Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nakje-1

Полицијата по наредба на обвинител го уапси врховниот судија Наќе Георгиев. За него, е добиена пријава за трговија со влијание, а се споменуваат и средства од 10.000 евра со кои таа цел требало да се реализира.

— реклама —

Неофицијално, истрагата дошла до сомнежи и докази дека Георгиев за 10.000 евра требало да овозможи олесување на постапка за поранешен градоначалник од СДСМ, кој кривично се гони.

Кривичното дело за кое е уапсен Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делтоо ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

— реклама —

Сопругата на Георгиев е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови - но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Свет | пред 2 седмици

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 3 седмици

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 3 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања