Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
jane-cento

Јане Ченто, осуден во предметот за настаните од 27 април, повторно излезе со јавна реакција во која го оспорува начинот на кој се водел судскиот процес и улогата на судијката Добрила Кацарска. Во објава на социјалните мрежи, Ченто наведува дека се обидува да се создаде впечаток дека постапката била целосно законита и потврдена од повисоките судови, но, според него, постојат сериозни сомнежи во текот и исходот на процесот.

Тој посочува дека рочиштата траеле по 12 до 15 часа дневно, што, според него, директно влијаело врз правото на ефективна одбрана. Ченто тврди дека правично судење не смее да се претвори во „натпревар во издржливост“ и дека долготрајните и исцрпувачки рочишта оставиле сериозни последици врз обвинетите.

— реклама —

Во својата реакција, Ченто обвинува и за селективна оценка на доказите, наведувајќи дека судот прифаќал само докази што, како што тврди, одговарале на однапред изградена теза, додека другите биле игнорирани или минимизирани.

Како проблематичен го наведува и темпото на постапката, посочувајќи дека процесот се одвивал во период на значајни политички промени во државата. Според него, брзината на донесување на пресудата не била случајна, туку синхронизирана со политички рокови.

— реклама —

Ченто реагира и на ставот дека евентуалните пропусти би биле коригирани во повисоките судски инстанци. Тој потсетува дека, додека обвинетите биле во притвор повеќе од 28 месеци, барањата за одбрана од слобода биле одбивани со, како што наведува, идентични образложенија. Според него, дел од судиите кои одлучувале во втор степен подоцна биле унапредени во Врховниот суд, каде што ја потврдиле пресудата.

— реклама —

Во објавата се прави и споредба со настаните во американскиот Конгрес, при што Ченто тврди дека казнената политика во македонскиот случај била максималистичка и имала за цел да испрати порака за одвраќање од протести.

Тој посочува дека довербата во судството е исклучително ниска и дека јавноста препознава шема на притисоци, брзање во постапките и последователни унапредувања на вклучени лица.

— реклама —

„Ова е приказна за човечки судбини. Системот беше вклучен. Одлуките беа синхронизирани. А унапредувањата дојдоа потоа“, наведува Ченто во својата реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryenc60h9tepf20n5cVbC

Јане Ченто по средбата со Сиљановска-Давкова: Борбата за правда продолжува

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryl6t5lnqrrbf56oMcz8d

Ченто за гаранцијата на Богоев: Нам ни одбија гаранција од над половина милион евра, други се бранат од слобода

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl6t5lnqrrbf56oMcz8d

Јане Ченто: Ако институциите молчат, ние нема да молчиме, ќе ги објавиме сите факти и докази

Македонија | пред 1 месец

jane-cento-ruskovska

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања