Промени тема
Контакт

Ковачевски се фалеше од собраниската говорница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
29062022_PVRSM_Pratenicki-prasanja_1

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100% и платите продолжуваат да се зголемуваат.

„Ако пред 6 години беа потребни 4,25% минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка сега се потребни 2 минимални плати за да се покрие 1 потрошувачка кошничка. Сите вие критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата, дури од ВМРО - ДПМНЕ економистите кои ги почитувам јавно излегуваа и кажуваа дека не треба да се качува минималната плата. Имаа свој концепт но јас сметав дека овој концепт тој којшто треба да се следи. Второ, ако ја видиме просечната плата, таа е качена над 60 евра, над 31.000 денари зошто, затоа што начинот на поддршка на инвестициите и субвенционирање на инвестициите којшто порано беше субвенционирање на инвестиции заради отворање на работни места со евтина работна сила сега е субвенционирање на работни места заради повисоко платени работни места. Сега ако отидеме во ТИРЗ-овите, сите работните места се со плата над просечната“, рече Ковачевски.

— реклама —

Премиерот Ковачевски истакна дека во периодот од 2006 до 2016 година, значи нема поголемо покачување на плата од 5 проценти по различни области, затоа што тогаш земјата беше промовирана како земја на евтина работна сила и се отворија 14 илјади работни места со плати од по 9.000 денари во технолошко индустриските зони.

— реклама —

„Денес имаме зголемување на платите значи трошоците се пораснати за 13,5 проценти од тоа време, а само минималната плата е зголемена за 100 проценти. Лекарите се зголемени од 5 до 25 проценти, наставниците имаат историски најголемо зголемување на платите, да не заборавиме за 10 години имаа 5 до 6 проценти зголемување. Сега имаат 21 комулативно до сега и со новиот договор со СОНК ќе биде плус 14 проценти и дополнително зголемување од идната година, истото се однесува и на универзитетските професори. А додека со ССМ веќе се водат преговори кои верувам дека ќе вродат со плод и тоа не само зголемување на платите туку и враќање на К-15.

— реклама —

Ќе има воведување на нов закон во кој ќе има, односно ќе се знае кој има највисока плата, дали тоа ќе биде претседателот на државата, дали тоа ќе биде претседателот на Врховен суд како што е регулирано во најголем дел од ЕУ држави, а не најголеми плати да имаат директори на јавни претпријатија, помошници на јавни претпријатија кои што водат фирми со загуби и имаат некакви измислени договори што се измислени во тоа време, во државни фирми на кои не може да им се дознае колку им е плата и колку имаат бонуси ставено внатре, и тоа исто така ќе биде договорено со синдикатот,“ рече премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања