ќе продолжат со прогон на сите одговорни, без разлика на нивната политичка позиција.

Свет | пред 2 месеци

media-library8vbn0ij3kj5c0eZUVOM

Претседателката на Европската комисија порача: Стоиме покрај народот на Венецуела

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во саботата порача дека Европската унија стои покрај народот на Венецуела и ја поддржува мирната и демократска транзиција во земјата.„Стоиме покрај народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и ги повика граѓаните на Унијата во Венецуела да се потпираат на целосна поддршка од европските институции.Оваа изјава следи по американската воена интервенција во Венецуела. Соединетите Американски Држави изведоа напади врз земјата, а претседателот Доналд Трамп соопшти дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се уапсени и одведени надвор од државата.Нападот, кој беше од „големи размери“, го изведоа американските сили, а операцијата за апсење на Мадуро ја спроведе елитната специјална единица Delta Force. Ситуацијата во Венецуела останува кревка и неизвесна, додека меѓународната заедница ги следи развојот на настаните.

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

Мадуро се упатува кон строг федерален затвор – САД со сериозни безбедносни предизвици

Иако сè уште не е познато каде точно американските власти ќе го држат Николас Мадуро до почетокот на судскиот процес, обвиненијата против него се подигнати во Њујорк, што отвора можност тој да биде сместен во строго чуваниот Metropolitan Detention Center (MDC) во Бруклин.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро моментално се наоѓа на воениот брод USS Iwo Jima, кој плови кон Њујорк. Според американските медиуми, токму поднесувањето на обвиненијата во овој федерален округ овозможува негово задржување во еден од најобезбедените затвори во земјата.Metropolitan Detention Center е познат како објект во кој, пред да биде осуден на доживотен затвор, престојувал и озлогласениот водач на картелот Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Во истиот затвор привремено биле сместени и Шон „Диди“ Комбс, Гислејн Максвел, Р. Кели, како и Сем Бенкман-Фрид.Иако MDC е специјално опремен за притвореници со висок безбедносен ризик, тој денес е единствениот федерален поправен центар во Њујорк, откако Бирото за затвори го затвори комплексот на Менхетен по самоубиството на Џефри Епстин. Токму тој случај ја насочи јавноста кон сериозните проблеми во американскиот затворски систем.За сместувањето на Ел Чапо, кој претходно успеа да избега од затвор во Мексико, биле преземени исклучително строги безбедносни мерки. Во истиот објект бил притворен и Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија, коосновач на картелот Синалоа.

Свет | пред 2 месеци

media-library88540im8ne7m1fKx2La

Мадуро е тргнат од власт: Венецуела влегува во најнеизвесниот период во последните децении

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е тргнат од власт, објави американскиот претседател Доналд Трамп, но засега останува целосно нејасно што ќе се случува понатаму во земјата и како ќе изгледа Венецуела по падот на режимот, анализира Би-Би-Си.Станува збор за најдиректната американска интервенција во Латинска Америка од 1989 година, кога САД ја нападнаа Панама и го соборија тогашниот воен лидер Мануел Нориега. Во Вашингтон, ваквиот развој на настаните многумина го доживуваат како голема победа, особено тврдото крило во администрацијата на Трамп, чии поединечни функционери со години отворено се залагаа за промена на режимот во Каракас.Соединетите Држави подолг период го обвинуваа Мадуро дека предводи криминална нарко-организација, обвинувања што венецуелскиот лидер постојано ги негираше. Воедно, Вашингтон не го признаваше како легитимен претседател по изборите во 2024 година, кои меѓународните набљудувачи и опозицијата ги оценија како нерегуларни и неправедни.Од друга страна, властите во Каракас со години ги обвинуваат САД дека нивната вистинска цел е преземање контрола врз венецуелските нафтени резерви, кои се сметаат за најголеми во светот.Кој ќе ја преземе власта?Клучната непознаница, според аналитичарите, не е ставот на Вашингтон, туку што ќе се случува внатре во самата Венецуела доколку Мадуро навистина е отстранет од власта. Поддржувачите на американската интервенција тврдат дека тоа би можело да го отвори патот за преземање на власта од опозицијата, предводена од добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо или од опозицискиот кандидат на изборите во 2024 година, Едмундо Гонзалес.Сепак, бројни аналитичари предупредуваат дека таков развој на настаните нема да биде ниту брз, ниту едноставен. Венецуелската војска и паравоените структури досега му останаа лојални на Мадуро, а дури и дел од неговите критичари стравуваа дека директна американска воена интервенција би можела дополнително да ја дестабилизира земјата.Можни сценаријаИнформациите за апсење или отстранување на Мадуро би можеле да предизвикаат немир и кај неговите најблиски сојузници, кои би се обиделе да ги зачуваат своите позиции во хаотичниот транзициски период.Според анализите, можни се три сценарија:– Војската и државниот апарат на Мадуро ја задржуваат контролата, што би довело до масовни протести;– Опозицијата ја презема власта со поддршка од САД, при што структурите на поранешниот режим се распаѓаат;– Борба за власт меѓу приврзаниците на Мадуро и опозицијата, проследена со долготрајни немири, насилство и можна дополнителна интервенција на САД.По падот на Мадуро, Венецуела влегува во најнеизвесниот период во последните неколку децении, со отворени прашања за трансферот на власта, безбедноста, улогата на војската и долгорочните последици од американската интервенција врз целиот регион.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybkav4ako1ovk8UHOvwE

Русија: Венецуела мора сама да одлучува за својата судбина

Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди, како што го нарече, „чинот на вооружена агресија против Венецуела“ од страна на Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека сите „изговори“ со кои се обидува да се оправдаат ваквите потези се „неодржливи“.Во официјалното соопштение, руската дипломатија изрази солидарност со венецуелскиот народ и поддршка за, како што наведува, насоката на боливарското раководство, насочена кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата.„Идеолошките непријателства надвладеаја над деловниот прагматизам и подготвеноста за градење односи засновани на доверба и предвидливост“, се наведува во соопштението, со дополнување дека Латинска Америка мора да „остане зона на мир“.Москва повика на спречување на понатамошна ескалација и нагласи дека е неопходно изнаоѓање излез од кризата преку дијалог. „На Венецуела мора да ѝ се гарантира правото самостојно да одлучува за својата судбина, без какво било деструктивно, а особено воено мешање однадвор“, истакнува руското Министерство за надворешни работи.Во соопштението се наведува и дека руската амбасада во Каракас продолжува со редовно работење, додавајќи дека засега нема информации дека некој руски државјанин бил погоден од актуелните настани.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryu5bjh34t1pku3VCqBcG

(Видео) Неизвесност околу судбината на Мадуро: Венецуела бара доказ за живот

Соединетите Американски Држави со години го обвинуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е на чело на меѓународна мрежа за трговија со дрога, обвинувања кои тој постојано ги негира. Американските власти претходно понудија и награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење, потег што во регионот беше протолкуван како охрабрување за внатрешно свртување против него, особено во услови на значително зголемено американско воено присуство во последните месеци.Американскиот претседател Доналд Трамп не соопшти детали за начинот на кој Мадуро бил приведен, ниту каде бил однесен по акцијата.Трамп преку платформата Truth Social најави дека во 11 часот по источко американско време ќе одржи прес-конференција во неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде се очекува да изнесе повеќе информации за воената операција и за судбината на венецуелскиот лидер.Во меѓувреме, остануваат бројни непознати околу утринските напади. Не е јасно колкава штета е нанесена врз погодената воена инфраструктура, ниту колкав е бројот на загинати и повредени. Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, изјави дека властите собираат податоци за жртвите и тврди дека дел од ударите погодиле и цивилни подрачја. Тој порача дека земјата ќе се спротивстави на присуството на странски војници.Дополнителна неизвесност внесе и изјавата на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која соопшти дека владата не располага со информации за тоа каде се наоѓаат претседателот Мадуро и првата дама Силија Флорес. Таа нагласи дека венецуелските власти бараат „итен доказ за живот“ за двајцата, додека меѓународната јавност со внимание го следи развојот на ситуацијата.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања