(Видео) Ужасни снимки од пожарот во Жданец: Пламенот се гледал од повеќе делови на Скопје
Ужасни се снимките на кои се гледа како гори бараката во скопската населба Жданец, каде подоцна беше пронајден мажот кој не успеал да се спаси. Огнот брзо се проширил, поради што соседите не можеле да реагираат и да помогнат во гаснењето, бидејќи кога го забележале пожарот, веќе било предоцна. Пламенот се гледал и од повеќе делови на Скопје.Полицијата извести дека пожарот избувнал на 14 ноември, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“, а ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец.
Скопје | пред 1 седмица