„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вмро-дмне

media-libraryi0ubh5dajr3b3DHCwXb

Пешевска: Најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова и ги повикувам сите женски организации да го направат истото

„Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во Пулс“, вели Жаклина Пешевска и додава:„Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува.Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска.И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои.Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна за парите и се заплетка во лагите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците кои биле доставени од свиркачи, а се однесуваат на парични средства кои од сметката на партијата завршиле во џебови на нејзиното тесно раководство, се точни.Од партијата нагласуваат дека парите од сметката на Левица, по различни основи, завршиле кај раководството, а дополнително посочуваат дека Јована Мојсоска самата изнела информација дека била сметководител на Левица. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ова е вистина, станува збор за противзаконски акт.Во соопштението се повикуваат и на Законот за пратениците, при што детално се цитираат членовите:Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“„Законот е јасен – Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица, „бегајќи од вистината, се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски средства за лични потреби на раководството“.Во реакцијата се наведува и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, партијата испумпува пари на лични трансакциски сметки“.„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат средства. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се произнесе за „Рекет 2“ и да се откријат сите вмешани

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Јавното обвинителство и обвинителот Љубомир Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако, како што наведуваат, постојат индиции и сомнежи за сериозен криминал и корупција.„Јавноста има право да знае што се случува со случајот ‘Рекет 2’ и зошто јавниот обвинител Коцевски сè уште го прикрива. Коцевски да не молчи за случајот ‘Рекет 2’, во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, а се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се открие кој бил рекетиран, во кој временски период се случувале настаните, кои се причините и за колкава сума тројцата поранешни обвинители сакале да извршат рекет, како и дали бил вмешан познат скопски адвокат.„Како функционирала шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ? ЈО и Коцевски мора да го расчистат случајот. Правда и одговорност мора да има,“ додаваат од опозициската партија.

Македонија | пред 3 месеци

e69b1b68-501b-4594-9831-6782a6becb54

Филипче за Слободен печат: Мицкоски треба да одговори дали комуницирал со групи кои биле следени и зошто?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ.Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски по налог на Заев и Филипче

СДС не бирале средства и методи за да останат на власт што е можно подолго, злоупотребувајќи институции, државни ресурси и целиот безбедносно-разузнавачки апарат, обвини и денеска ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека заради одржување на власта, безбедносните служби биле ставени во партиска функција со цел следење и прислушкување на политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности.Според соопштението, во периодот кога СДС била најголема опозициска партија, со помош на нивни кадри поставени во агенциите за разузнавање и безбедност, пет години бил следен и прислушкуван претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки,“ се наведува во реакцијата.Од партијата додаваат дека со следењата и прислушкувањата СДС сакале да го запрат нивниот пад од власт, да го придушат секој слободен и критички глас од новинари и јавни личности, како и да вршат уцени врз стопанственици.„Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт. Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ наведува дека цели пет години службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.Дополнително, како што посочуваат, асистенција во тоа давал и сегашниот главен обвинител Љупчо Коцевски, кој бил одговорен за издавање на ПИ мерките и претставувал „главна алка“ во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.„Тоа е истиот тој Коцевски кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување,“ додаваат од партијата.Во заклучок, ВМРО-ДПМНЕ бара и очекува Јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага за овој скандал „од невидени размери“, со која ќе бидат опфатени сите што ги злоупотребиле институциите и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатурата на Мециновиќ е договор на Левица со СДСМ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Левица дека со кандидатурата на пратеникот Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје влегла во политички договор со СДСМ и ДУИ, со цел да се спречи победа на Орце Ѓеорѓиевски во првиот изборен круг.„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг. Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник на Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ,“ стои во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија и на ставовите на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој бараше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што се кандидираат за градоначалници да поднесат оставки од собраниските функции.„Го прашуваме Мециновиќ, со оглед на тоа што Апасиев го бараше истото од нашите пратеници, дали и тој ќе си поднесе оставка од пратеничката функција бидејќи е кандидат за градоначалник на Скопје,“ се додава во реакцијата.

Македонија | пред 3 месеци

Penzioneri

СДСМ тврди: Владата им подготвува историска измама на пензионерите

СДСМ реагира на новото законско решение кое го подготви Владата за линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари во септември и март.Со ова решение, смета опозицијата, Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.Тие пресметале колку губат пензионерите.,,Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%.За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување.Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари.За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку.За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон.Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото“, тврдат од СДСМ.Адвокатот Валентин Пепељуговски предлага, Владата како што сака линеарно да ги зголеми пензиите, да донесе Закон со кој покачувањата за државните службеници и за сите функционери исто да биде линеарно.

Македонија | пред 5 месеци

apasiev

Левица обвинува: ДПМНЕ ја продава историјата и јазикот за европски аплаузи

Левица повикува македонските институции јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања, смета Левица.„Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност. Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.Наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет (одамна признаени од ОН и научната јавност) се неспорни, МНР се надоврзува на срамната Резолуција на Европскиот парламент со обид за нејзина практична имплементација, токму она што Софија со нетрпение го очекува. Заедничка резолуција со земја која со децении ги негира нашите основни права и има иредентистички аспирации значи прифаќање на услови кои директно го поткопуваат македонското самоопределување.Благодарение на однародени и бизнис-ориентирани политичари, Република Македонија, која веќе го смени знамето и уставното име под странски диктат – со ДПМНЕ е на пат да стане првата држава што ќе го доведе под прашање и сопствениот службен јазик.Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи.Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија.На дело гледаме како “патриотите” од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Со ДПМНЕ на власт, Македонија уште побрзо се претвора во држава без став и кичма, која тргува со историјата и идентитетот за неколку тапкања по рамо од странство”, вели Левица.

Македонија | пред 5 месеци

stojanoski-2

Стојаноски: Со Ѓорѓиевски, скопјани ќе добијат градоначалник кој е достапен и кој ќе ги реши проблемите

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Само Вистина“ на телевизија Канал 5. Стојаноски истакна дека со кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до граѓаните за нов почеток. Според него, Ѓорѓиевски е подготвен да го рестартира градот Скопје и да донесе вистински промени кои се во интерес на граѓаните на Скопје.„Со кандидирањето на Ѓорѓиевски сакавме да ја покажеме и да ја испратиме пораката кон граѓаните дека лекцијата од претходните избори е научена. Ѓорѓиевски е човек којшто доаѓа прво од партиската база на ВМРО-ДПМНЕ, второ човек којшто е докажан веќе во една од скопските општини со конкретни мерливи проекти“, кажа Стојаноски.Стојаноски истакна дека Скопје конечно ќе добие градоначалник кој ќе биде достапен за граѓаните. Според него, Ѓорѓиевски ќе го рестартира Скопје од ситуацијата во која моментално се наоѓа.„Ние на граѓаните ќе го понудиме тоа што и самиот Ѓорѓиевски вчера го кажа, односно човек којшто ќе го воскресне градот Скопје, ќе го рестартира од оние ситуации каде што сега се наоѓа. Сето она кое што го правеше во Кисела Вода, само ќе го направи едно ниво погоре и ќе го прави истото во градот Скопје. Тоа значи дека конечно ќе добиеме градоначалник прво, којшто ќе биде достапен, понатаму повеќе нема да зборуваме колку градот ни е исфлекан, колку е хигиената е на едно недостоинствено ниво“, рече Стојаноски и додаде:„Понатака, секако рестартирање на градскиот јавен превоз и културата на живеење, унапредување на едно повисоко ниво. Инфраструктурните проекти коишто треба да се започнат и оние кои што се барања на граѓаните на Скопје да ги заврши. Само со неговото кандидирање е првичната порака е испратена“.Стојаноски истакна дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, секојдневно ги посетува скопските општини со цел програмата да се изработи заедно со граѓаните, а подоцна истата да биде презентирана.„Денеска беше во општината Бутел, утре во општина Гази Баба, задутре доаѓа во општина Ѓорче Петров. Ќе се сретнеме со сите граѓани, ќе имаме целодневна агенда за да неговите идеи. Тоа што ние сакаме да го претставиме пред граѓаните е прво, го доближиме до нив заедно да ја направиме програмата, а потоа со неговиот лик и со програмата да излеземе пред граѓаните“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања