Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

хајредини

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_4

Хајредини до Ковачевски: Ниеден премиер не отишол во РЕК Битола да се слика со трансформатор

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена беше во посета на РЕК Битола каде беше пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.„Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно.Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот КовачевскиНа социјалните мрежи реагираше Џевдет Хајредини кој вели дека досега ниту еден премиер не се сликал со трансформатор.„Ковачевски: Тоа што ветивме и го направивме, РЕК Битола е во целосна употреба.РЕК Битола 40 години бил во целосна употреба и ниеден премиер за тоа не се фалел, ниту некој министер од Скопје отишол во РЕК Битола да се слика со трансформаторот“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

hajredini2

Коментар на денот: До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Во врска со оваа тема на социјалните мрежи се огласи Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.„Нема потреба на средбата кај Рама клучна тема да бидат уставните измени, затоа што нема ниеден Албанец кој е против евроинтеграции.Против евроинтеграции се Албанците кои 20 години ја користат власта за да го крадат имотот на народот.До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам, исто како со законот за јазикот, кој, според венецијанската комисија, е неприменлив и противуставен“, вели тој.Претходно тој објави дека Рама поканил двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“.„На средбата со Рама треба да се разговара само за криминалот и корупцијата во двете земји. Ова е заедничко барање, и на Америка и на Европа.Рама покани и двајца од сторителите на криминал и корупција кои ја доведоа Македонија до „вистинска катастрофа“ (Агелер).xxxНа средбата на Рама ќе му биде потребна и поддршката од „Пионирот на отворениот Балкан“ за работите на инсинераторите“, додаде Хајредини

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите“, вели Хајредини

Eкс министерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес - конференцијата која вчера ја одржа министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново.„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“, пишува Хајредини на социјалните мрежи.Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања