Промени тема
Контакт

ВЛАДА

Vlada-hrana

„Вака Чаушеску тераше и на крај се заврши ко што се заврши“, реакции за луксузирањето на Владата

Свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра за Владата иако се продлабочува економската криза. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната, пренесува Алсат.Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба.Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со

Коментари | пред 4 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска ќе го „трансформира“ општеството, формирала и совет

На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата на Република Северна Македонија на денешната 82-ра седница донесе одлука за основање на Национален совет за дигитална трансформација на општеството.Со Советот ќе претседава заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, а како членови ќе бидат вклучени министерот за информатичко општество и администрација, министер

Македонија | пред 4 години

10092022_PVRSM_grozdober_4

Ковачевски береше грозје

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје.Премиерот Ковачевски ја искористи денешната пригода, да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат

Македонија | пред 4 години

51825283177_d4642d4247_c

Битиќи: Комплетно завршени 36 проекти од ТАВ програмата, повеќе од 15 милиони евра реализирани во општините низ цела земја

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на - Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата.Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред една година беа потпишани 94 договори за реализација на инфрастру

Македонија | пред 4 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата закажа нова седница, меѓудругото, ќе се разговара и за Законот за градење

Владата на Република Северна Македонија денеска 30.8.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 75-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.Целта на предложените измени е, предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошув

Македонија | пред 4 години

28082022_PVRSM_den_na_rudarite-4

Ковачевски: Рудари, среќно!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Пробиштип учествуваше и се обрати на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите - 28 август.На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 800 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка.Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:„Нека ни е честит

Македонија | пред 4 години

26082022_PVRSM_sredba_Shvedska_ambasadorka_1-3

Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорката Бенгтсон: Голема поддршка од Шведска за напредокот на Македонија во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорката на Шведска, која го завршува нејзиниот мандат во Република Северна Македонија.На состанокот е потврдено искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка којашто се унапредува.Соопштено е дека продолжува големата поддршка од Шведска за натамошен напредок на нашата држава во евроинтеграциите на Северна Македонија, по почетокот на преговорите, како

Македонија | пред 4 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Ковачевски се пофали со грозјето, горд на себе за успехот

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржаа средба со лозарите и со претставници на винариите. По средбата премиерот Ковачевски на прес-конференцијата истакна дека годинава, постигнат е договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30%.„Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени

Македонија | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Дали е доволна: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9% и достигна 31.869 денари

„Владините мерки даваат позитивни резултати во континуирано зголемување на просечната месечна нето-плата“, велат од Владата.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец.Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 10,9 отсто во јуни годинава, се должи пред се на растот на платите во секторите:

Македонија | пред 4 години

18082022_Kovachevski_30-godini-jubilej_Armija_1

Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата која е столб на безбедноста, стабилноста и достоинството

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.„Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата - 18 август.Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедност

Македонија | пред 4 години

09022022_PVRSM_Kovacevski_Otvoren-Balkan_2

(ВИДЕО) Ковачевски го пречекува шпанскиот премиер, заедно со Груби, Маричиќ, Петровска

Премиерот Ковачевски заедно со владина делегација во состав од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе ја пречекаат шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез, со највисоки државни почести, во 17:00 на платото пред Владата на Република Северна М

Македонија | пред 4 години

drva

Не смее да се извезува огревно дрво, брашно, палети!

Со цел да се заштити домашното производство, и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар, за да се избегне растот на цените, во насока на задржување на стандардот на граѓаните, Владата на денешната седница донесе две одлуки, едната за ограничување на извозот на одредени производи и другата за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата, кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одл

Македонија | пред 4 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата ќе ја одржи 63-та седница

Денеска, 20.7.2022 година (среда) ќе се одржи 63-та седница на Владата на Република Северна Македонија.По одржувањето на седницата, којашто е предвидено да започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Македонија | пред 4 години

protesti-sobranie-5

Вечер пак ќе се случи народ

„Вчера, на шестиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата на Македонија, на кој народот вели НЕ за ‚‚францускиот предлог‘‘, народот излезе во огромен број и покрај заплашувањата кои ги оркестрира окупационата Владата на СДС и терористичката ДУИ“, велат од Левица.Тие додаваат:За денеска, најавени се БЛОКАДИ низ државата, вклучувајќи го и главниот град, каде ќе се блокира пред Владата на РМ. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат со своите возила во периодот од 13 до 14 часот.Разноли

Македонија | пред 4 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ: „Ќе ја напуштиме владата ако се прифати францускиот предлог, за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара“

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше за француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.Оттаму порачуваат дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности.„ ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе г

Македонија | пред 4 години

11

Народот кажа масовно и гласно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест во 19:00 пред Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ„И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен док

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-07-01-at-13.47.59

(ВИДЕО) Ковачевски не одговори дали има поддршка од сите коалициони парнтери: На следен состанок ќе имаме став

Нема конкретен одговор дали Договорот за добрососедство ќе ја внесе историјата во преговорите на Македонија со ЕУ. Премиерот Димитар Ковачевски објаснуваше за добивките од влезот во ЕУ, наместо да даде одговор што ќе донесе вметнувањето на овој договор во преговарачката рамка.„Во однос на Договорот за добрососедство, подоцна ќе објаснат Маричиќ и Османи. ЕУ почива на добрососедски односи. Доколку ги погледнеме земјите членки на ЕУ, сетете се на Првата светска војна. Сите тие ги надминале разлики

Македонија | пред 4 години

kovacevski-koalicioni-vlada

(ВО ЖИВО) Ковачевски најави прес-конференција во 13:30 часот

Денеска 1.07.2022 година, во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе присуствуваат и членовите на владината коалиција.Видео материјалот од прес-конференцијата на премиерот Ковачевски ќе можете да го преземете на следните линкови:

Македонија | пред 4 години

kovacevski

Ковачевски и натаму на состанок со партиите: Одлуката за францускиот предлог ќе ја донесеме заеднички

Премиерот Димитар Ковачевски и натаму е на состанокот со коалиционите партнери во Владата. Тие неколку часа разговараат за францускиот предлог.„Со владината коалиција денес разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, напиша Ковачевски.Тој објави и фотографии.

Македонија | пред 4 години

kovacevski-432141234

Ковачевски: Денеска по средбата со владината коалиција ќе го објавиме предлогот од француското претседателство

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.Воедно премиерот Ковачевски за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на кој

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-06-30-at-20.50.00

Ковачевски не открива дали Македонија прави нови отстапки за Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, најави дека францускиот предлог ќе биде доставен до Собранието. Не кажа дали Македонија треба да прави нови отстапки. За вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Ковачевски рече: „Ние имаме изјави од сите политички актери дека е процес кој сите ќе го поддржат“.„Во однос на поддршката и прифаќањето на она што сметаат нашите граѓани и другите носители во државата, сметам дека треба да биде со најширок консензус бидејќи на ваков начин ние правиме исчекор кон отв

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-06-30-at-20.49.24

ВИДЕО: Историските прашања не влегоа во преговарачката рамка

По седницата на Владата, премиерот Димитар Ковачевски, не сакаше да го коментира францускиот предлог. Засега е познато само дека историските прашања не се влезени во преговарачката рамка. Ќе има консултации со сите, најави премиерот.„Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека имаа процес кој го поминаа изминатиот период. Со оглед дека имаше драфт идеји на кои ние имавме забелешки – таков процес не можеше да се отпочне. Кажав дека нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на

Македонија | пред 4 години

vlada-54252345

И Владата се изјасни по Макрон: Пристигна предлог од француското претседателство

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.Како што ветивме, одлуката за нашата ид

Македонија | пред 4 години

29062022_PVRSM_Pratenicki-prasanja_1

Ковачевски се фалеше од собраниската говорница

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100% и платите продолжуваат да се зголемуваат.„Ако пред 6 години беа потребни 4,25% минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка сега се потребни 2 минимални плати за да се покрие 1 потрошувачка кошничка. Сите вие критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата, дури од ВМРО - ДПМНЕ економистите кои ги почитувам ј

Македонија | пред 4 години

20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Арсовски: Кога веќе призна Ковачевски дека тајно се преговара, што преговараат и кои се позициите на тимот кој преговара?

„Димитар Ковачевски призна дека во моментов, изминативе неколку дена, вклучително и денес сеуште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓан

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања