Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нацрт-законот за заштита на лица вклучени во јавно дејствување (имплементација на ЕУ Анти-СЛАПП директивата), во јавно советување и со рок за транспонирање до 7 мај, цели да спречи тужби за замолчување на јавната расправа. Се воведуваат процесни гаранции: итно постапување, рано отфрлање на очигледно неосновани тужби со товар на докажување кај тужителот, надомест на трошоци, депозит и санкции. За злонамерни тужби се предвидуваат казни до 5.000 евра за физички и до 20.000 евра за правни лица, како и можност за објава на пресудата на трошок на тужителот. Организации го поздравуваат законот, но предупредуваат дека опфаќа само граѓански/трговски, не и кривични постапки, што може да поттикне притисок преку кривични случаи за навреда и клевета.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Кога ќе се утврди дека тужителот водел злонамерна судска постапка против лица вклучени во јавно дејствување, вклучително и новинари, судот ќе може да му изрече парична казна до 20.000 евра. Ова е една од клучните одредби од Нацрт-предлог законот за заштита на лица вклучени во јавно дејствување, со кој се имплементира европската Анти-СЛАПП директива.

— реклама —

Законот, кој е во фаза на јавно советување, треба да биде транспониран во националното законодавство до 7 мај. Во образложението се наведува дека СЛАПП-тужбите најчесто ги покренуваат моќни поединци, корпорации, лоби-групи, политичари или државни тела, со цел да се замолчи јавната расправа. Карактеристична е нерамнотежата на моќта, при што тужителот располага со значително поголеми финансиски или политички ресурси од тужениот.

— реклама —

Со новиот закон се предвидуваат посебни процесни гаранции, меѓу кои рано одбивање на тужбата како очигледно неоснована, надомест на трошоци, парични казни и други санкции. Судот ќе има обврска итно да постапува по ваквите барања, а контактна точка ќе биде Правосудната академија.

— реклама —

Меѓу најзначајните механизми е можноста за рано отфрлање на тужбата, при што товарот на докажување на основаноста ќе биде на тужителот. Судот ќе може, по завршување на претходната постапка, веднаш да одржи главна расправа и да донесе пресуда со која ја одбива очигледно неоснованата тужба.

Во случај на утврдена злонамерна тужба, физичко лице може да биде казнето со 10 отсто од вредноста на спорот, но најмногу до 5.000 евра, додека за правно лице казната може да изнесува 20 отсто од вредноста на спорот, но не повеќе од 20.000 евра. Дополнително, може да се наложи објава на пресудата во медиуми, на трошок на тужителот.

Предвиден е и депозит што тужителот ќе мора да го положи, доколку тужениот тоа го побара и судот го прифати барањето. Доколку тужителот не успее во спорот, трошоците ќе можат да се намируваат од тие средства.

Претставници на новинарски и граѓански организации ја поздравуваат иницијативата, но укажуваат на ограничувањата. Законот опфаќа само граѓански и трговски постапки, но не и кривични. Според нив, тоа остава простор за зголемување на кривичните постапки за навреда и клевета како алтернативен притисок врз новинарите и активистите.

И покрај тоа, дел од организациите оценуваат дека станува збор за значаен чекор напред во заштитата на слободата на изразување и јавниот интерес, додека ефектите од новите механизми ќе зависат од нивната практична примена во судовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања