Промени тема
Контакт

„Каде беше државата за нас?“ – Јане Ченто реагираше за случајот со Ива Михаилова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Коментари
media-librarygn8c9mi62evg5uxDShk

Јане Ченто реагираше на случајот со Ива Михаилова, која ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија, и направи споредба со сопственото искуство, наведувајќи дека тој и неговите блиски поминале низ осум години неправда, притвори, затвори и понижувања.

Во објавата Ченто посочува дека во случајот со Михаилова се зборува за нејзините права, заштита, безбедност и достоинство, а прашува зошто, според него, таква грижа немало за нив.

— реклама —

„Каде беше тогаш државата да се грижи за нашите права? Каде беа институциите да го заштитат нашето достоинство? Кој се запраша за нашите деца, родители?“, прашува Ченто.

Тој нагласува дека не бара сожалување или привилегии, туку одговорност за она што, како што наведува, го преживеале.

— реклама —
— реклама —

„Најголемата неправда не е само кога државата ќе ти ја одземе слободата, туку кога ќе ти одземе осум години од животот, а потоа ќе се однесува како ништо да не се случило“, наведува Ченто.

Тој додава дека изгубените години не можат да им бидат вратени, но оти одговорноста за нив не смее да се избрише. Според него, дел од институциите се однесуваат како ништо да не се случило, што го оценува како срамно.

„Тоа е суштината и тоа е мојата борба за правда“, порачува Ченто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytclh872fm1hu29ZIy2v

Јане Ченто: „27 Април“ нема да исчезне со молчење, ќе бараме правда додека не ја добиеме

Коментари | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryoe84v5696bq34RouSZZ

„Вечна слава, претседателе, твоите идеали се мои заклетви“, Јане Ченто со порака по повод 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryenc60h9tepf20n5cVbC

Јане Ченто по средбата со Сиљановска-Давкова: Борбата за правда продолжува

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl6t5lnqrrbf56oMcz8d

Ченто за гаранцијата на Богоев: Нам ни одбија гаранција од над половина милион евра, други се бранат од слобода

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања