Промени тема
Контакт

Ковачевски: Рудари, среќно!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28082022_PVRSM_den_na_rudarite-4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Пробиштип учествуваше и се обрати на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите - 28 август.

На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 800 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Нека ни е честит Денот на рударите!

Ми претставува чест и задоволство што денеска на христијанскиот празникот Голема Богородица која важи за ваша заштитничка, сум во рударски Пробиштип и заедно го одбележуваме овој значаен ден.

Успесите кои ги бележи рударскиот сектор години наназад се резултат на личните заложби на секој еден од вас, на макотрпната работа на рударите, инженерите, менаџерите, стручните кадри кои со вашето посветено работење придонесувате во неговото унапредување, а со тоа и на развојот на државата.

— реклама —

Тоа се гледа и во постигнатите резултати. Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја. Со повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на државата вашиот сектор е клучен за нашиот напредок. Во Република Северна Македонија имаме над 100 активни рудници кои заедно со своите придружни дејности вработуваат околу 10.000 луѓе. Убеден сум дека и понатаму овие рудници ќе продолжат со својата активна работа, со отворање нови работни места и со одржување на високите стандарди на условите и безбедност при работа за своите вработени и заштитата на околината.

Еден од овие рудници е и рудникот Злетово овде во Пробиштип, кој со амбициозна стратегија и план од стечај за краток временски период, успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата ,,Булмак 2016”, која управува со рудникот Злетово, но и со рудникот Тораница дури и во време на криза и пандемијата е меѓу првите 30 компании во земјата според успешноста. Во целиот овој период во овие два рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и зголемени се платите на вработените во однос на претходните години.

Секако дека во целиот овој процес на успешно работење свој придонес има и Владата, затоа што развојот на компаниите, но и инвестирањето во човечки капитал, како непроценлив работен потенцијал значи одржлив развој на општините и забрзан економски раст на земјата.

— реклама —

Исправивме една огромна неправда за рударите која се провлекуваше со години наназад. Со законските измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што Владата ги направи во 2018 година го исполнивме долгогодишното барање на рударите. Сега во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рударите се пензионирале на 58 годишна возраст, по ново во пензија заминуваат на 50 годишна возраст, а во периодот од 2018 до денес ова право го оствариле 105 рудари.

Обезбедивме и континуиран раст на платите. Преку системски решенија за зголемување на платите и во услови на најголема криза растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.869 денари. Во ова зголемување на просечната плата со 4,3% учествува и секторот рударство и вадење на камен.

Обезбедувањето на подобар стандард и услови за работа останува наш врвен приоритет. Грижата за работниците и граѓаните е наша основна цел, на која продолжуваме да работиме.

— реклама —

Со огромна почит искрени честитки до сите рудари кои активно работат, но и оние кои веќе го имаат завршено својот работен ангажман и се пензионирани. Високо ја ценам вашата макотрпна работа, пожртвуваноста и часовите труд поминати во јама и на коповите. За таа цел продолжуваме со носење законски решенија и политики со кои се обезбедува подобар стандард и услови за работа за рударите.

Нека е честит и вековит празникот. Ви посакувам да се живи и здрави, да напредувате на личен план и со својот труд да продолжите да придонесувате во растот на нашата економија и развојот на државата.

Рудари СРЕЌНО!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања