ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
Marija-Miteva-14.06.2022

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција побара јавни и транспарентни одговори од градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, во врска со стекнување имот во елитниот дел на општината.

— реклама —

Митева изјави дека прашањата кои ги упатуваат до Јакимовски не се само политички, туку и морални и институционални по својата природа, бидејќи, како што рече, се однесуваат на довербата што граѓаните му ја дале, а која, според неа, очигледно е злоупотребена.

— реклама —

– Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје – изјави Митева.

— реклама —
media-libraryi7v5lil5vsrf7HivlnP

Таа праша и како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски да станат градежно земјиште, со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.

– Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога и до каде е постапката? – праша Митева.

Дополнително, таа праша дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција.

– Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно – изјави Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 4 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања