Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВИНИЦА

brza-pomos-nokje-3

Млад возач со тешки повреди во болница: несреќа во близина на Виница

На 18.12.2024 околу 06.40 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Првалец - с.Смојмирово, на место викано „Горна Осојница“, патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(53) од Берово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(22) од Берово, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани и Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Директор на комунално во Виница на јадење и пиење потрошил 2.249.950 денари, поднесена му е кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 во врска со член 45 од Кривичниот Законик. Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари.Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари.На тој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари .

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања