ЖАН МИТРЕВ

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година скоро 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“ Клиника со народни пари, вели Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе серија обвинувања на адреса на поранешната власт на СДСМ, тврдејќи дека за време на мандатот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче значително бил зголемен буџетот што државата го префрлала кон приватната Клиничка болница „Жан Митрев“.Петрушевски изјави дека последните случувања и јавното сведоштво на докторот Жан Митрев, според него, го разоткриле начинот на функционирање на тогашната власт предводена од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев. Тој обвини дека здравствениот систем бил користен како алатка за притисоци, уцени и финансиски интереси, на штета на граѓаните.Според податоците што ги презентираше Петрушевски, во 2015 година, кога СДСМ бил во опозиција, буџетот што државата го издвојувала за Клиничката болница „Жан Митрев“ изнесувал 361,6 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра. По доаѓањето на СДСМ на власт, средствата, како што тврди, континуирано се зголемувале.Во 2017 година буџетот пораснал на 406,6 милиони денари, во 2018 година на 457 милиони, а во 2019 година достигнал 612 милиони денари. Кулминацијата, според Петрушевски, била во 2020 година, кога, во периодот кога министер за здравство бил Венко Филипче, кон клиниката биле префрлени 682 милиони денари, или речиси 11 милиони евра, што претставува речиси двојно зголемување во однос на 2015 година.Тој додаде дека високите трансфери на средства продолжиле и во следните години, со 602 милиони денари во 2021 и 2022 година, околу 548 милиони во 2023 година и 515 милиони денари во 2024 година. Првото, како што рече, значително намалување на средствата било забележано во 2025 година, кога сумата изнесувала околу 479,8 милиони денари, по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ.Петрушевски оцени дека овие бројки, според него, јасно укажуваат на фаворизирање на приватната клиника со народни пари во периодот кога СДСМ бил на власт. Тој постави прашање дали овие трансфери имале за цел да се намали вредноста на болницата заради можен влез на Филипче во приватниот здравствен сектор и побара одговорност и истрага од Јавното обвинителство за, како што наведе, сомнежите за криминал и злоупотреба на службената положба.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Филипче и Заев сакале да му ја одземат болницата на Жан Митрев, сведоштвата на Жан Митрев мора итно да ги провери обвинителството, вели Стојаноски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска јавно реагираше на тврдењата изнесени од Жан Митрев, кој во гостување во емисија на национална телевизија обвини за сериозна и груба злоупотреба на власта од страна на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.Според Стојаноски, сведоштвото на д-р Митрев отвора сериозни сомнежи дека во периодот кога СДСМ ја имаше целосната власт, биле вршени силни институционални притисоци со цел одземање на приватната болница „Жан Митрев“. Како што посочува пратеникот, д-р Митрев директно ги именувал Заев и Филипче како лица кои стоеле зад притисоците.Според изјавите на Митрев, притисоците се случувале токму во периодот кога против него се водел активен судски процес, што, како што оценува Стојаноски, дополнително ја зајакнува тезата за политичка злоупотреба на правосудните и извршните институции. Во тој период, преку државните институции му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно му била изречена и забрана за продажба на удели во клиниката.Стојаноски потенцира дека особено загрижува фактот што, само една недела по наводното барање од страна на Заев и Филипче за откуп на болницата, Јавно обвинителство ја повлекло забраната за продажба на удели. Со тоа, според него, било овозможено купување на удели во болницата, што претставува директен доказ за политички притисок врз обвинителството и злоупотреба на институциите.Дополнително, како што пренесува Стојаноски, д-р Митрев тврдел дека му била понудена и спогодба – доколку ја продаде болницата по значително пониска цена од пазарната, тогаш ќе му биде помогнато да се ослободи од обвиненијата. Овие наводи, според пратеникот, претставуваат класичен пример на уцена и тргување со влијание на највисоко политичко ниво.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ваквите тврдења не смеат да останат само медиумски сензации и дека Јавното обвинителство мора итно да отвори постапка и темелно да ги испита сите наводи. „Доста е со заштита од одговорност. Време е Венко Филипче и Зоран Заев да одговараат за секој еден криминал и злоупотреба на власта во изминатите осум години“, порача Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања