Џевдет Хајредини, поранешен министер за Финансии на Република Македонија, преку социјалните мрежи го праша премиерот Димитар Ковачевски кога Владата ќе го избрка Телеком.
„По десетти пат, истото прашање до Ковачевски:
Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја?
Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.
П.с.
Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: “Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.
Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети “искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото.
Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони.
Уште нешто: Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со ТЕЛЕКОМ, од каде Вие сте дојдени, не може да биде “препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате“, вели Хајредини.