Промени тема
Контакт

ВЛАДА

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Дрска, скандалозна, со незаконско постапување - Тошковски ја опиша Владата на Џафери

Дрски, кои донесоа незаконска и скандалозна одлука. Ова се зборовите со кои техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски ја опиша техничката Влада предводена од Талат Џафери. Според него, незаконски е чекорот со кој, Владата му ги укинува издадените наредби во рамки на МВР.„Целовкупното поведение на техничката Влада во најмала мера е чудно за сите, а јас можам да кажам крајно незаконито и скандалозно. Ги знаете одлуките за актите кои беа потпишувани, за одлуката за СВР Тетово, а сега

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Толку е: Неславен крај на фабриката за автомобили каде Ковачевски и Џафери со министрите од ДУИ фрлаа лопати

Пред една година најавија голема инвестиција за вработување на 900 лица и доделија пари на граѓаните, се сликаа со лопати. По една година, увидоа дека ништо од фабриката за автомобили и ги повлекоа парите. Лопати со цемент фрлаа тогашниот премиер Димитар Ковачевски, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. На настанот се собраа куп државници. Сега од ТИРЗ велат – запираме со доделувањето на државните средства.„Дирекцијата на ТИРЗ како застапник на Владата

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го

Македонија | пред 2 години

06032024_PVRSM_XHAFERI-2

Џафери испрати порака до студентитe, ама оние од Приштина

Денес претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше во посета на Колеџот ААБ во Приштина, Република Косово.Според агендата, премиерот првично имаше средба со Управниот одбор и ректорот на Колеџот ААБ, Блерим Олури. Колеџот ААБ е првата приватна високообразовна институција во Косово, основана веднаш по војната на Косово, по создавањето на новите економски, социјални и културни односи за нормален живот на косовските граѓани, нарушувајќи ги на овој начин монополските

Македонија | пред 2 години

talat-bujar

Џафери и Османи нека ги сликаат граѓаните бидејќи се амбицициозни дека замената на документи ќе заврши навреме, им рече Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да одат во МВР и да фотографираат граѓани, ако веќе се оптимисти дека за еден месец можат сите 100.000 граѓани кои имаат неважечки пасош, да добијат лична карта. Тошковски одново ги повика партиите да се изгласаат измените на Изборниот законик, бијдеќи само така со пасошите кои имаат рок а немаат „северна“, ќе може да асе гласа.„Ако е толку оптимист

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-06-at-10.47.03

(Видео) Пасошите го изнервираа Џафери - новинарка му најде замерка, тој почна и да вика

Техничкиот премиер Талат Џафери посочува дека од 1 февруари до 29 февруари, МВР добило вкупно 123.000 барања за пасоши, од кои, според него, изготвени се 95.267 исправи. Според него, ова е показател на динамиката на работа. Џафери кажа дека се примени 82.235 барања, а издадени се 71.410 лични карти. За возачки дозволи кажа дека 46.210 барања се примени, а изготвени се 39.552. Тој ја префрли одговорноста кај граѓаните. „Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои

Македонија | пред 2 години

27022024_VRSM-2

Што е забрането за користење од министрите и премиерот

Со член 8-б став 1 од Изборниот Законик е уредено дека „за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста“.Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степ

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-22-at-10.14.44

(Видео) Ќе земаат по 2.500 евра месечно, цела година: Ковачевски и Спасовски остануваат на товар на буџетот

Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа. Пратениците од СДСМ биле единствено присутни во салата, а со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата. Со ова, цела година, Ковачевски и Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра месечно.„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана пор

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е бара

Македонија | пред 2 години

01032024_Pres_Avramovska-Madic_Mojsoski_2

10 милиони евра-финансиска поддршка од државата за спортистите, спортските клубови и спортските федерации

Законот за изменување на Законот за спортот има за цел обезбедување на финансиски поттикнувања, субвенции по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување и развој на спортот, организирање на национален систем на натпревари, учество и пласман на државно и меѓународно ниво.„Законот беше предложен од Министерството за прав

Македонија | пред 2 години

27022024_VRSM-2

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка усвоен од Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој беше подготвен на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.Со изгласувањето на овој закон се дава зелено светло за воведување на дополнителен антикорупциски механизам во нашето законодавство, со цел да се постигнат поголеми резултати во борбата со корупцијата и организираниот криминал, односно поефикасно спр

Македонија | пред 2 години

vlada-kovacevski

Во Владата на Ковачевски имало бунт кога требало да се стопира зголемувањето на функционерските плати

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, кажа дека имало дискусии во Владата, но во претходниот состав, а поврзана со стопирањето на новото зголемување на функционерските плати. Тој кажа дека имало поединци кои не се согласувале тоа да се случи.„Не се дискутирало на сегашниот состав на Влада за функционерските плати. Имавме претходни дискусии, имаше законски решенија, но едоставно немаше разбирање од сите чинители кои се дел од Владата. И ние како СДСМ кои сметаме дека во општеството мор

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Џафери отиде во Тирана

Претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, од денеска, 28-ми февруари, е во работна посета на Тирана, Република Албанија.Во состав на владината делегацијата се и Бојан Маричиќ, прв заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и Бујар Османи, министер за надворешни работи и Филип Николоски, заменик министер за финансии.Премиерот Џафери ќе присуствува и ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, во чијшто фокус е Планот за раст на Зап

Македонија | пред 2 години

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Од 7. владина седница: Заклучок во врска со случајот на Леонид Индов;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го разгледа случајот на Леонид Индов, за што детално информираше министерот за здравство.Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.Во врска со ова прашање, Владата донесе заклучок со којшто го задолжи министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за

Македонија | пред 2 години

27022024_VRSM-2

Техничката Влада донесе стратегија за Македонија за во следните 20 години

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е Канцеларијата на Претседателот на Владата Владата на Република Северна Македонија.„Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата.Националната развојна стратегија е најголемиот стратешкиот д

Македонија | пред 2 години

zdravko27022024

Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми, вели Трајанов

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата Аргумент плус што се емитува на телевизија 24.Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на

Македонија | пред 2 години

hq_boristrajkovski_1493888704

20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.На овогодинешното одбележување во Бутел, Скопје, со почеток во 12:00 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешн

Македонија | пред 2 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска со отворено писмо до учесниците на изборите

Вицепремиерката Славица Грковска, која е задолжена за добро владеење, испрати отворено писмо до сите учесници во изборите.„Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности. Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-12-at-14.00.12

„Делата нивни зборуваат, нема што посебно да додадам“, Џафери предложи министри за здравство и информатика

Техничкиот премиер Талат Џафери предложи Илир Демири да биде избран за минситер за здравство.„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност“, кажа Џафери.Наим Бајрами е предлог министер за информатичко општество и администрација.„Тој е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и

Македонија | пред 2 години

09022024_PVRSM_XHAFERI-1

(Видео) Статус на Таравари го натерал Џафери да бара разрешување на министрите

Во три минути, техничкиот премиер Талат Џафери образложи зошто бара министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити.„Предлогот за разрешување не се однесува на професионалниот аспект за што имам особена почит. Со оглед дека претседателот на Таравари најави на Фејсбук дека ќе делува од опозиција, а статутот вели дека не може два опозициски субјекти да има во Владата“, додаде тој.Според него, Владата за спроведувањ

Македонија | пред 2 години

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

„Идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред, оти оваа е неспособна до коска“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сегашната влада е неспособна до коска, а идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред.„Не знам кој ја смислил идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, но мене ми е сосема во ред.До нови избори кои се насушни.Бидејќи оваа сегашна влада, октроирана, е неспособна до коска. Стоиме во место и од ден на ден е сé полошо. Исток не нé запишува

Коментари | пред 3 години

03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

(ВИДЕО) Ковачевски го претстави буџетот, има огромни очекувања кои ги објаснуваше еден час

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:„Како што знаете, предлог Буџетот 2023 е

Актуелно | пред 3 години

20072022_VRSM_sednicaVlada-4

Како ќе се поддржат компаниите, а како граѓаните поради енергетската криза

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 09.10.2022 година (недела), ќе одржи редовна, 88-ма седница.На дневен ред на седницата ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза.За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана.

Македонија | пред 4 години

nova-vlada-2022

Мали промени на министри во Владата, најави Ковачевски

Нема да има големи нови промени во кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.„Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер“, кажа Ковачевски.Иако се споменуваше празнење на ресорот здравство, засега тоа не го споменува премиерот Ковачевски.„Јас мислам дека ќе има само мали промени. Освен министер за локална самоуправа, нема друг план“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

oktopod

Коментар на денот: Владата набавува морски плодови за 20.500 евра, Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб

Божидар Божиновски се огласи во срска со договорите кои ги склучила Владата со фирма од Скопје. Фирмата треба да ја снабдува Владата со свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра/„'Владата набавува морски плодови за 20.500 евра'Шо е сиротињо? Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања