Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

хајредини

655-402-zatvor

„Ако бидат осудени сите што на власт краделе, ќе има потреба да се градат модуларни затвори“, вели Хајредини

Поранешниот министер Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус дека доколку се осудат сите оние што краделе, ќе има потреба од модуларни затвори.„Ако бидат осудени сите што 20 години на власт краделе, за сместување ќе има потреба да се градат модуларни затвори“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 2 години

ali-ahmeti

Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети, вели Хајредини

Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети. Сите други он ги именува и пред него одговараат. Ова на својот фејсбук-профил го напиша Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.Тој вчера со неколку поста ја коментираше и одлуката на Стејт департментот за прогласување за непожелна личност на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговото семејство.Хајредини вчера ја искоментира и изјавата на премиерот Димитар Ковачевски: „Јас да сум на црна листа, веднаш давам оставка! Ковачевски вели дека доказите против Мерко се сериозни.Да не се тие од црна листа, во Македонија не би имале ни стабилна владина коалиција“.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини: Изборен модел како што и одговара на ДУИ, инаку паѓа влада или „војна ќе има“

Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека консензус за изборниот модел може да има само доколку сите партии прифатат тоа што и одговара на ДУИ.„До консензус за изборниот модел лесно може да дојде, само под услов сите други партии да прифатат тоа што му одговара на ДУИ, инаку паѓа Владата или “војна ќе има”“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

grubi-4

Хајредини го „закопа“ Груби: 20 години сте проневериле многу денари и ниеден од вас ниеден ден не скапел во затвор

Ако се проневери еден денар да скапеме во доживотен затвор, вели првиот вицепремиер Артан Груби. Ова се однесува за проектите за коридорите 8 и 10.Во врска со ова на социјалните мрежи свој коментар даде Џевдет Хајредини.„Ако се проневери еден денар, ако се корумпира еден од нас, тогаш да скапеме во затвор“, рече Груби.20 години сте проневериле многу денари и ниеден од вас ниеден ден не скапел во затвор“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

Kovacevski_panel

Хајредини до Ковачевски: Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка Телеком поради поткуп на државни функционери?

Џевдет Хајредини, поранешен министер за Финансии на Република Македонија, преку социјалните мрежи го праша премиерот Димитар Ковачевски кога Владата ќе го избрка Телеком.„По десетти пат, истото прашање до Ковачевски:Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја?Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.П.с.Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: “Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети “искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото.Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони.Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со ТЕЛЕКОМ, од каде Вие сте дојдени, не може да биде “препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

hajredini2

Колку поголема е помошта на “нашите меѓународни пријатели” – сè поголема е корупцијата во Македонија, вели Хајредини

Поранешниот министер Џевдет Хајредини повторно се огласи на социјалните мрежи во врска со корупцијата во Македонија.„Колку поголема е помошта на “нашите меѓународни пријатели” – сè поголема е корупцијата во Македонија“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

hajredini-ageler-696x392-1

Хајредини до Агелер: Толку ли е тешко да прашате во судот во Њујорк кои се политичарите од Македонија кои примиле милиони евра мито од Дојче Телеком?

Џевдет Хајредни преку социјалните мрежи и постави прашање на американската анбасадорка Агелер во врска со случајот со Дојче Телеком.„После интервјуто на тв. АЛСАТЕдно прашање до амбасадорката на САД, госпоѓа Анџела Агелер:Толку ли е тешко во окружниот суд на Њујорк да прашате кои се политичарите, високи државни функционери на Македонија, на кои директорите на Дојче Телеком и Маѓар Телеком, им исплатиле повеќе милиони евра мито, за што судот и ги осудил?“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини: Али Амети, како најкорумпиран, самиот стои на чело на структурираната криминална група

Џевдет Хајредини објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека Али Ахмети е најкорумпиран, и стои на чело на структурирана криминална група.„Никој никогаш не бил и е денес против коридорите 8 и 10. Оние што досега не ги изградиле нека одговорат. За 20 години не можат да се изградат ни 2 км.Али Амети, како најкорумпиран, самиот стои на чело на структурираната криминална група. Доволно е само да се спомене аферата Телеком“; вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

20230307213535

Хајредини до премиерот: Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости!

Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи го искритикува премиерот Димитар Ковачевски за неговата изјава во која вели дека кој што сака може да прави во својата канцеларија.„Ковачевски: Кој што сака може да прави во својата канцеларија.П.с Дури и да можат, премиере, нe би требало да прават баш сè.Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а се додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости!Лани по еден, годинава се случуваат по два скандали дневно“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

struja-585x447-1

Коментар на денот: Наши министри отидоа да бараат храна и енергија, а ниеден министер од соседните држави не дојде во Македонија да бара било што

Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека не е вистина дека нашата влада дала најенергичен дговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза.„Не е вистина дека "нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза", напротив, вистина е дека наши министри отидоа во сите соседни земји да бараат храна и енергија, додека ниеден министер од соседните држави не дојде во Македонија да бара било што“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

sudija

Коментар на денот: Нема судии на ВМРО и на СДСМ – тие се секогаш со тие што се на власт

Џевдет Хајредини, на социјалните мрежи ja цитираше професорката Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.„Ние немаме судии и обвинители кои припаѓаат на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Тие се секогаш на оние кои се на власт, , вели професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини му го „плесна“ и на Ескобар: Знаат и вашите амбасадори, проблемот е што во Македонија корумпирани се и владата и обвинителите

Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини објави статус на социјалните мрежи преку кој го искритикува специјалниот пратеник на САД за Балканот Габриел Екосбар"...би ја охрабрил Владата на Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата – рече Ескобар".хххГ.Ескобар, проблемот е што во Македонија и во другите земји во регионот корумпирани се и владите и обвинителите. Тоа го знаат и вашите амбасадори“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Хајредини со две прашања до Агелер: Дали и натаму важи Вашата оценка дека земјата се наоѓа во вистинска катастрофа?

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини и постави прашања на амбасадорката на САД, Анџела Агелер.„Две прашања за амбасадорката на САД, Анџела Агелер:1.Дали и кога ќе знаеме за наодите на Тимот за санкции од Вашингтон кој, на покана на Бујар Османи, неколку дена престојуваше во Македонија?2.Дали и натаму важи Вашата оценка дека земјата според криминалот и корупцијата се наоѓа во вистинска катастрофа?“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

hajredini2

Хајредини: Од решението на Судот во Стразбур, СДСМ може да биде задоволен само поради тоа што и ВМРО нема причина да се радува

Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини на свој начин ја коментира одлуката на судот во Стразбур:Од решението на Судот во Стразбур, СДСМ може да биде задоволен само поради тоа што и ВМРО нема причина да се радува.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Хајредини: Софија го понижи македонскиот народ, не ги понижија само Заев, Бучковски и Османи

Поранешниот функционер и аналитичар Џевдет Хајредини на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Бугарија го понижила македонскиот народ.„Официјална Софија го понижи македонскиот народ.Договорот за пријателство, добрососедство и соработка остана само со Заев, Бучковски и Бујар Османи. Само нив не ги понижија“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања