Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВИЛА ВОДНО

media-libraryo21b1mmlhtq90ONwZIS

Шпионски скандал кај претседателката Сиљановска: обвинителот пет месеци чека снимки од видеo-надзорот за да види дали вработени краделе податоци

Повеќе од пет месеци, далеку од очите на јавноста, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води предистражна постапка за сомнежи за недозволени активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно.Предметот е отворен по известување од МВР – Сектор за компјутерски криминал, а се однесува на настан од 24 ноември 2025 година и, како што Обвинителството вели за „Скопје1“, „постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес“.Според информациите од ОЈО ГОКК, истрагата се однесува на сомнежи дека доверливи електронски податоци од Кабинетот на претседателката биле неовластено преснимувани, а неофицијално се шпекулира дека дел од информациите можеле да завршат кај странски разузнавачки структури.Во рамки на постапката, обвинителството побарало судска наредба за пребарување на компјутерски систем, екстракција на податоци од компјутери и лаптопи, како и обезбедување на снимките од безбедносните камери во Вила Водно.„Дополнително, до Кабинетот на Претседателката беше упатено барање за доставување копии од видео записите од безбедносните камери поврзани со пријавениот настан, за периодот во кој истиот се случил“, велат од ОЈО ГОКК за „Скопје1“Но, и покрај сериозноста на предметот, обвинителството наведува дека со месеци не може да дојде до снимките од видео надзорот.„На почетокот на 2026 година, по добиено известување дека Кабинетот на Претседателката не располага со копии од видео надзорот, бидејќи опремата е набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР, предметниот јавен обвинител се обрати и до СОЗР и до МВР за нивно итно обезбедување“, соопшти обвинителството за „Скопје1.Од СОЗР, според ОЈО ГОКК, било одговорено дека тие не располагаат со снимките, туку само ја набавиле опремата, додека чувањето на записите е во надлежност на МВР.„И покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видео надзорот“, додаваат од обвинителството.Во март годинава, МВР доставило и два мобилни телефони одземени од пријавено лице кое работело во Вила Водно, по што обвинителството издало наредба за нивна екстракција и анализа.„На 16.03.2026 година, МВР достави известување за дел од преземените активности кои се однесуваат на обезбедување пристап до криптираните податоци од дотогаш екстрахираната компјутерска опрема“, наведуваат од ОЈО ГОКК.Дополнително, обвинителството побарало и анализа на податоците од телефоните, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема.Неофицијално, сомнежите се дека вработен во Кабинетот на претседателката пристапувал до електронски податоци, ги копирал, енкриптирал и складирал на надворешни носачи на податоци, а случајот наводно бил откриен од друго ИТ лице кое го пријавило во МВР.Во меѓувреме, според неофицијални информации, до обвинителството била доставена и кривична пријава во која се изнесуваат сериозни наводи за шпионажа, прикривање докази и злоупотреба на службена положба, а се споменуваат и лица од високи државни институции.„Скопје1“ не може независно да ја потврди автентичноста на тие наводи, ниту точноста на содржината на пријавата, а за лицата што се споменуваат нема официјална потврда дека против нив се води постапка.„Скопје1“ побара став и од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Доколку добиеме одговор, истиот ќе биде дополнително објавен.

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања