Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВРХОВЕН

nakje-1

Георгиев уште во станица: Ќе биде однесен пред судија за притвор, а ноќеска полицијата тресеше повеќе локации

Врховниот судија, Наке Георгиев, осомничен за примање на награда за противзаконито влијание, вечерта ја помина во полициска станица, а беше и носен на секоја локација каде беа вршени претреси. За него, се бара ефективен притвор поради тоа што, според МВР, бил затекнат на лице место како прима 10.000 евра во кеш, од страна на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за трговија со марихуана.Случајот го работеше Министерството за внатрешни работи, по претходно добиена пријава. Судијата е затекнат на лице место како прима пари, соопшти и полицијата. Уапсен е вчера околу 15 часот, а може да биде држен најмногу 24 часа. Ова значи дека до 15 часот мора да има одлука на судот - дали ќе има притвор или не.„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.„Скопје1“ веќе објави дека пријавителот е синот на Боро Стојчев.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

nakje-1

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание

Полицијата по наредба на обвинител го уапси врховниот судија Наќе Георгиев. За него, е добиена пријава за трговија со влијание, а се споменуваат и средства од 10.000 евра со кои таа цел требало да се реализира.Неофицијално, истрагата дошла до сомнежи и докази дека Георгиев за 10.000 евра требало да овозможи олесување на постапка за поранешен градоначалник од СДСМ, кој кривично се гони.Кривичното дело за кое е уапсен Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делтоо ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови - но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

51345134

Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.

Македонија | пред 1 година

51345134515

Врховниот судија бил фатен на лице место додека примал 10.000 евра - детали од МВР

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  „Примање награда за против законито влијание", велат од МВР за „Скопје1“.Тие додаваат: „Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“.Според неофицијални информации, тој бил фатен со 10.000 евра.„Скопје1“ веќе објави детали:Повеќе и на следниот линк: 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-20-at-18.33.08

Како врховниот судија се заплетка со 10.000 евра: пријавата е од роднина на ексградоначалник

Близок рoдонина на ексградоначалник кој одлежува затворска казна е лицето кое го пријавило врховниот судија, Наке Георгиев за примање награда за противзакотино влијание, дознава „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција, биле побарани 10.000 евра за да се влијае врз судска постапка однсоно за нејзино олесување во полза на ексградоначалникот.Пријавата за парите кои биле побарани стигнала полицијата, по што, во точно утврдено време и место, кога се случувало примо-предавањето, судијата бил затекнат. Во тој момент, по насоки од јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, била дадена насока на полицајците судијата да биде однесен во станица, а банкнотите да бидат одземени. Тие ќе бидат дадени на вештачење.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан. Тој ужива судиски имунитет, на кој може да се повика, а да му биде симнат само доколку така одлучи Судскиот совет. Засега во највисокото судско тело, нема закажано итна седница од страна на претседателката Весна Дамова.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат кратко од МВР.Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека акцијата е со нивна координација.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-00.09.35

Јавноста надвор: Судски совет ќе му го чува угледот на врховниот судија Георгиев, за инунитетот и притворот ќе зборуваат сами во четири ѕида

Со десет гласа „за“, членовите на Судскиот совет ја исклучија јавноста односно медиумите од седницата на која се одлучува за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев. Според мнозинството судии, на Георгиев може да му се наруши неговиот углед. Во салата беше присутна екипа на МИА, која беше отстранета.„Благодарам на јавноста, но законската обврска не дозволува понатаму следење“, рече претседателка Весна Дамева.На седницата се одлучува за симнување на имунитетот на Георгиев, по барање на Кривичниот суд, со цел определување на мерка притвор„Расправа по барање на Кривичен суд, за одземање на имунитет на судија и одобрување на притвор за судија“, рече Дамева.Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.Како што објави „Скопје 1“, Наке Георгиев, бил фатен со 10 000 евра. Тој бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај. Наводно ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-00.07.21

Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со ваква одлука ги отвори вратитњ тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.Георгиев е фатен со 10.000 евра мито, за кое според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Парите ги земал од синот на ексградоначалникот на Ново Село, кој одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.Пријавата е од синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој одлежува казна за шверц на марихуана.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

rgadfgadfa

Притвор се бара за врховниот судија Георгиев, претреси во канцеларијата во Врховен

За врховниот судија Наке Георгиев ќе се бара најстрогата мерка за обезбедување присуство, односно ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За него, точно на полноќ е закажана и седница на Судски совет, каде треба да му се симне имунитетот, за да може да се гони.„За 487-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.05.2024 година, со почеток во 24,00 часот. Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија, велат од Судски совет“, велат од Судски совет.Истовремено, траат претреси на повеќе локации, меѓу кои и во Врховниот суд односно просторијата која судијата ја користел.Георгиев е фатен со 10.000 евра мито, за кое според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Парите ги земал од синот на ексградоначалникот на Ново Село, кој одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.Тој неколку часа помина и во полициската станица Кисела Вода, каде по некое време дојде и неговото семејство и тоа - синот кој е судија и сопругата која е обвинителка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања