Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Муцунски го поздрави апсењето на Мадуро: Стоиме со САД и народот на Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryg7cqrjogbsad0CGbAbI

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој, според објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, ноќеска бил приведен од американските сили во Каракас и ќе се соочи со судски процес во Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски наведе дека ја поздравува одлуката Мадуро да биде изведен пред лицето на правдата, оценувајќи дека одговорноста е суштински елемент за владеењето на правото и демократијата. Тој упати и пофалби до американскиот државен секретар Марко Рубио, за, како што напиша, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.

— реклама —

„Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите Американски Држави и со народот на Венецуела во борбата за слобода и демократија“, порача Муцунски.

— реклама —

Претходно, по неколкумесечни зголемени тензии во регионот, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД го заробиле венецуелскиот лидер по серија координирани напади на повеќе локации во земјата. Според објавените информации, Мадуро е на пат кон САД, каде што против него веќе се водат постапки поврзани со сериозни обвиненија за трговија со дрога и оружје.

media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Франција, Бразил и ОН остро против американската воена интервенција во Венецуела: Ова е опасен преседан

Воената операција на Соединетите Американски Држави што резултираше со апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро претставува сериозно кршење на меѓународното право, оценија повеќе светски лидери и меѓународни институции, предупредувајќи дека станува збор за опасен преседан со далекусежни последици по глобалната безбедност.Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро соопшти дека операцијата ја нарушува основната забрана за употреба на сила, која претставува темел

Свет | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања